Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Ајнтрахт ја прекина низата од 15 победи на Борусија (Д)

Тимот од Франкфурт, за кој цел меч одигра нашиот Васоски, славеше со 1:0, победи и Мајнц на Новески над Сент Паули со 4:2

Лидерот во германската бундеслига, Борусија Дортмунд, пристигна во Франкфурт со, неверојатни, 15 победи во низа, но и заморен од дуелот со Севилја во средата УЕФА Европа лигата, што значеше и крај на годинашниот европски пат за „милионерите“. Првото полувреме донесе очекувано израмнет меч, шанси имаа и едните и другите меѓутоа на одмор заминаа со 0:0. Почетниот резултат беше актуелен до завршните моменти кои донесоа вистинска драма. Најпрво Бароис, непречен од никого од 7-8 метри биеше над голот, за потоа, Гркот Гекас, во 88 минута, на нему својствен начин реагира ладнокрвно во противничкиот шеснаесетник и обезбеди голема победа за својата екипа. Конечни 1:0 за Ајнтрахт и прв пораз на Борусија од оној во воведното сезонско коло од Баерн Минхен. Нашиот Александар Васоски беше стартер во домашниот состав и ги одигра сите 90 минути.

Успешен викенд имаше и втората „македонска“ екипа во бундеслигашката конкуренција сезонава, Мајнц 05. На „Милентор“ стадионот во Хамбургер тимот на Николче Новески славеше над Сент Паули со 4:2. Нашиот репрезентативец, стандардно, одигра цел меч за својот тим. Двоен стрелец за гостите беше Шурле во 11 и 28 минута, Шалаи погоди во 41, Калигури во 83 минута стави печат на 11 сезонска радост на Мајнц 05, екипа која во пролетниот дел ќе влезе од втората позиција на табелата со 33 бода, 10 помалку во однос на Борусија (Д) на челната позиција.

Една од екипите која дефинитивно е незадоволна поради претстојната првенствена пауза е Шалке 04. Фудбалерите на Феликс Магат конечно почнаа да прикажуваат игри и да бележат резултати кои се очекуваа од нив пред сезоната, а до третиот триумф во низа стигнаа викендот против Келн на својот тревник. Победија со 3:0 со хет-трик на Раул (30, 50 и 87 минута).

Бундеслига, 17. коло



Резултати: Шалке 04 - Келн 3:0, Вердер - Кајзерслаутерн 1:2, Волфсбург - Хофенхајм 2:2, Ајнтрахт Франкфурт - Борусија Дортмунд 1:0, Нирнберг - Хановер 96 3:1, Сент Паули - Мајнц 05 2:4, Борусија Менхенгладбах - Хамбургер 1:2. Вчера играа: Баер Леверкузен - Фрајбург, Штутгарт - Баерн Минхен.

Табела: Борусија Дортмунд 43, Мајнц 05 33, Баер Леверкузен 32 (-1), Хановер 96 31, Фрајбург 27 (-1), Баерн Минхен 26 (-1), Ајнтрахт Франкфурт 26, Хофенхајм 25, Хамбургер 24, Шалке 04 22, Нирнберг 22, Кајзерслаутерн 21, Волфсбург 19, Вердер 19, Сент Паули 17, Келн 15, Штутгарт 12 (-1), Борусија Менхенгладбах 10.


#
Статијата е прочитана 160 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ракометарките преку Шпанија до Бразил
Пандев и Интер кралеви на светот
Червар ќе го продолжи договорот со Металург?
Европската бронза за романските ракометарки
Голема размена на играчи во НБА-лигата
Кумановска рампа за Работнички
Георгиев заврши 12. во Банско
Спустот во Вал Дизер за Вон
Маринова 49. на СП на 200 м слободно
Репрезентативците отпатуваа во Хонг Конг
Моргенштерн го надлета и Енгелберг
Македонија не го доби ЕП 2013 за кадетки
Ангеловски се враќа за двомечот со Египет
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run