Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Червар ќе го продолжи договорот со Металург?

Клубот од Автокоманда сака да го задржи трофејниот тренер уште една година

Миодраг Мицковиќ

Иако есенското првенство во супер ракометната лига на Македонија играчите на Металург се уште тренираат по мошне успешната сезона. По двете убедливи победи против Вардар Про практично ја одбранија минатогодишната титула и сега сите нивни мисли се насочени кон двете средби во осминафиналето на Купот на ЕХФ против една од најдобрите германски екипи Гепинген. Како што е познато првиот натпревар ќе го одиграат на 19 февруари во гости а реваншот е на 26 февруари во Скопје, најверојатно во салата „Борис Трајковски“.

Играчите на Металург ќе тренираат се до 24 декември кога ќе заминат на заслужен одмор кој е планиран до 10 јануари. Меѓутоа, на тренинзите не се комплетни тренираат што се вели двајца без тројца бидејќи вкупно 12 ракометари се повикани во репрезентативната селекција за пријателската средба со Египет која ќе се одигра во текот на неделава во Скопје. Утре на првата прозивка на селекторот Шундовски ќе треба да се појават Ангелов, Митревски, Алушовски, Манасков, Наумче и Златко Мојсоски, Георгиевски, Димовски, Левов, Миркуловски, Стоилов, Маркоски и Лазаров, практично целиот тим на Металург.

Од канцеларијата на клубот дознавме дека Металург сериозно размислува да ја засили екипата со двајца квалитетни ракометари, најмногу со десен бек и силен шутер кој и недостасува на екипата. Во тек се преговори со двајца мошне квалитетни ракометари од странство но засега нивните имиња се држат во тајност се до завршувањето на преговорите. Во клубот се шушка дека Металург доколку успее да ангажира посакувани засилувања ќе им даде зелено светло на Миљак, Шмигиќ и Лазаров за да можат да си заминат. Неизвесна е и ситуацијата со Ќурувија, кој се уште ги чувствува последиците од повредата и не може да го даде својот максимум.

Неофицијално дознаваме дека главниот спонзор на Металург, бизнисменот Минчо Јорданов, сака да го продолжи сегашниот двегодишен договор со тренерот Лино Червар од чија работа се многу задоволни во клубот барем за уште една година. Разговорите се во тек а се ќе биде познато на почетокот на идната година. Лино Червар требаше вчера да замине за Загреб на големата прослава на јубилејот на ракометната федерација на Хрватска но поради густата магла на скопскиот аеродром тој не успеа да замине, но најверојатно тоа ќе го направи во текот на денешниот ден доколку временските услови тоа го дозволат. Червар во Загреб треба да прими златна плакета за своите заслуги за ракометниот спорт во Хрватска од Федерцијата на оваа држава.


#
Статијата е прочитана 477 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ракометарките преку Шпанија до Бразил
Пандев и Интер кралеви на светот
Европската бронза за романските ракометарки
Голема размена на играчи во НБА-лигата
Кумановска рампа за Работнички
Ајнтрахт ја прекина низата од 15 победи на Борусија (Д)
Георгиев заврши 12. во Банско
Спустот во Вал Дизер за Вон
Маринова 49. на СП на 200 м слободно
Репрезентативците отпатуваа во Хонг Конг
Моргенштерн го надлета и Енгелберг
Македонија не го доби ЕП 2013 за кадетки
Ангеловски се враќа за двомечот со Египет
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census