Број 3177  среда, 06 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Ставрески го прозва Гошев, банките пресметуваат

За власта, доколку основната стапка порано се спуштела, позитивно ќе се одразела и врз стопанството и врз БДП

Соња Маџовска


Министерот за финансии, Зоран Ставрески, вчера отворено го прозва гувернерот на Народна банка на Македонија, Петар Гошев, дека задоцнил со спуштањето на основната камата. Сепак, најновиот потег на централната банка тој го оцени како охрабрувачки, нагласувајќи дека му е драго што оваа институција ги согледала подобрувањата во реалниот сектор и перспективите на македонската економија.

„Доколку референтната каматна стапка беше спуштена порано, и ефектот за стопанството и за граѓаните ќе беше поголем“, изјави вчера Ставрески. Според процените на првиот финансиер, и падот на БДП за 2009 година ќе бил помал за половина процентен поен доколку навреме се реагирало со намалувањето на каматната стапка. „Сметам дека до крајот на 2010 година би можеле да се приближиме на нивото што беше пред кризата и тоа би било оптимално ниво за каматите, додека во 2011 година би можело постепено да продолжи намалувањето на каматните стапки кон нивото на европските каматни стапки“, истакна Ставрески.

Банкарите, пак, барем првите луѓе на банките, се' уште се на зимски распуст и не ја слушнаа веста дека Народна банка на Македонија ја намали основната камата за половина процентен поен. Сепак, иако честитката од гувернерот не ја прочитаа изворно, најавуваат дека многу брзо, уште деновиве, ќе направат пресметки за пониски камати за банкарските заеми.

Централната банка во понеделникот ги изненади сите со експресното, второ намалување на каматата на благајничките записи, која сега изнесува 8 отсто. НБМ на крајот од ноември минатата година ја намали основната камата од 9 на 8,5 проценти.

Симнувањето на референтната каматна стапка за еден отсто не е нагло олабавување на монетарната политика, но тоа е добро, бидејќи, во спротивно, појакиот пад на каматите може да предизвика контраефект, коментираат експертите.

Со ова гувернерот Гошев ја исполни желбата и на Владата и на стопанствениците да ја релаксира монетарната политика, која една година се држеше под мраз.

Дел од банкарите, кои, сепак, останале во Скопје порачаа дека ќе ги поевтинат кредитите и тоа брзо. „Соодветно ќе реагираме на намалувањето на референтната каматна стапка на НБМ и ќе ги намалиме каматите за кредитите од 0,5 до 1 процентен поен. Брзо ќе реагираме, веднаш деновиве ќе ги коригираме каматните стапки. Ова намалување најмногу ќе го почувствуваат фирмите, бидејќи износите за кои се задолжени тие се далеку поголеми и намалувањето веднаш ќе им се одрази на ратата за исплата на кредитот“, вели Јованка Јолеска-Поповска, генерална директорка на Прокредит банка.

Кредитите веќе ги поевтини Комерцијална банка од 0,5 до 1 процент, непосредно пред Нова година. Дали ќе има ново поевтинување, од оваа банка ќе соопштат по празниците. И од Стопанска банка првичните очекувања се дека ќе има намалување на каматите.

Според експертите, централната банка соодветно реагирала со тоа што постепено ја намалува основната каматна стапка.

„Потегот на НБМ нема да се одрази значајно врз каматите на кредитите. Тие ќе реагираат на овој сигнал, но со благо намалување на банкарските камати. Се' уште побарувачката за кредити е огромна, зошто тогаш банките подрастично би ги спуштале каматите. Монополизираноста на банкарскиот сектор кај нас, која се' уште е висока, го дозволува тоа. Не треба да се биде голем оптимист за падот на каматите. Тоа би било повеќе опортунистички потег на банките отколку реакција базирана врз фундаментални фактори“, смета професорот Мирољуб Шукаров.

Според него, овие сигнали на кои се потпира НБМ, се темелат врз информации дека светската економија заздравува и дека тоа брзо ќе се одрази и врз домашната економија. „Ама тоа не е баш така. Од светот доаѓаат различни сигнали. Американската економија е живната, ама тоа не се одразува врз стапката на раст и на намалување на невработеноста. И германската канцеларка Ангела Меркел порача дека годинава може да биде потешка од лани. Ова покажува дека може да се очекува уште едно изненадување во светот, со повторен пад на економиите што ќе ги врати песимистичките сценарија“ вели Шукаров.


#
Статијата е прочитана 928 пати.

Испрати коментар

Од: братот на софре
Датум: 06.01.2010 01:26:50
после сите овие акции спроведени од страна на ставрески за спас на економијата јас мислам дека обама ке го повлече во неговиот кабинет и тоа експресно за да ја спаси економијата на сад
Од: забеган.
Датум: 06.01.2010 09:40:59
Абре ГОШЕВ дајму на ова човече пола милиарда евра и ќе бидеш мирен 2,3 месеци.
Од: јас
Датум: 06.01.2010 11:46:05
Да, сите други им се криви на овие неписмени портокали...Само тие се безгрешно !!!
Од: don kihot
Датум: 06.01.2010 16:53:46
Merkite na Stavrevski se ok, jas neznam dali vi e vo interes da ima visoki kamati i na kogo toa mu odi vo prilog, osem na ovie" komentataori" koi ocigledno se partiski oboeni.Edno da vi e jasno koga se gresi se kritikuva ama ovie merki se za pozdravuvanje.Se nadevam deka ednas vo MK kreditite ke padnat ispod 4%, e togas ke konstatirame deka sme vo EU.
Од: Трпе
Датум: 06.01.2010 17:47:10
На ова,рекламна влада најлесно им е самарот да го фрлат врз туѓ грб..Па тоа е и нормално,поголем дел од нив како и министерот Ставревски биле во странство а тие се ценети многу од Мр.Рејтинг.Дали ЕПП владата навреме прогласеше рецесија ,немаше да се превземат други мерки.Но господинот Ставре не признаваше се до моментот на штрајкот на просветните работници,кога призна дека и душата да му ја земат,пари во државната каса нема.Е сега кој пстапил правилно и невремено а кој не,требада процени народот.
Од: Bitola Babam Bitola Canada
Датум: 06.01.2010 19:42:44
Abre Stavrevski ,napraj nesto ti,ne koga nekoj koga ke ja zavrsi rabotata odma ke ja komentiras.Kako ne ti e sram , ti ima uste mnogu furni lep da jadis a sotebe i uste nekolku kako tebe VMRO,go pikatevo podlaboka dupk a. Srecni Bozikni Praznici iSrekna Nova Godina.
Од: jovan
Датум: 07.01.2010 09:19:55
Za 2011 se ocekuva evro-kamatite da bidat mnogu povisoki otkolku sto se vo momentov.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Кој се плаши од Уставен суд?
Лекарката од „Фејсбук“ доби отказ
Лакрдија со вода
Патот на Истанбул до европска престолнина на културата
Без паника, полицијата ќе толерира алкохол до 0,5 промили
Името - на полпат или на крстопат
Светот ќе ги следи економските сигнали од САД
Православните денес го слават Бадник, а утре Божик
Елко, елко, порасни уште две-три педи...
Пензионерите се побунија, па добија пензија
Карикатура
Попот од Стaравина должи 10.000 евра за персонален данок
Пред Божик, за Божик - кај и да си, дома да си
Изгубениот дух го бараат во „Свети Јован Бигорски“