Кумановци немаат среќа со водата. Станаа алергични при самото споменување на зборот што е синоним за течност, без кој нема живот, а косата им се крева од суви чешми. Има причина за тоа. Четириесет дена останаа жедни во конфликтната 2001 година кога ОНА ја запоседна Липковска брана и го држеше во заложништво цело Куманово.
Сто и десет илјади жители на најголемата општина во државата искрено се надеваа дека теророт со вода нема да се повтори. Не било така. Циклично беа потсетувани дека кризите со вода ќе бидат редовна главоболка од која нема да се отарасат толку брзо.
Одисејата со вода во која убаво се почувствува здивот на политиката, за жал, продолжи. Токму за новогодишните празници, додека Северина со илјадници евра в џеб ја разубавуваше атмосферата, кумановци останаа без вода и ги молеа своите гости да одат по нужда зад куќа. Никому не му падна на памет дека во Македонија владее опасен грип што се пренесува со нехигиена.
Градот страда за вода поради политички несогласувања и семејни расправии на родени браќа од различни партии кои директоруваат со две претпријатија во централната и во локалната власт. Одговорните се потрудија да објаснат, но не доволно уверливо, кои се причините што немало вода кога во браната и во изворот ја има доволно. Во оваа лакрдијата стана јасно дека локалната и централната власт функционираат како да се оддалечени светлосни години една од друга и како единствено да работат за личните и партиските, а не и за интересите на граѓаните.
Како да не е доволен примерот со Тетово, кое поради политичко инаетење седум месеци се гуши во смрдеа од депонија. Треба ли и Куманово да го фати истиот пат, а политичарите да се пресметуваат преку водата.
На ова време каде сегде бликат изворчина,и поплави да нема вода????.Криви се самите КУМАНОВЦИ,Што некој си игра со нив.Земете бре кој дрво кој камен и удрете по Мангупите.Да не им текне да работат по нарачка на ПАРТИТЕ.
Од: Kumanovo
Датум: 06.01.2010 10:17:26
Bravo. Konecno korekten komentar. I ednata i drugata strana davaat objasnuvanja za postoeckata kriza za voda no ne im drzi prikaznata.Se vodi vojna na sueti, kopleksi na dvaica braka od koi edniot ima podrska od gradonacalnikot, a drugiot od centralnata vlast i seto toa na steta na gragjanite.Balkansi sindrom.