Број 3177  среда, 06 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Пензионерите се побунија, па добија пензија

Министерот за финансии вели дека најавата од ПИОМ за исплата на пензиите в петок била дезинформација

Јасмина Јовановска

Пензионерите, сепак, добија пензии за божикните празници. Владата се смилува и реши вчера да се исплатат декемвриските пензии, иако од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување тврдеа дека пензиите ќе се исплатат в петок. Ваквата одлука стаса експресно, особено откако медиумите алармираа, а пензионерите завчера се побунија дека за првпат пред Божик државата ги оставила без пензии. Министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески, се правда дека најавата од ПИОМ за исплата на пензиите в петок била дезинформација и дека во понеделникот попладне на состанокот било решено пензиите, сепак, да се исплатат пред празникот. „Не знам што изјавиле во ПИОМ, но ние завчера одржавме состанок на кој утврдивме дека со заеднички сили можеме да им ги исплатиме пензиите на сите 270.000 пензионери“, објасни Ставревски.

Доброупатени извори, пак, велат дека за да се реализира експресната одлука на Владата, на банките им било наложено да ја скратат постапката на обработка за да може пензиите да се исплатат истиот ден кога ќе се префрлат парите во банките.

Министерот Ставрески, сепак, не беше сигурен дали сите пензионери ќе ги добијат пензиите или само оние што имаат дозволен минус на пензијата. Тој на вчерашната прес-конференција со иронија само потврди дека парите се префрлени на трансакционите сметки на пензионерите, а нивна работа е кога ќе ги подигнат.

Пензионерите, сепак, вчера ги добија пензиите. Не само оние на шалтерите на банките, туку и оние на кои пензијата им ја носи поштарот на врата. „Па, нели министерот за финансии така нареди“, ни рекоа во Пошта.

И покрај ваквите напори околу 4.000 пензионери нема да ги примат декемвриските пензии. Според информациите од Министерството за труд и социјална политика, причина е тоа што овие пензионери се' уште немаат отворено трансакциски сметки на кои би им се префрлиле парите. Најчудно е што голем дел од овие четири илјади пензионери се од урбани средини, како скопските општини. Од Министерството објаснуваат дека доколку во меѓувреме отворат трансакциски сметки, пензионерите ќе можат да ја добијат декемвриската пензија на крајот на јануари. Ако не, парите не им пропаѓаат, но стојат блокирани во ПИОМ.

За исплата на пензиите месечно се издвојуваат околу 2,8 милијарди денари. Од оваа сума, како што рече министерот Ставрески, околу 1,15 милијарди денари се обезбедуваат од државниот буџет. Тоа значи дека државата мора да обезбеди дури 40 отсто од парите потребни за исплата на пензиите. Стручњаците коментираат дека тоа е многу голем процент и државата треба да ја загрижува. И покрај ова, Ставрески тврди дека државата не се задолжува за да исплати пензии.

„Во овој момент аукцијата на државни записи се' уште трае, а пензиите веќе се исплатени“, додаде Ставрески. Тој уште оцени дека дека изминатите 12 месеци државата успеа редо��но да ги исплаќа пензиите во првата недела од месецот, што според министерот за финансии, не беше случај пред три-четири години кога пензиите се добиваа по категории од 15 до 20 во месецот. Со ваквата исплата на пензиите Ставрески вети дека ќе се продолжи и во оваа година, како што е случај и со социјалната помош.

Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, појасни дека 52 илјади граѓани, корисници на социјални примања, како и корисници на постојана парична помош, ги добиваа средствата навреме, само имало задоцнување кај категоријата корисници на помош за туѓа нега која за декември доцнела од технички причини. Но, и на овие 20.000 корисници, тврди Бајрами, социјалната помош веќе им се исплаќа. И покрај ваквите тврдења на министерот, корисник на социјална помош од Скопје се пожали дека поштарот ја донел пензијата, но не и помошта за туѓа нега.


#
Статијата е прочитана 1069 пати.

Испрати коментар

Од: jaol
Датум: 06.01.2010 01:05:39
lele jadenje burek
Од: братот на софре
Датум: 06.01.2010 01:24:36
DO stavreski:da n e mislis deka ovaa drzava e od tatko ti ostavena pa se podebavas so site nas a???????????????????????????????????????ti se gleda i na tebe krajot rasipokukniku
Од: забеган.
Датум: 06.01.2010 09:31:10
За какви технички проблеми зборува овој министер Бајрами???.Кажи бе дрво не делкано не кри нема пари.Што правете од НАРОДОВ будали.Доста со задолжувајне ќе пукне ко меур од САПУНИЦА пирамидата со обрзниците.И некој ќе остане бел во ОЧИТЕ.За кратко ова 10 пати ќего надмине ТАТ Потоа каде????????.
Од: ilija-köln
Датум: 06.01.2010 10:05:36
sega dojdovme idotoj red i zasvojeto-zasluzenoto dase molis-prosis sramota dokoga kesi igrat majtap so narodot.
Од: vasil
Датум: 06.01.2010 13:01:45
"Владата се смилува и реши вчера да се исплатат декемвриските пензии...".... Abe, kako ne vi e sram vakvi tendenciozni tekstovi da pravite?!
Од: Komentator
Датум: 06.01.2010 13:50:39
Da se kazni PIOM...sto ne iznervira...onaka od svoja raka sram da mu e...kakao se "ISTRCA" bez da prasa....!!!
Од: Trajan
Датум: 06.01.2010 22:06:24
Da se pluka po dobro i po losho,toa zboruva za sostojbata na plukachot.Kritikuvajte toa shto ne chini a falete go; ili mochete , toa shto e dobro.Taka ke bidete poveke ceneti.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Кој се плаши од Уставен суд?
Лекарката од „Фејсбук“ доби отказ
Лакрдија со вода
Патот на Истанбул до европска престолнина на културата
Без паника, полицијата ќе толерира алкохол до 0,5 промили
Името - на полпат или на крстопат
Светот ќе ги следи економските сигнали од САД
Православните денес го слават Бадник, а утре Божик
Елко, елко, порасни уште две-три педи...
Карикатура
Попот од Стaравина должи 10.000 евра за персонален данок
Ставрески го прозва Гошев, банките пресметуваат
Пред Божик, за Божик - кај и да си, дома да си
Изгубениот дух го бараат во „Свети Јован Бигорски“