Број 3177  среда, 06 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Елко, елко, порасни уште две-три педи...

Петар Арсовски

Ќе добиеме ново-стар плоштад, ново-нов Букефал среде плоштадот - многу украси за нашата заедничка елка, која расте ли расте

Душко Радовиќ вели: пријателите ти одмагаат, ти гледаат низ прсти и ти попуштаат. За успех во животот ти се потребни неколку добри непријатели. Во таа смисла, сакам во првата колумна за 2010 година да им се заблагодарам на сите што ги коментираа моите колумни во текот на минатата година, а особено на оние што ги критикуваа. Таквите коментари ми даваат добар увид во мислењето на читателите и понекогаш ми помагаат да се поправам. Не одговарам на пораките, зашто мислам дека тоа е ексклузивен простор на читателите: јас ги имам текстовите, тие ги имаат коментарите.

Така, откако завршивме со желбите и честитките, да се фатиме за работа. Традиционално е во почетокот на секоја година да ги согледаме анализите што сме ги правеле за минатата година и да понудиме согледувања и предвидувања за наредната. Откако ја завршив таа ревизија, со жалење констатирам дека моите негативни предвидувања се остварија во целост за 2009 година, а позитивните малку потфрлија. Истовремено, забележувам на елката на желби за 2010 ни се повторуваат многу од желбите од претходната година, па и отпорано. Овие лампиони на нашата елка стануваат малку излитени и наместо со текот на времето да станат подостапни, тие стануваат понедостижни: елката расте, а нашите лампиони секоја година се се' повисоко и се' подалеку од нашиот досег. Затоа, бидејќи работите во основа се движат во погрешен правец, треба да се навратиме на клучните оски кои ќе го дефинираат нашиот амбиент во 2010 година.

На прво место, сепак, ќе остане агресивниот популизам и слабиот политичкиот дискурс. Базично, популизмот во наредната година ќе биде борба за продолжување на хипнозата и упорното комплексирање на електоратот, преку страв, казни, увертири дека некој „однадвор“ сака да не' снема, за доделување етикети на предавници, антипатриоти и слично. Имајќи предвид дека 2010 ќе биде година на економска и општествена летаргија (барем првата половина), стимулусите потребни за хипноза ќе мора да стануваат се' појаки, така што треба да се подготвиме за уште поспектакуларни изјави, настани, ветувања.

Од друга страна, борбата во политичката арена ќе стане поинтересна. Ако ги согледаме политичките позиции на власта и опозицијата, неколку работи стануваат очигледни: (1) неминовно паѓање на рејтингот на власта. Во наредната година ПР-гуруата на власта ќе се соочат со замор на материјалот. Нивните акции и потези нема да имаат сила да одекнат ниту да произведат реакција каква што сакаат, особено зашто досегашните помпезни најави не дадоа плод, па и довербата спрема власта ќе се намалува. Ако на тоа се додаде катастрофалната положба на економијата, непродуктивните трошења, недостигот од странски инвестиции, несредениот правен амбиент и, на крајот, еклатантниот политички п��огон на неистомислениците, ништо чудно рејтингот на власта да крахира веќе во наредната година.

Вториот фактор е уште поинтересен (2) опозицијата ќе остане анемична во 2010 година. Сегашната стратегија на најголемата опозициона партија, СДСМ, во основа е т.н. сачекуша. Очигледно, опозицијата смета дека се' додека тие се единствената алтернатива на власта, не мора ништо да работат, туку по систем на сврзани садови, во моментот кога на власта ќе и' се стемни, ним ќе им осамне. Токму затоа тие се повеќе посветени на канибализацијата во опозицискиот блок, одошто на билдање на сопствената понуда. Во таа смисла, ДЕМОС, ЛДП и други опозициски групации се засега за нив поинтересни, одошто создавање реална алтернатива за водење на државата, бидејќи филозофијата е следна: „се' додека не оставиме никој друг од опозицијата да живне, нашето само ќе си дојде“. Оваа теза ќе се покаже проблематична, но СДСМ тоа доцна ќе го сфати и, најверојатно, ќе ја помине и наредната година без реална катарза.

Во меѓувреме, нашата меѓународна позиција ќе остане доминирана со проблемот со името. Тука, и покрај нашите најдобри напори, во основа работата успешно е завршена: името е договорено, идентитетот е договорен, останува опсегот на употреба. На ова поле треба да се очекува реално поместување во текот на наредната година, бидејќи ќе се исцрпи маневарскиот простор на сите сили што не сакаат решение. Ако имаме предвид дека и за стогодишната војна во една историска енциклопедија има не повеќе од една страница, од историска гледна точка ние сме доста промптни. Наша лоша среќа е што токму ние сме генерациите што го живеат тој период.

На крајот, откако ќе се слегне целата магла и прашина околу името, сите ќе мора да се свртиме и да се соочиме со останатите аспекти на државата, бидејќи за нашата иднина, сепак, повеќе одошто решение за името - ќе мора и да изградиме витално општество. Тоа досега беше многу запоставено и цената допрва ќе ја плаќаме. Името е ликот на нашиот дом, ама ние сме ги баталиле и темелите и ѕидовите. Меѓуетничките односи се на ниско ниво, и тоа по вина на македонскиот етникум. Економијата е во очајна состојба и ќе остане во кал и наредната година. Правниот систем е силуван од политиката, од најниските до највисоките нивоа, а јавниот линч и грубата манипулацијата на медиумите и јавноста ќе остане наше секојдневје.

Сепак, за крај имаме и некои проблесоци на генијалност: во идната година нема да се пуши. Власта, од една страна, ќе ги лустрира кодошите од претходниот систем, а од друга ќе ги наградува оние што ќе ги пријават своите комшии за нефрлање ѓубре. Ќе добиеме ново-стар плоштад, ново-нов Букефал среде плоштадот. Многу украси за нашата заедничка елка, која секоја година, како и сите светски елки, расте ли расте.

(Авторот е магистер по политичка комуникологија)


#
Статијата е прочитана 1639 пати.

Испрати коментар

Од: ivo
Датум: 06.01.2010 01:25:52
A da bevte pratenik, ke ja otstapevte kolumnata na onie sto sakaat da Ve kritikuvaat?
Од: братот на софре
Датум: 06.01.2010 01:57:01
во 2010 треба да се продолжи уште повеке со копањето и барањето на гробот на ацета само така ке стигнеме до центарот на земјата со копање и ке докажеме еднаш за секогаш дека Македонија е центарот на светот од тука све започнало,е тогаш ке видиме грциштата со какви изјави ке излезат затоа факајте се сите за копачите и на работа
Од: Eddy
Датум: 06.01.2010 16:21:46
Od koga si chestitashe sebesi na "ispravnite" prognozi, zaboravi da se izvinish na chitatelite shto vo 2009 siot Makedonski narod go proglasi za adolescenten, bidejkji ne se "povinuval na zhelbite na elitata".
Од: Трпе
Датум: 06.01.2010 17:30:58
Неможам да претпоставам кои желби ќе се исполнат на позицијата и опозицијата.Но народот ќе остане во надеж.Надежда последна умира.Знам дека една желба ќе се исполни на мистер Мр.Рејтинг.ЌЕ,Ќе,ќе....ќе има многу млекооооо.....
Од: Trajan
Датум: 06.01.2010 22:31:01
Ama bash nishto ne si kazhal! Od kade ti e informacijata deka imeto i identitetot e dogovoren?
Од: Mamuren tekst
Датум: 07.01.2010 00:43:41
Petre! Da bidam iskren, ovaj ti e eden od najslabite tekstovi, prazen, bez dinamika, so povtoruvanje na istite raboti od prethodnite tektovi, bez nekoja sodrzajnost i da bidam iskren , prilicno dosaden za citanje.. Da se nadevame deka ova tie e prolazna kriza od nogogodisniot mamurlak.
Од: jovan
Датум: 07.01.2010 09:47:03
Mi se dopaga pocetokot na tekstot. I vo America imaat slicna izreka koja glasi "Ako sakas da napreduvas, stvaraj si problemi". Paradoksalno zvuci, no vo praksa, tokmu taka e. Pa duri i vo biblijata ima eden citat "Se se stvara so bolka", znaci sto poveke uzivas, i tvrdis deka problemi nemas, tolku poveke se opustas(degeneriras) i propagas. Sto poveke si angaziran so resavanje problemi tolku poveke napreduvas i se razvivas.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Кој се плаши од Уставен суд?
Лекарката од „Фејсбук“ доби отказ
Лакрдија со вода
Патот на Истанбул до европска престолнина на културата
Без паника, полицијата ќе толерира алкохол до 0,5 промили
Името - на полпат или на крстопат
Светот ќе ги следи економските сигнали од САД
Православните денес го слават Бадник, а утре Божик
Пензионерите се побунија, па добија пензија
Карикатура
Попот од Стaравина должи 10.000 евра за персонален данок
Ставрески го прозва Гошев, банките пресметуваат
Пред Божик, за Божик - кај и да си, дома да си
Изгубениот дух го бараат во „Свети Јован Бигорски“