Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Економија

Власта призна дека доцни повратот на ДДВ

Според бизнисмените, државата има кусок пари, па ги користи нивните пари за покривање на буџетските дупки

Александрија Стевковска

Дел од фирмите се' повеќе тонат во сопствената неликвидност, останувајќи без пари и без можност за нормално работење. Причина за лошата финансиска состојба во која запаѓаат дел од компаниите е доцнењето на повратот на ДДВ од страна на државата. Фирмите обвинуваат дека со тоа практично им се врзуваат рацете, бидејќи се оставени без и онака малкуте финансии што ги „вртат“ за натамошното свое функционирање.

Според бизнисмените, кои се плашат да проговорат јавно, тоа јасно покажува дека државата има кусок пари во буџетот, па нивните пари ги користи за покривање на буџетските дупки, туркајќи ги кон пропаѓање.

Управата за јавни приходи, која е надлежна за повратот на ДДВ, демантира дека има какво било доцнење во враќањето на средствата во фирмите по оваа основа. „Барањата на даночните обврзници за враќање на ДДВ што се доставуваат до УЈП, редовно се сервисираат од страна на даночната администрација и се доставуваат на реализација. Постапката за враќање на ДДВ може да биде пролонгирана од страна на УЈП, доколку кај даночниот обврзник се спроведува ДДВ-контрола. Од аспект на своето работење, УЈП ги запазува роковите за завршување на постапката за враќање на ДДВ“, информираат од Управата.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, вчера потврди дека има доцнења во исплатата на повратот на ДДВ за фирмите, но, како што вели, тоа не било драстично. „Постојат фирми каде што има доцнење на повратот на ДДВ, што не го спориме, но износот не е драстичен, барем според податоците со кои располагам“, изјави вчера Пешевски. Тој посочи дека за ДДВ се надлежни Министерството за финансии и УЈП, но, како што нагласи, според информациите од нив, доцнењето на повратот на ДДВ за фирмите во просек е неколку дена.

Наспроти официјалните информации, неофицијално дознаваме дека во првите три месеци годинава во стопанството по овaa основa се вратени 1,5 милијарди денари помалку, споредно со истиот период лани. Според Министерството за финансии, таа разлика е многу помала и изнесува 800 милиони денари. „Исплатата на обврските кон прив��тниот сектор се одвива со предвидена динамика. И покрај тешките околности поради светската економска криза, Македонија е земја во која повратот на ДДВ кон фирмите се врши во најкус можен рок, споредено со која било земја од регионот и пошироко. За појасна слика, ако во Македонија повратот на ДДВ се врши за 30 дена, во регионот овој рок е во просек над 60, а некаде и над 90 дена. Само од почетокот на годинава досега државата вратила во стопанството по основ на ДДВ 4,2 милијарди денари, или околу 70 милиони евра“, велат од финансии.

Стопанствениците, пак, се се' погласни во изразувањето на своето незадоволство од ваквиот однос на државата спрема нив. Државата им враќа ДДВ на фирмите на месечно, тримесечно и на годишно ниво. Неофицијално, најмногу се доцни кај годишните обврзници.

Жалбите дека се доцни со поврат на ДДВ следуваат по барањата државата навреме да ги намирува долговите кон фирмите по сите основи. „Едно од најчестите барања што ги упатуваме до Владата е почитување на законскиот рок за поврат на ДДВ, согласно со категориите во кои се наоѓаат субјектите. Во последно време има реакција на некои наши членки дека има доцнење на повратот на ДДВ. Најчесто станува збор за доцнење од 15 или 30 дена, но и повеќе“, вели извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов. Според него, најчестите оправдувања за доцнењето се додатните проверки или административните причини.

И Стопанската комора почна интерна операција за да ја утврди фактичката состојба со долгувањето на државата кон фирмите, по се' почестите нивни реакции дека државата потфрла со враќањето на парите од наплатата на ДДВ. „Имаме индиции дека има случаи на задоцнето враќање на ДДВ. Последните две недели неколку компании кажаа дека во законскиот рок не им биле исплатени средствата по оваа основа. Комората ќе провери кај сите 15.000 компании-членки како тече сервисирањето на повратот на ДДВ, а потоа ќе побараме објаснување од УЈП“, најави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.


#
Статијата е прочитана 881 пати.

Испрати коментар

Од: Student
Датум: 23.04.2010 01:22:23
Ako drzavava nema 5 milioni evra da vrati znaci deka e debelo u bankrot
Од: Kimov
Датум: 23.04.2010 04:21:15
Nitu vo Amerika vlasta ne vraka pari na firmite mozi samo da gi opsiguva za narednoto vreme da ne plakaat.
Од: Sale
Датум: 23.04.2010 07:50:30
Koj smee neka odi sam neka si go pobara/zeme. Drzavata edino moze da prati inspektori na raka da mu go donesat. No togash toa ke i bide posledno DDV na firmata
Од: Znalec
Датум: 23.04.2010 08:00:26
Не само што доцни власта туку и застрашува па никој не смее да побара од власта да му се вратат парите ( освен ако не е нивни привезок), затоа што потоа одат цели истраги со задолжителни тормозења и казни. Демократија колку сакаш!!? А фирерчето продолжува да ги гази стоте чекори.Ужас е во државата.Дали невмровските бизнисмени ќе може да опстојат.Дали ова е порака - сите во ВМРО-ДПМНЕ.Вака држава не се прави - ниту племе!.
Од: jovan
Датум: 23.04.2010 09:02:04
Drzavata tesko vraka pari,a naplatuva golemi zatezni kamati ako ne platis nekoja davacka na vreme.Kade se parite sto ni gi zede za "PATRIOTSKITE'' fiskalni aparati.Gi nema nikade.
Од: jimmy1
Датум: 23.04.2010 09:39:41
A dali ke bidat kazneti za toe sto docnat?? kako sto tie gi kaznuvaat site sto zakasnale so dokumentite za danok. Za da gi platat kaznite neka gi prodadat stanovite i biznisite sto gi imaat steknato so nasi pari.

Најди! во Утрински
Економија
Ставрески на пролетните средби на ММФ и СБ
Уште најмалку пет години нема подобар живот за Македонците
Македонија исплива од кризата, но останува непривлечна за инвестирање
За сиромашните од септември по 10 евра за струјата
Граѓаните сакаат да купуваат од фотелја
Еврото скапо ги чини Европејците
Откази за половина милион британски службеници?
Поштарите добија повисоки плати
Можно е земјата да почне да доцни и со ратите за обврзниците?
Грчките дупки уште подлабоки