Број 3177  среда, 06 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Без паника, полицијата ќе толерира алкохол до 0,5 промили

Одредбата за 0,1 промил важи само за професионалните возачи и за почетниците

Стравот кај возачите околу измените во Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата, според кои, им се дозволува само 0,1 промил алкохол во крвта, се испостави дека е лажна паника. Од МВР укажуваат дека станува збор за погрешно толкување на Законот и дека спорната одредба важи единствено за професионалните возачи, додека кај обичните возачи и натаму ќе се толерираат до 0,5 промили. Со измените што минатата недела беа изгласани во Собранието, а кои почнуваат да важат од денес, се воведуваат и степени на казнувања во однос на нивото на алкохолизираност кај возачите.

„Измените во Законот важат само за професионалните возачи, односно вработени како возачи во фирми и организации, таксистите, возачите во јавниот превоз, шоферите на камиони и автобуси, лицата што обучуваат возачи, возачите почетници и слично. Кај нив нема да се толерира нивото на алкохол во крвта да биде повисоко од 0,1 промил“, ни изјави Кузман Дамчевски, виш полициски советник во Секторот за сообраќајни работи во МВР. Доколку кај ова категорија возачи бидат измерени од 0,1 до 0,5 промили - тогаш им следува парична казна од 200 евра и тримесечно одземање на возачката дозвола.

Дамчевски појаснува дека за возачите - аматери што имаат положено возачки испит од категорија Б, и натаму важат досегашните закони, со кои полицајците толерираат до 0,5 промили. Новина е и тоа што од денес ќе важат различни казни според степенот на алкохолизираност кај возачите.

„Возачите кај кои ќе бидат измерени од 0,51 до 0,99 промили, ќе бидат казнети со 250 евра и прекршочна пријава за одземање на возачката дозвола во период од три до шест месеци. За оние кај кои алкотестот покажува од 1 до 1,5 промили е предвидена казна од 300 евра и одземање на возачката дозвола од шест до девет месеци. Кај лицата со 1,51 - 1,99 промили следува казна од 350 евра и одземање на возачката дозвола од 9 до 12 месеци. Возачите што во себе имаат повеќе од 2 промила алкохол во крвта ќе бидат казнети со 400 евра и одземање на возачката дозвола на 12 месеци“, појаснува вишиот полициски советник.

Доколку се плати во рок од 8 дена, паричната казна ќе биде преполовена, но тоа воопшто не влијае врз одлуката на судијата за прекршоци на колку време ќе ви ја одземат возачката дозвола. Доколку возите, а возачката ви е одземена, следува уште една казна од 500 евра. Толкава казна е предвидена и за лицата што ќе одбијат да бидат алкотестирани, а згора и една година ќе бидат оставени без возачка дозвола. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1835 пати.

Испрати коментар

Од: graganin
Датум: 06.01.2010 00:20:12
Sramota! Treba voopsto da ne se pie dodeka se vozi! A kaj nas otsekogas bilo poznato deka se pie i vozi, zatoa i imame tolku mnogu soobrakajki. Se isplasile pijanicite deka treba trezni da vozat, pa odma se reagira od MVR, im se dava uteha, navistina sramota!
Од: jimmy1
Датум: 06.01.2010 04:52:28
Ovde ima nekakva zabuna vo procentite. So 0.1 vozacot e veke pijan a so 0.5 e veke pijan letva. Vo poveketo drzavi vo svetot dozvoleno e 0.05 promili vo krvata a ne 0.5. Onie sto vozat patnici, i vozacite na kamioni, pocetnici dozvoleno 0.02 a ne 0.1 promil. Kako sto rekov so 0.1 veke e pijan. Do graganin: nemislam deka se slucuvaat soobrakajki poradi nekoj sto se napil edna ili dve casi pivo. Soobrakajkite se slucuvaat od nepocituvanje na soobrakajnite znaci, prebrzo vozenje i ne pocituvanje sostojbata na patot, dali na toj pat mozi da se vozi 100 ili 110 km.
Од: igor
Датум: 06.01.2010 09:47:28
Vo Italija toleriraat do 0.8 promili i sepak ima najmalku soobrakajki vo EU.
Од: ЕДИ КОЈ СИ
Датум: 06.01.2010 10:52:30
Jimmy1, Prvo nauči da raslikuvaš procent od promil, pa posle pišuvaj. 0,1 promil (0,01%) e traga od možen alkohol i ako konzumiraš poveće od tri jabolka. Zatoa ne komentirajte od bes tuku so mislenje so timbite na ramenja.
Од: јас
Датум: 06.01.2010 12:10:34
Ова е само капка во сообраќајните казни што ги прави полицијата..Пред Нова Година , мој пријател беше запрен од сообраќајната полиција.Нормално возачка и сообраќајна, се’ во ред.Е после...Дали имаш зелен флоресцентен елек и сајла за влечење.ДА ! Противпожарен апарат ? ДА ! а дали имаш атест за него ?! НЕ , зар треба , ги прашува пријателот ..ДА , треба , еве ти 120 евра казна. Дали се потрбни вакви изживувања ??Не сум баш најсигурен дека треба.Триаголник и кутија за прва помош ДА, ама за другиве глупости , баш и не сум сигурен.Го посоветував пријателот да оди на суд и таму да докаже дека не е крив..Дали сум во право, зошто утре другиден може истото и на мене да ми се случи ( или на ВАМ )???
Од: nov
Датум: 06.01.2010 15:44:10
mislam deka se preteruva so ovi glupavi zakoni ,samo ne znam do koga narodot ke mozi da izdri vaka. Pocnavme da imame fobija prema policijata . Se prasuvam sto sledno ke ni zabranat
Од: Nikola-SF
Датум: 06.01.2010 21:56:32
Bravo, za graganin-Ne treba voopsto da se pie i vozi! A, za utrinski.......Slikava so vozac so sise vo raka kako pie i vozi e za nikade, za greota se mladite sto moze da sfatat deka "normalno e da se pie"... Me interesira dali e dozvoleno da se pie i vozi vo isto vreme u MK?.....Nedaj boze da te fatat ovde u USA-najdravje neka ti e-otide jabana!

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Кој се плаши од Уставен суд?
Лекарката од „Фејсбук“ доби отказ
Лакрдија со вода
Патот на Истанбул до европска престолнина на културата
Името - на полпат или на крстопат
Светот ќе ги следи економските сигнали од САД
Православните денес го слават Бадник, а утре Божик
Елко, елко, порасни уште две-три педи...
Пензионерите се побунија, па добија пензија
Карикатура
Попот од Стaравина должи 10.000 евра за персонален данок
Ставрески го прозва Гошев, банките пресметуваат
Пред Божик, за Божик - кај и да си, дома да си
Изгубениот дух го бараат во „Свети Јован Бигорски“