| Маринова 49. на СП на 200 м слободно Симона Маринова го заокружи својот настап со освојувањето на 49. место меѓу 71 натпреварувач на 200 м слободно на 10. Светско првенство во пливање во кратки базени, кое се одржа од 15 до 19 декември во Дубаи. Единствениот македонски претставник на мундијалот оствари време од 2:03,74 мин., подобро за речиси две секунди од пријавениот резултат 2:05,68 мин. 
 Во претходните две дисциплини во кои зеде учество 16-годишната Маринова беше 14. на 800 м слободно и 34. на 400 м слободно. (Р.Д.)
 |