Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Уште најмалку пет години нема подобар живот за Македонците

Низок раст на економијата за земјава проектира ММФ се' до 2015 година, а експертите велат дека со ваков раст нема подобар стандард

Соња Маџовска

Последните прогнози на Меѓународниот монетарен фонд говорат дека македонските граѓани и во наредните пет години нема да имаат повисок стандард. Низок раст на економијата за земјава проектира ММФ се' до 2015 година. Па, така, за годинава се предвидува растот на македонската економија да биде два отсто, за 2011 година да изнесува три проценти и во 2015 година се прогнозира да биде четири отсто.

Тоа значи дека македонските граѓани нема да имаат повисоки плати и повеќе вработувања. Според аналитичарите, една земја треба да има одржлив економски раст најмалку од шест до осум отсто неколку години за да го почувствуваат тоа и граѓаните.

Раст помалку од шест отсто не носи подобар стандард, вели професорот Абдулменаф Беџети. „Би биле среќни доколку не се влошува стандардот на македонските граѓани. Со овие стапки на економски раст не може да се очекува подобар живот за граѓаните. А ако се додадат и другите аспекти, како што се политичките, демократските и социјалните фактори, може да биде и полошо. Нема поместувања во приближувањето на Македонија кон Европската унија и кон НАТО, а тоа е услов економијата да тргне напред. Врз основа на околностите не може да се очекува економски раст што би генерирал и подобар живот. Секоја стапка на раст помалку од шест отсто не дава ефекти, односно мала стапка на раст не мултиплицира развој“, вели Беџети.

Опозицијата смета дека земјава е заглавена од сите страни, политички и економски, никако не се поместува од мртва точка. „Мислам дека предвидувањата за годинава, дека економскиот раст ќе биде два отсто, се амбициозна процена. Веројатноста е голема таа стапка да не биде остварена. Последните прогнози на ММФ за македонскиот раст до 2015 година покажуваат дека ќе имаме стагнација. Македонија е заглавена и политички и стратегиски. Земјава не се наоѓа ниту на колосекот на ЕУ, ниту на НАТО, ниту на странските директни инвеститори, па затоа ќе останеме таму каде што сме. Со овие политики на подолг рок нема подобар живот за македонските граѓани“, вели потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.

Тој најави дека на претстојните разговори со ММФ ќе го отворат прашањето за минатогодишната стапка на раст. „Претстојната мисија на ММФ е многу важна за да се разјаснат многу прашања. На пример, како што се случи во последните два месеца од 2009 година, за македонската економија, макар и статистички, да излезе од рецесија. Минатата година падот на БДП беше 0,7 отсто, а во декември лани ММФ прогнозираше дека тој ќе биде 1,3 отсто. Што се случи за падот да биде многу помал. Како е можно да има толкава разлика“, вели Јовановски.

Во најновиот извештај за состојбата на светската економија ММФ оцени дека глобалната економија закрепнува од рецесијата побрзо отколку што се очекуваше, но оти итните мерки за спасување ја влошиле состојбата на јавните финансии, така што земјите се подложни на нови кризи. Прогнозата и натаму е невообичаено несигурна, соопшти ММФ, додавајќи дека ризиците се движат кон пад и оти најмногу загриженост предизвикува можноста за зголемување на јавните долгови.

Сепак, ММФ излезе со пооптимистичка прогноза за растот на светската економија за оваа година. Фондот ја зголеми прогнозата за 0,3 отсто и предвидуваат растот на светската економија да достигне 4,2 отсто. Во 2011 година се очекува благо забрзување на растот до 4,3 проценти. За Источна Европа се прогнозира раст од 2,8 отсто, меѓу кои најголема стапка се очекува да оствари Турција од 5,2 проценти, а најголем пад Летонија од четири отсто. Азија е лидер во заздравувањето, а САД ќе закрепнуваат подобро од Европа и од Јапонија. Кинеската економија ќе расте најбрзо, за 10 отсто во оваа година и 9,9 отсто во следната година, а силен раст се предвидува и во Бразил, Индија и во Индонезија.


#
Статијата е прочитана 1519 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 23.04.2010 00:57:37
Tokmu taka, i toa najmalku 5 godini. No problemot e ako vaka prodolzime, lesno tie 5 godini ke se pretvorat vo "slednite 50 godini" ili so drugi zborovi ke vlezime vo totalno neizvesen period so neizvesna i nejasna idnina.Promeni i toa radikalni se potrebni vednas, i toa ne da se baraat soveti i strucnjaci od nadvor, nego da se mobiliziraat ovdesnite najkvalitetni kadrovski/covekovi resursi koj hitno treba da izrabotat drzaven plan i strategija kako ke se organizirame i rabotime. Plan i strategija koja ke bide adekvatna za nasi potrebi i nasi moznosti, a ne teorii bazirani na nekakvi si "svetski iskustva" prepisani i vadeni od kontekst. Samo ubavo zvucat,a nisto ne znacat i nisto ne resavaat.Pametni luge ima vo drzavava, samo sto se sutnati na strana, no tuka se i mozat da doprinesat.
Од: Жарко Арнаудовски
Датум: 23.04.2010 02:22:41
Секој поминат ден со овие на власт е измачување за сите нас.Колку побрзо си одат тоа подобро за Македонија.
Од: Песимисти до крај
Датум: 23.04.2010 07:39:17
Ха-ха-ха... Ваквите песимистички изјави на опозицијата само покажуваат дека ни тие самите не се убедени дека можат да победат на следните редоввни или воредни парламентарни избори !?!?!?
Од: Посветла Иднина
Датум: 23.04.2010 10:56:28
Рооозови очилааАаа...!!! Розово-портоколаднииии...!! Во сите боииии!! Навали Народеее!!! Нааавааллии...!!! За да се усреќишшш и да ги здогледаш убавинитеЕее! Ма каква Азија,какви бакрачи?! Ние сме Лидерите во заздравување на економијата, А најбргу од сите, економски, ни заздравеа „Лидерите“! Особено оние „нашите“! Секоја година економијата ни „Расте“за „цели“ 2%,со заслуга на проектот „Весели Цветови“...упс... „Скопје 2014“...а до 2024 ќе цветаме со расцветани паричници!ПортокалБладата секоја година ни ги зголемува Платите,а особено Пензиите!Еве ќе се приклучам на пијачите Портоколада: До 2050-та,ако ги изгласате повторно,економијата ќе почне да ни расте за цели 20,30,40 отсто!Што?!Има нули зад бројките?!МааАа...Неее...!Тоа ви е од Очилата! Ш`о?! Не гледате? Затемнети се?!Ма не... тоа е Поради ТемноПортокаловата боја! :)
Од: Трпе
Датум: 23.04.2010 11:26:25
Хахахаха уште колку пати по 5 години.Како да нема песимизам кај народот ,кој гледа како напредува опкружувањетоМоже да биде оптимист ,само некој кој нема излезено од државата и носи портокалови очила.Штета што сите не носат затемнети очила.Земаме најниски плати а плакаме производи по европски цени,струја,бензин а и храната баш не се разликува.Во Србија и Албанија месото е поефтино.Купуваме половни коли кои излегуват по многу повисоки цени од бугарските,албанските,хрватските.
Од: don kihot
Датум: 23.04.2010 12:26:01
Sekoja opozicija do sega imala pravo i realno gledala na rabotite.No vo seto ova Makedonija ima seriozen problem, koga opozicijata stanuva pozicija.Togas se menuvaat samo foteljite i se tera se po staro.Ili potocno pozicijata si ostvaruva profit samo za nejzinata odbrana grupa na luge, a drugiot tabor mizeruva.Toa se dolzi na politickoto vlianie vrz ekonomijata, ili mesanje na politikata vo biznisot.Ne uspeavme da izgradime edno opstestvo koe ke ovozmozuva ekonomski razvoj i podobra idnina za site i za nasite pokolenij,.tokmu zaredi ovaa pogresna postavenost veke 20 godini.Inaku bez vlez vo NATO i EU, nasite sansi se skoro nikakvi za nekoj napredok vo dogledno vreme, ova e vprocem i poslednata karta na koja mozeme da se nadevame za nekakov napredok, se drugo e iluzija koja ke ne cini mnogu.
Од: niki
Датум: 23.04.2010 15:05:46
koga jas bi bil PRMIER. 1-bi mu garantiral na sekoj onoj koj ke izgradi bilo kakov objekt kade ke vraboti lica ne treba da go dokazuva potekloto na parite. - so toa :imam objekt ,znaci gi imam parite tuka , ke ima vrabotuvanje ke se zgolemi potrosuvackata i ekonomski ke se zajakne drzavata .mislam deka za tri godini ke izlezeme od ekonomska kriza. Pa zarem ne bilo taka vo cel svet .Kako inaku bi imale poedinci koi ke vrabotuvaat pogolem broj na rabotnici. Zosto ne bi go iskoristile ova.

Најди! во Утрински
Економија
Ставрески на пролетните средби на ММФ и СБ
Власта призна дека доцни повратот на ДДВ
Македонија исплива од кризата, но останува непривлечна за инвестирање
За сиромашните од септември по 10 евра за струјата
Граѓаните сакаат да купуваат од фотелја
Еврото скапо ги чини Европејците
Откази за половина милион британски службеници?
Поштарите добија повисоки плати
Можно е земјата да почне да доцни и со ратите за обврзниците?
Грчките дупки уште подлабоки