Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Ракометарките преку Шпанија до Бразил

Македонија домаќин на четвртата селекција во светот во реваншот од баражот за СП 2011

Роберт Димитриевски

Шпанија е последниот филтер за женската ракометна репрезентација на Македонија на патот до 20. Светско првенство што ќе се одржи во Бразил во декември 2011 година. Вицешампионот од ЕП 2008 во Македонија и четвртопласирана селекција на минатогодишното СП во Кина ќе биде домаќин на првиот натпревар од мундијалскиот бараж на 3/4 јуни, а реваншот ќе се одигра една седмица подоцна во Скопје.

„Ждрепката не е лоша. Шпанија ми беше четврти пик и воопшто не ги ни погледнав нивните мечеви на ЕП. Бев убеден дека ќе ни падне Украина, Холандија или Унгарија и токму нив ги анализирав“, е првата реакција на селекторот Гино Стрезовски. „Мислам дека имаме солидни шанси. Посебно ако Портјанко реши да го одигра и баражот. По Божик ќе го објавам планот на подготовките, кој ќе ги опфати неделите на ЕХФ и повеќе контролни средби“.

Шпанките го освоија 11. место на Европското првенство во Данска и во Норвешка што заврши синоќа. Таму избраничките на Хорхе Дуењас не беа ни приближно на нивото од двете претходни големи натпреварувања, на кои пријатно изненадија и со играта и со пласманот. Во прелиминарната фаза во Олборг ја совладаа Србија со 26:23, а загубија од Романија со 30:26 и од Данска со 22:19. Во групата од вториот круг во Хернинг, пак, ја победија Русија со 30:22 и беа поразени од Црна Гора со 22:20 и од Хрватска со 23:22. Резултати неспоредливи со ланското СП, на кое го загубија во мечот за бронзениот медал со 31:26 од Норвешка, а во идеалната седморка на шампионатот влегоа Марта Манге како најдобар десен бек и Бегоња Фернандез како најдобар пикер. Норвешка и' се испречи на „црвената фурија“ и во финалето на ЕП во Македонија, каде што славеше со 31:24.

Македонија и Шпанија досега се имаат сретнато три пати во официјални натпревари и во сите три македонските ракометарки беа подобри: во квалификациите за СП 1997 беше 28:22 во Скопје и 26:20 во Мадрид, а на ЕП 1998 во Хертогенбош беше 27:22. Шпанките, пак, победија со 28:26 во контролниот меч одигран во салата „Борис Трајковски“ на 30 ноември 2008 година, неколку дена пред почетокот на ЕП.

Другите двојки за баражот се: Чешка - Црна Гора, Холандија - Турција, Франција - Словенија, Хрватска - Србија, Исланд - Украина, Германија - Унгарија и Полска - Данска. Светското првенство во Бразил ќе се одигра од 3 до 18 декември.


#
Статијата е прочитана 267 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Пандев и Интер кралеви на светот
Червар ќе го продолжи договорот со Металург?
Европската бронза за романските ракометарки
Голема размена на играчи во НБА-лигата
Кумановска рампа за Работнички
Ајнтрахт ја прекина низата од 15 победи на Борусија (Д)
Георгиев заврши 12. во Банско
Спустот во Вал Дизер за Вон
Маринова 49. на СП на 200 м слободно
Репрезентативците отпатуваа во Хонг Конг
Моргенштерн го надлета и Енгелберг
Македонија не го доби ЕП 2013 за кадетки
Ангеловски се враќа за двомечот со Египет
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run