„’Македонска пошта‘ минатата година првпат остварила добивка од 37,5 милиони денари, како резултат на зголемениот обем на услугите и заштедата во расходите“, информираше вчера директорот Ејуп Рустеми на прес-конференција на одбележувањето на Денот на поштенските работници. Остварената добивка доаѓа по неколкугодишното работење со негативен финансиски резултат, а само минатата година компанијата ја заврши со загуба од 40,2 милиони денари. Како прв чекор во профитабилното работење е зголемена платата на поштарите, а 15 најдобри од нив вчера беа наградени. За 2010 година, Ристеми најави целосна автоматизација на единиците на поштенската мрежа и воспоставување целосен он-лајн режим на работа, формирање служба за следење на квалитетот на услугата, како и самостојна служба за внатрешна ревизија, приклучување кон меѓународната електронска мрежа за трансфер на пари.
За приватизацијата на „Македонска пошта“, директорот Рустеми вчера истакна дека нема ингеренции самостојно да одлучува и да презема какви било чекори. (МИА)
Зошто не објавите колку е платата на еден поштар. Тогаш ќе видите дека таа изнесува до сега на ниво на ПРОСЕЧНА РЕПУБЛИШКА ПЛАТА а сега сигурно и повеќе, па споредете ја таа плата со платата на еден доктор по општа пракса и ќе видите дека е истаЧ едниот е со факултат 6 г. , да не зборувам за тежината и одговорноста на секојдневната работа, а другиот со 3 или 4 г. средно образование , без никаква тежина и одговорност. На докторите им се намалуваат платите, а на поштарите се зголемуваат!? И ова ти е некаква правда и држава!!!!!!!!И после плукајте по докторите секојдневно! Многу работи потекнуваат од никаквиот статус што го имаат!
Од: јас
Датум: 23.04.2010 11:07:14
Како не ќе забележат профит, кога ги дерат граѓаните ?! Ако пакетот не е испорачан кај примачот , поради тоа што поштарот го фрлил некаде ливчето за прием на пакети и пакетот се врати назад на испраќачот, испраќачот плаќа уште една поштарина за да си го земе назад пакетот!!!!! НЕВИДЕН РЕКЕТ !!!Мене ми се има случено на стари муштерии на кои сум му праќал можеби пред тоа 20 пати пакет, да ми се врати пакет со назнака НЕПОЗНАТА АДРЕСА !!! Па кого фарбаат поштариве ?!
Од: Klime3
Датум: 23.04.2010 11:19:34
Kako nema da ima zgolemuvanje na platite,koga edna pratka od Kriva palanka do ohrid patuvashe 10 dena,a sega istata pratka stignuva za 9(devet)dena.Bravo za napredokot vo organizacijata na sekojdnevnoto rabotenje.