Еден висок функционер во судската власт, близок на актуелната владејачка гарнитура, во еден неформален разговор се обиде да ги објасни судските реформи. На прашањето кога ќе добиеме деполитизирано судство, одговори дека тоа ќе се случи кога ќе се изедначи бројот на сдсмовските и вмровските судии. На констатацијата што да прават оние граѓани кои се неопределени или, пак, поддржувачи на други партии, немаше одговор. Само ги крена рамениците.
Оваа анегдота убаво ја отсликува опседнатоста на владејачката партија со судството, која станува речиси гротескна. ВМРО-ДПМНЕ со години живее со уверување дека третата власт е под целосна контрола на опозиционата СДСМ. Тоа го поврзува со фактот што во 1997 година, кога беше генералниот реизбор на над 600 судии, парламентарното мнозинство беше предводено од сегашната опозициона партија. Ваквото црно-бело поимање на работите доведе до тоа десничарската власт и во времето на Љупчо Георгиевски и сега на Груевски да се обидува на секој можен начин да инсталира „свои“ кадри во правосудство.
Паронојата од „сдсмовските“ судии оди дотаму што се се мисли дека сите тие се толку големи поданици на Црвенковски што не им паѓа тешко да го погазат Уставот и законите. И не само што ВМРО-ДПМНЕ не се труди да го напушти лошиот рецепт на своите претходници и да изгради подобар вредносен систем, туку работи и на негова демонтажа. И тоа без пардон! А, со тоа им прави голема неправда на голем број судии и обвинители, кои себеси не се доживуваат како слуги на оваа или онаа партиска гарнитура, туку професионалци. Иако не е исклучено дека меѓу нив можат да се најдат и такви кадри кои се подготвени поради одредени лукративни цели или партиско уверување да заборават на словото на законот.
Но, не е само судската власт изложена на силен притисок и на напади и етикетирања за партиска „обоеност“. Секогаш кога нечија одлука, потег или мислење не е по волја на власта, ризикувате да добиете „фластер“ што ќе ве дисквалификува. Да ве стават во овој или оној табор, да ве обвинат дека сте платеници, шпиони, неморални… Без никакви аргументи, без докази, туку само поради впечаток или поинакво мислење.
Уставниот суд е една од оние институции кои редовно е изложена на оцрнување. Проверката на уставноста и на законитоста на некои акти, од кои најголемиот број се закони, не поминува секогаш без реакции кај оние што сметаат дека се онеправдани. Така било и порано и сега. Различни се само реториката и мотивите.
Но, нападите во последно време толку многу ескалираа што во еден период дури се заговараше и негово распуштање. По паѓањето на неколку контроверзни законски решенија, се јавија партиски јуришници со директна атака врз Уставниот суд. Тврдеа дека уставните судии свесно ги уривале реформите. А, само затоа што беа поништени или укинати неколку избрзани и неосмислени решенија, кои не го издржаа тестот на уставноста.
Но, едно е кога нападите доаѓаат од поединци, партии или некакви квази-здру��енија или активисти. А, сосема друга работа кога тие се диригирани или изречени од оној што е избран и задолжен да се грижи за почитување на правната држава. Не може премиер или претседател на држава да работи на девалвирање на институции, дури и кога тие не му се по волја. Дури и кога нивните одлуки не му се допаѓаат.
Премиерот Груевски остро реагираше на едно бенигно обраќање на претседателот на Уставен суд, Трендафил Ивановски, во кое тој споменува за притисоци. Недозволиво со тешко оружје ги нападна дел од уставните судии, нарекувајќи ги партиски војници. Рече дека носеле катастрофални одлуки и знаел дека кога си доаѓале дома немале мирен сон.
Со тоа на многу експлицитен начин ја призна својата огромна скепса кон судството. Му проработе и потсвеста, бидејќи се најде прозван за притисоците. Никој не посочи прст кон него, а тој почувствува потреба да се брани и жестоко да напаѓа. Без чувство за функцијата што ја има.
Едноставно е - од Уставен суд се плаши само оној кој има јасна намера да не го почитува уставот, да се стви над него и да биде единствен „принцип“ на владеење во државата! А тоа во Македонија го може само еден - тоа е премиерот Груевски. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: Debar Maalo
Датум: 06.01.2010 00:41:27
Izjavata na Grujo bese kako da zboruva Gorge Paljurski koj posle 2 minuti razgovor e pali kako zelen majmun. Koj si ja ima muvata na kapata veli is. No diktaturata na Grujo se rusi kako kula od karti bidejki narodot go prepozna, a za Sofre ne e ni vazno ....
Од: Petre
Датум: 06.01.2010 00:47:41
Sudstvoto e ziva kal na patot na Makedonija kon EU... i ne samo Makedonija, Hrvatska koja e pred portite na EU, ima problem so sudstvoto...toa sto groto sudii se bliski na sdsm ne znaci deka sekogas katastrofalnoto sudenje e poradi pritisok od partijata, najcesto toa e od privatni subjektivni pricini, no ima i losh ambient vo celoto okruzuvanje na sudstvoto, pa i losha zakonska praksa od vremeto, koja ovozmozuvaat na vinovnicite beskjraen niz na odovlekuvanja i izbegnuvanja na zakonot i propisite....
Од: Rage
Датум: 06.01.2010 00:57:55
Samo Chuk Noris ne se plasi od Ustaven!
Ustaven se plasi od lustracija, i sekako do Chuk!
Edinstveniot Sud vo svetot na kogo ne mu gajle za Ustavot, tuku za minatiot trud vo OOZT "u ime naroda"!
I kazav, pa sto, Majkl Mur napravi cel film protiv Vrhovniot sud vo USA za izborite vo koj tepase Bush za vtor mandat, a ovde ne smeeme ni gu za Ustaven, toa e "demokratijata" koja ja vospevate i za koja tracate deka ja nemalo! Uste kolku lugje mislite deka ke praite nedovetni!
Од: spektator
Датум: 06.01.2010 01:00:34
tesko na drzavata koga premier komentira odluki na ustaven sud. svasta zena rodi...
Од: oceski-zrtva
Датум: 06.01.2010 01:03:37
bravo gordano-poleka no sigurno go demaskirate naseto gvuevce..iskazanato od gvuevski e beda na dusata,skandalozno,sramno,antidrzavno,krajno nekorektno i neprofesionalno,mizerno,vulgarno, animozno,bezpesperktivno,prostacki provokativno, ... kako da e nameneto za umnobolni luge i slusateli ? bravo na drskata hrabrost na naseto firerce t.n gnida.
Од: братот на софре
Датум: 06.01.2010 01:21:37
ako si doblesen barem malku na site lagi sto gi kaza i sto te fatija bezbroj pati kako mamis vreme e da si odis zamini veke ednas grujo ne unazadi 1000 godini...
GOTOV E.......................................
Од: kire petreski,prilep
Датум: 06.01.2010 01:40:32
се прашувам дали има друг Премиер во светов,покрај нашиов и оној Шалабајзерот БЕРЛУСКОНИ КОЈ СИ ГО ДОБИ ТОА ШТО МУ СЛЕДУВАШЕ,кој може да треси такви незрели зборови и да не му текне што значи и колкава тежина има тоа што го зборува.ЧУДНО И НЕВЕРОЈАТНО
Од: pero
Датум: 06.01.2010 05:30:49
Grujo prvo neka gi pokaze Diplomata i Magistraturata....... se plasi od Ustaven zatoa sto ili gi nema tie dokumenti, ili se kupeni od Blgarija......
Од: od mene
Датум: 06.01.2010 09:36:12
Se dodeka BRANKO , BUCKO ,FRCKO , TITO, i red takvi, gi fajkjaat ovie funkcii na DRZAVATA, e taka ke ni bide. POLITICARITE ke gi OSLOBODUVAAT za teskite MILIONI, a obicniot Gradjanin, i za svoit imot so fakti , bogami i se slucuva nemoze krajot da go istera . ADVOKATITE, STIRZAT BRICAT , BEZ oko da im trepne na tujgi maki Milioneri stanaa. belki ke dojde i ZAKON i za tie ZDERONJI. zivi sme svedoci . SUDSTVO ne se ZALETE. zaekot lezi kaj VAS. treba pravite lovdzii za VAS . itoa sto ne gi poznavaat paragrafite! za vas toe.
Од: забеган.
Датум: 06.01.2010 10:01:24
На гвујче и компаниа им смета и со сета сила се борат,Против Усавен-суд и Гошев.Кога ќе падне Уставен и Гувернерот е тога?????????????????????????.
Од: do koga
Датум: 06.01.2010 11:52:54
Drzavata toa sum JAS!!!!Rece nas Grujica i ostana ziv!Sramota !!!Se zamisluva deka e centar na vselenata a toa edno bedno iskompleksirano diktatorce.
Од: јас
Датум: 06.01.2010 12:22:32
Ако Уставен суд не ги туркаше недокваканите закони на овие неписмени портокали, КАЈ ЌЕ НИ БЕШЕ КРАЈОТ?!Ќе бевме бетер и од оние африкански земји кај што владеат племенски кралеви...
Од: jug
Датум: 06.01.2010 12:32:15
Kolku boli koga Grcija ne ucenuva so promeni vo nasiot ustav. Isto tolku ne boli koga nekoj ke saka da proturka neustavni zakoni. Ustavot ne pretstavuva partijska programa. Treba ovaa vlada da go znae toa . Gluposti , ustavnite sudii bile na sdsm. Bi bilo stupidno vo ovoj moment tie licnosti na taa pozicija da trpaat vlijanie. Ponistenite zakoni vo ovie dve godini se polni so anomalii i sudiite se vo pravo. Ocekuvam i drugi zakoni na ovaa vlada da odat vo nepovrat, ne se kadarni i nemaat kapacitet da napravat dobar zakon.
Од: Трпе
Датум: 06.01.2010 17:09:03
Нормално познато е.Овие кои не знат да прават закони и овие кои не сакат да ги почитуват.Сегашната ЕПП влада се однесуе ко попоите.Имодговара само тоа што е у нивни интерес.Со овој начин на однесување спрема институциите.мистер Мр.Рејтинг,државата ја направи карикатурна(банана држава) кон надворешниот свет.Важно е тие нешто да работат а некои со низок степен на интелигенција да се радуват.
Од: zoki
Датум: 06.01.2010 21:03:16
Gjujo sam se demaskira.Ivanovski vo svojata izjava ne spomna nicie ime na partija.Toj rece deka ima pritisoci od politickite partii, obopsteno.Zosto Gjujo se prepozna vo taa izjava???
Од: Do: od mene
Датум: 06.01.2010 23:29:51
Пријателе ти најубаво да земеш наочари во скоро време,или па да се вратиш во прво одделение како би ги научил буквите за КОНЕЧНО да можеш да прочиташ кој е на функција на државата????
Плукај по твојот Портокал,а не облинувај друг.Што си надробивте,сркајте сеа!