Број 3177  среда, 06 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Пред Божик, за Божик - кај и да си, дома да си

Со богата посна трпеза и бадниково лепче, со паричка во топла семејна атмосфера, вечерва се слави Бадник, ден спроти големиот христијански празник

Христос се роди, навистина се роди - е традиционалниот поздрав што се разменува на 7 јануари, денот на Христовото рождество, празникот над празниците. Вечерта спроти Божик, на Бадник, семејството останува дома и се собира на заедничка вечера на богата, посна трпеза со која завршуваат божикните пости. Централно место на трпезата го има лепчето со паричка, а се верува дека оној на кого ќе му падне паричката ќе го следи среќа и бериќет во текот на целата година. На трпезата вообичаено се наоѓа од се' по нешто. Покрај лепчето, дел од празничната вечера се и посни сарми, риба, гравче, пита, компири, пиперки, баклава, смокви, урми, ореви, костени, тиква, овошје...

Рано наутро на Бадник децата одат по куќи и пеат коледарски песни со што го најавуваат Христовото раѓање, а од домаќините добиваат дарови. Вечерата започнува со благослов од страна на домаќинот, кој потоа го крши лепчето со паричка на толку делови колку што има членови во семејството, плус по еден дел за Бога и еден за куќата. На Бадник во оган се става да изгори и бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, што е симбол на здравје на сите членови на семејството преку целата година.

ПРЕДЛОГ-РЕЦЕПТИ ЗА ПОСНА ТРПЕЗА

Гравче-тавче

Потребно е: 500 г грав, 3 главици кромид, 1 чешне лук, 1 домат, 1 супена лажица црвен пипер, 20 грама масло, малку нане, сол и црн пипер.

Подготовка: Се вари гравот. Се пропржува кромидот и му се додава домат, лук и црвен пипер. Потоа заедно со гравот се става во тепсија, се посолува, се става малку црн пипер и нане, се промешува, а одозгора се додава кромидот исечен на кругови. Вака подготвениот грав се пече во рерна додека убаво да порумени. Се служи топол.

Макало

Потребно е: 5 компири, 300 г суви пиперки од низа, сол, масло.

Подготовка: Се варат компирите и сувите пиперки. Потоа сварените компири се пасираат, а пиперките се лупат. Се додава малку од водата во која се вареле, се посолува и се промешува. На крајот се потура со врело масло.



Пржен кромид со буковка

Потребно е: 4 главици кромид, 2 домати, 400 г печурки буковка, 1 кафена лажица црвен пипер, црн пипер, сол, масло, малку вода (половина филџан за кафе).

Подготовка: Се сечка кромидот и се пропржува. Му се додаваат сечканите домати и печурки и се остава да се допржи. На крај се додаваат црн и црвен пипер, сол и половина филџан вода. Се остава да прокрчка и да згусне. Се служи топло.



Посно тавче со ориз и риба

Потребно е: 300 г ориз, 400 г риба бакалар, 2-3 главици кромид, 2 црвени пиперки, 50 г печурки буковка, сол, магданос, зачин, црн пипер, буковец, 300- 400 г вода.

Подготовка: Се сече рибата, се валка во брашно и сол и се пржи. Се вари исчистениот и измиен ориз на тивок оган. Кромидот и пиперките ги сечкаат и се пропржуваат, а потоа се додаваат и печ��рките буковки. Потоа ги префламе во тава во која се додава и сварениот ориз. Се додава околу 300- 400 г вода, сол, зачин, црн пипер и сува пиперка толчена (или издробена). Вака подготвената тава се пече на 250 степени околу 30 минути.



Посна салата

Потребно е: 1 компир, 1 морков, 1 цвекло, 2 кисели краставички, 100 г грашок, 1 праз, сол, масло, црн пипер и јаболков оцет.

Подготовка: Се варат компирот и морковот. Се додаваат цвеклото и грашокот. Потоа зеленчукот се сечка и се става во еден сад. Се додаваат сол, масло и јаболков оцет.

Посна сарма

Потребно е: 1 кисела зелка, 3- 4 парчиња праз, 300 грама ориз, 2 суви пиперки, 1 супена лажица црвен пипер, сол , црн пипер и масло.

Подготовка: Празот се сечка на ситни парчиња и се пржи. Му се додава ориз, суви пиперки, црвен пипер, сол и црн пипер по желба. Од оваа смеса се виткаат сарми, се потураат со расолница и се варат на тивко околу 2 часа.



Посни ванилички

Потребно е: 150 г мармалад од кајсии, 80 г мелени ореви, 200 г брашно, 100 г шеќер во прав, 1 ванила, 200 г маргарин.

Подготовка: Во подлабок сад се става маргаринот, се додава шеќерот во прав и се мати со миксер додека не стане пенесто. Потоа се додаваат ванилата и брашното и убаво се промешува, па се ставаат мелените ореви. На работна маса се става брашно и се расукува тестото. Со калап или со чаша се вадат тркалезни фигури, се ставаат во плех и се печат на 200 степени додека да поруменат. Кога ќе се изладат се мачкаат со мармаладот и се лепат со друга фигура. Одозгора се посипуваат со шеќер во прав.

Печена тиква

Потребно е: 1 тиква, малку шеќер и вода.

Подготовка: Тиквата се мие и се сече на покрупни парчиња. Се става во плех и се додава малку вода, а врз парчињата тиква се става малку шекер. Се пече во загреана рерна додека не порумени и не стане мека. Се служи изладена.



Посни колачи

Потребно е: 500 г, 1 квасец, 2- 3 супени лажици шеќер, 1 лимон, 1 ванила, 2 чаши масло, 1 чаша топла вода, 1 тегла мармалад, 1 пакетче шеќер во прав.

Подготовка: Брашното се става во подлабок сад, се додава квасец и 2-3 супени лажици шеќер, малку рендана кора од лимон, ванила, масло и топла вода. Се замесува тесто и се остава да скисне. Потоа се прават во форма на кифла, а на средината се става од мармаладот и се витка. Готовите кифли се ставаат во подмачкан плех и се печат на 200 степени 30 минути, а потоа се валкаат во шеќер во прав. (www.gotvisam.mk )


#
Статијата е прочитана 1688 пати.

Испрати коментар

Од: vanco
Датум: 07.01.2010 00:13:10
Bog ne ni daril nasmevki bez solzi, pat bez trnje, radost bez taga...no ni daril... ljubov kon lugeto vera vo zivotot i nadez vo vecnosta... Srekata niz zivotot neka ne vodi... Sreken vi Bozik Hristot se RODI....!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Кој се плаши од Уставен суд?
Лекарката од „Фејсбук“ доби отказ
Лакрдија со вода
Патот на Истанбул до европска престолнина на културата
Без паника, полицијата ќе толерира алкохол до 0,5 промили
Името - на полпат или на крстопат
Светот ќе ги следи економските сигнали од САД
Православните денес го слават Бадник, а утре Божик
Елко, елко, порасни уште две-три педи...
Пензионерите се побунија, па добија пензија
Карикатура
Попот од Стaравина должи 10.000 евра за персонален данок
Ставрески го прозва Гошев, банките пресметуваат
Изгубениот дух го бараат во „Свети Јован Бигорски“