Број 3177  среда, 06 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Името - на полпат или на крстопат

Папандреу го прекина молкот меѓу Скопје и Атина, Тадиќ се нуди за посредник

Александра М. Митевска


Кога објави дека Скопје и Атина треба да се најдат на половина пат во спорот за името, грчкиот премиер Јоргос Папандреу го прекрши едномесечниот молк меѓу двете земји. Комуникацијата замре откако во Брисел падна одлука за пролонгирање на решението за македонскиот датум за преговори со ЕУ, по што властите во Скопје почнаа нова битка во антички стил со јужниот сосед.

Може да се најде симболика во тоа што Папандреу ја испрати најновата порaка од Белград, од каде што пред околу две години и поранешната шефица на грчката дипломатија, Дора Бакојани, навести дека Македонија би можела да се соочи со вето на Самитот на НАТО во Букурешт.

Српскиот претседател Борис Тадиќ вчера, ден по престојот на Папандреу во Белград, се понуди да посредува во спорот меѓу Македонија и Грција.

„Подготвени сме да посредуваме во решавањето на спорот меѓу Грција и Македонија. Сакаме да бидеме дел од решението, а не како во минатото дел од проблемот“, изјавил Тадиќ во обраќањето на Амбасадорската конференција во Белград, а зборувајќи за приоритетите на српската надворешна политика.

Србија е земја што сака да биде нов лидер во интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ. Па, ако Македонија продолжи да ги пропушта шансите за побрз напредок на евроинтеграциската патека, се' поверојатно е да се пропушти и можноста нашата земја сама да преговара за полноправно членство во Унијата. Наместо тоа, Македонија можеби ќе треба да чека некоја нова група, во која Србија би била локомотива.

Папандреу, во интервјуто за „Вечерње новости“, афирмирајќи ја визијата за целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ до 2014 година, кажа дека секоја земја ќе биде индивидуално оценувана на тој пат. И дека поради тоа е неопходна суштинска акција и затворање на нерешените прашања.

Неговите пораки до македонските власти се поклопија со почетокот на шестмесечното шпанско претседателствување со ЕУ - период што се очекува да биде решавачки и за проблемот со името и за македонските евроатлантски перспективи. Во новогодишната честитка до граѓаните премиерот Никола Груевски не остави впечаток на ентузијазам за надминување на проблемот со името. Тој само рече дека 2010 ќе биде година во која Владата ќе се обиде да го реши спорот што ја блокираше интеграцијата во НАТО и во ЕУ.

По неколку директни средби со новиот грчки премиер, веројатно, Груевски проценил дека под дипломатскиот костум на Папандреу се крие комплициран преговарач. Други отежнувачки околности за македонската страна се отсуството на консензус меѓу политичките фактори, усложнетата комуникација и со Бугарија, а особено спласнатиот интерес на меѓународната заедница за македонскиот проблем.

Ангажманот на Американците во спорот со името од поодамна не е ниту приближно со толкав интензитет каков што беше пред Самитот во Букурешт во 2008 година. Од Шпанија, пак, според процените, не би требало да се очекува логистика каква што добивавме од Шведска. А, за Белгија, која ќе биде претседавач со ЕУ од јули годинава, воопшто и не треба да се размислува во овој момент, бидејќи евентуалното влегување во таа агенда би значело уште половина изгубена година за одредување датум за преговори на Македонија со Унијата.

Каде би требало да се сретнат позициите на властите во Скопје и во Атина?

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски смета дека името, веројатно, е веќе договорено како „Република Северна Македонија’ и оти сега треба да се преговара со трета страна (со САД или со претставници на ЕУ) за слободно и непречено користење на придавката „македонски“ за јазикот и за етнонацијата (македонски јазик и македонски народ), независно од можноста Грција формално да се противи.

„Тоа е доволно. Доволно е ние да можеме тоа да го користиме, пред се', во НАТО, ЕУ и во Советот на Европа, бидејќи во ОН е веќе востановено“, забележува Фрчковски во вчерашната колумна во „Дневник“.

Според него, националноста ќе биде поврзана со државјанството, веројатно „државјани на Република Северна Македонија“ или така како што и до пред три години во нашите пасоши стоеше „државјани на Република Македонија“. Широчината на употребата на меѓународното име, како што прогнозира Фрчкоски, ќе биде предмет на компромис.


#
Статијата е прочитана 1707 пати.

Испрати коментар

Од: Vodno
Датум: 06.01.2010 00:23:59
Ne znam ovie "patriotive" sto se palat na toa Severna Makedonija, pa toa e realnost, nie ziveeme vo severniot del na Makedonija. Makedoncite vo Egejskiot del se asimilirani i ne bi sakale da ziveat Grujo da im e premier, skraja bilo. Identitet i jazik samo makedonski. Sto se pravi mutav koga vece imeto e prodadeno, a rejtingot i taka mu padna!
Од: Од С.Р.
Датум: 06.01.2010 00:27:48
Сметам дека прав3едно би било кога би се договориле имиња со геогравски определници за трите делови -територии што ја сочинуваат целата територија- МАКЕДОНИЈА.,а не само име на делот од Македонија на кој Македонскиот народ создал држава. Мислам дека Грција не го проблематизира нашиот славомакедонски идентитет и јазик.Таа од секогаш нас македонсците не нарекувала со тој термин.Грција го проблематизира ,,нашиот нов идентитет,,-античкиот што го зоздава Груевски и неговата партија ДПМНЕ. Сигурно тој нема да го прифати и за него таа бара да се преговара,односно да се откажат неговите идеолози и носители на поделбите на народот. Со тоа барање на Грција Груевски го плаши народот дека ете и името и идентитетот Грција бара да ни се променат што воопшто нее точно, но тоа го прави само да го одлага решавањето за да не биде тој кој го договорил името кое Грција не бара да се смени во некое друг име.
Од: TB
Датум: 06.01.2010 01:15:02
Gruevski i samo Gruevski toa e makedonskata vistina
Од: Sloven
Датум: 06.01.2010 03:50:49
Ako "davaat" severna Makedonija,zemi i begaj.ke go izgubime i toa.
Од: jimmy1
Датум: 06.01.2010 05:08:04
eve ni se nudi uste eden kum. Nedaj boze da ne predlozi da se vikame Juzna Srbija. Imeto po nikoja cena ne smee da se menuva, dali toa im odgovara na Grcija, EU i NATO najmalku e vazno.
Од: pameten
Датум: 06.01.2010 07:13:10
"Македонскиот народ создал држава." Ovo e sushtinata na sporot. Vo obichniot sluchaj drzhavite sozdavale narodi: Francija, Italija, Rusija, Bugarija. duri koga drzhavite nosat imenja na plenenja ili kulturi, koi shto vekje postoele: Srbija, Slovenija, Grcija, Turcija drzhavite gi sozdale narodite. Koja drzhava go sozdala (slavo)Makedonskiot narod? Ako ne SFRJ, koja shto na ovie prostori se narekuvala Makedonija, togash mora de e... Antichka Makedonija, poshto nikoj velje ne tvrdi deka drzhavata na Samoil bila Makeodnija. Dostojnstveno prvo e sami da si izjasnime koga nashite pochnale da se narekuvat Makedonci, koga jazikot pochnale da go narekuvat Makedonski?
Од: jug
Датум: 06.01.2010 11:54:13
Nie kako da ne sakame da gi pratime modernite svetski predizvici. Ekonomski prosperitet ,dobrososedsko odnosi,dobro organizirana i respektirana drzava. I ova malko sto go postignavme ako taka dlaboko se vleguva vo antikvizacijata se ke se izgubi. Premierot pred izvesno vreme sam povika da se prestane so taa podelba i treba da se izjasnuva sekoj mesec okolu ovaa tema. Nikoj ne brani nekoj da se oseka potomok na nekoj golem ama ostavete gi drugite sto se osekaat razlicno na mir a gi ima mnogu.
Од: zapev
Датум: 06.01.2010 16:18:31
za zal nisto novo srbite i ni go dadoa imeto maked 1936g na celo so kpj samo da ja zadrzat vardarska vo yu eve sega pak istoto no taka e koga grujo za nisto ne go biva na bese sds sega ce pragovaravme so eu za clenstvo vaka vmro ne vrati vo 1991g i soli pamet za edna dekade imale cel da go resat sporot???????pa vo mak ovci li ste bre?????na zapad vikat za pola sat moze da se resi pridavka i zavrsena rabota ionaka dr altervnativa nema imeto e grcko nemame istoriska podloga da go zardzime samo glava vo zid i nisto drugo a narod vo maked zivee poloso od pred 50god barem togas imalo rabota.
Од: intelekt
Датум: 06.01.2010 16:21:19
sve je laaaazzzz!alo!
Од: Миле
Датум: 06.01.2010 16:41:16
Жалам што анализата на новинарот завршува со подметнување на т.н. „ експертско мисленје“ на Фрчкоски кој заговара прифаќање на шовинистичките барања на Грција и промена на името. Погрешен е напорот да се пласира тезата дека промената на името е „готова работа“. Со тоа се шири ЕВРОСКЕПТИЦИЗАМ ( сомневање дека ЕУ е сериозна организација и дека не е способна дури ни да ги почитува сопствените принципи и вредности). Тоа е сосем погрешно и ќе биде препознаено од македонскиот народ и демантирано од страна на ЕУ со нејзините следни чекори. Тезата „ако не скаш да бидеш силувана, легни и уживај“ не е став на ЕУ. Вистинските европејци не можат посериозно да застанат во одбрана на Македонија , а со тоа и сопствените вредности, заради сомнежот што го шират грчките лобисти во Македонија кои праќаат погрешни сигнали дека македонците всушност не сакаат да си го сочуваат името.
Од: Eddy
Датум: 06.01.2010 16:42:25
Da de, kje sme se dogovorile so Grcite za Severna Makedonija. Posle imeto na nacijata i na jazikot kje ni go zemat Bugarite koga oni kje reshat da stavaat veta oti sme im "bezbednosen problem". Ko shto rekol Gandi, koga se raboti za fundamentalni prava i slobodi, *kompromisi ne smee da se pravat*. Ne mi e jasno kako ovie nashi totalitarci ko Frchko toa ne go svakjaat.
Од: bajamce
Датум: 06.01.2010 17:59:09
More makedonec, begaj sto podaleku od srbinot. Nikakva promena na imeto, umesto imanje mrznja sprema svojata drzava, zapregneti gi rakavicite i povejche so rabota.
Од: Faruk
Датум: 07.01.2010 04:55:08
Neka se zatvori konecno i taa stranica od Makedonskata istorija.Imeto Severna Makedonija e mnogu podobro od (Juzna Srbija nedaj Boze)Ne veruvaj mu na severniot sosed,ni koga pokloni nosi,a kamoli da e posrednik...pu..pu...Sto se odnesuva do nacijata,najdobro e da se resi so promanata na del od Ustavot,.....Kade ke se kaze deka Severna Makedonija e drzava na nejzinite gragjani,kade po popisot na naselenieto sekoj ke se izjasni kako mu e keff,.....makedonec,albanec,turcin,bugar,eskim itn.negovo licno pravo sto e zagarntirano po Evropskite standardi,sto se odnesuva do zvanicniot govoren jazik,se razbira zvanicno severnomakedonski jazik i tocka,a narodot ke si zboruva onaka kako zboruval so vekovi....
Од: Nikola-Germanija
Датум: 07.01.2010 09:34:47
Srpsko posredstvo vo imeto?Ne,blagodaram!Nerascistenite smetki (Crkva, Kosovo, Prohor Pcinski itn.) ne dozvoluvaat ni da se zboruva na taa tema,kamoli da se prifati!Epa priateli,sami si go izbravte.Da bese MK vo NATO i ke pocnese pregovori za EU,Srbite nemase da davat takov nepristoen predlog.Po povod izjvata na Tadic gi citav komentarite na rts.rs i zakluciv deka mnozinstvoto Srbi vo MK uste gledat "Vardarska banovina",bilo toa poradi gnevot za priznavanje na KS i vospostavuvanje diplomatski odnosi -sto bese neminovno!- ili poradi uste prisutniot Srpski radikalen nacionalizam vo odnos na MK.Vo sekoj slucaj,razumen Kompromis so GR e neminoven.Toa go znae sekoj so prosecna inteligencija,mada boli!Zamislite go samo evropskiot pazar so preku 500 Mio.potrosuvaci;za MKskite proizvidi toa e raj i od nea ke stane Balkanska Svajcarija,bez pritoa da bide zagrozen nacionalniot identitet i dostoinstvoto,no samo ako vladata ima strategija i taktika!No,koj da go razbira toa vo MK?!Sreken bozik!
Од: srebre
Датум: 07.01.2010 11:03:29
gledam od komentarite vo sekogo gledame skepticno sekoj ni e neprijatel toa se dolzi od izolacija vo koja sme vece 20godini neznaeme sto e toa da si so nekogo vo ekon zaednica,voena zaednica,sami vo samica samo zatoa sto vikame taka grujo ne uci pa taka vikakva i vo komunizmot "taka tito ne ucese nie ne znaeme drugcija"i bevme najverni na tito vo cela yu bi rekol nisto novo ovca ostanuva ovca...sds bese utopija so sporedba so vmro..so vmro poleka no sigurno kako eden mnougu spor voz vozime na sporeden kolosek pravec:sreden vek.
Од: slavco stanoev
Датум: 07.01.2010 11:13:23
Гледам кај нас се дигна прилично прашина околу понудата на тадиќ да посредува во спорот со Грција.Тука веднаш некои се повикуваат на минатото и на лошите иоскуства од ваков вид.Но сега постои една реалност,а тоа е Република Македонија.Сега да преминеме на побудите што го натерале Тадиќ да ја даде оваа понуда.Србија сака да гради пријателски односи и со Македонија и со Грција.Грција уште не го признала Косово и мораме да сфатиме дека за нив тоа е голема придобивка .Дали и тие можеби не се притиснати со некоја уцена.Затоа да не гледаме злонамерно во оваа понуда.Со текот на времето ако увидиме задни намери секогаш ќе можеме да им се заблагодариме.Дотогаш не би требало непотребно да си ги влошуваме односите со нашите соседи за да не бидеме најизолираната земја во регионот.
Од: Mizi Asan
Датум: 07.01.2010 14:11:23
Може да се разговара за името откако РМ ќе биде примена во НАТО и ЕУ како полноправен член по референцата БаЈРаМ или Република Македонија или нешто трето. Спрема сите Меѓународни документи приемот на РМ во било која меѓународна организација не смее да се попречува. Мора да се истрае и да се разобличи Елинистичкиот Национал Шовинизам како рецидив на Балканското Малоумие , што е спротивен на сите меќународни документи.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Кој се плаши од Уставен суд?
Лекарката од „Фејсбук“ доби отказ
Лакрдија со вода
Патот на Истанбул до европска престолнина на културата
Без паника, полицијата ќе толерира алкохол до 0,5 промили
Светот ќе ги следи економските сигнали од САД
Православните денес го слават Бадник, а утре Божик
Елко, елко, порасни уште две-три педи...
Пензионерите се ��обунија, па добија пензија
Карикатура
Попот од Стaравина должи 10.000 евра за персонален данок
Ставрески го прозва Гошев, банките пресметуваат
Пред Божик, за Божик - кај и да си, дома да си
Изгубениот дух го бараат во „Свети Јован Бигорски“