Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Европската бронза за романските ракометарки

Во мечот за третото место совладана Данска со 16:15, Норвешка и Шведска синоќа за титулата

Женската ракометна репрезентација на Романија го освои бронзениот медал на 9. Европско првенство што се одржа од 7 до 18 декември во Данска и во Норвешка, откако во натпреварот за третото место го совлада соорганизаторот Данска со 16:15. За титулата синоќа меѓусебе требаше да реши шампионот Норвешка и најпријатното изненадување Шведска.

Во првото полуфинале Швеѓанките во возбудлив финиш ја совладаа Романија со 25:23, а во мечот за финалето меѓу соорганизаторите Норвежанките ја декласираа Данска со 29:19, и тоа на нејзин терен во Хернинг. Од 12.500 гледачи во салата најмалку 2.000 беа дојде од Норвешка за да ја бодрат својата земја во борбата за седмо финале на еврошампионатите. По шокантните 0:4, кои го натераа данскиот селектор Јан Питлик уште во 6:33 мин. да побара тајм-аут, неговите избранички првиот гол го постигнаа во 8 мин., за во средината на полувремето да се доближат на 6:7. Но, од тој момент на теренот загосподари бранителот на титулата, кој на одморот замина со предност од 14:10, а разликата полека но сигурно се зголемуваше во второто полувреме. Шест минути до крајот водството на Норвешка достигна 24:17 и тука стана јасно дека шампионот ќе игра за својата петта европска титула и четврта во низа!

Со својата петта победа во низа по двата пораза од Норвешка и од Унгарија на стартот, светскиот вицешампион Франција го освои петтото место. Дебитантот Црна Гора беше без шанси во овој меч, во кој на полувремето беше 12:5 за противникот, кој на крајот славеше со 23:19.



ПРВО ФИНАЛЕ ЗА ШВЕЃАНКИТЕ



За трето место: Данска - Романија 15:16.

Полуфинале: Романија - Шведска 23:25, Данска - Норвешка 19:29.

За петто место: Црна Гора - Франција 19:23.



ТОРСТЕНСОН МВП НА ПРВЕНСТВОТО



Линеа Торстенсон од Шведска е прогласена за најдобра ракометарка на 9. Европско првенство, а нејзината сонародничка Јохана Виберг е најдобар одбранбен играч.

Идеална седморка: голман - Катрине Лунде Харалдсен од Норвешка; лево крило - Мие Аугустенсен од Шведска; лев бек - Кристина Неагу од Романија; среден бек: Гру Хамерсенг од Норвешка; пикер - Хајди Локе од Норвешка; десен бек - Нереа Пења од Шпанија; десно крило: Мајбрит Квисгорд од Данска.


#
Статијата е прочитана 136 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ракометарките преку Шпанија до Бразил
Пандев и Интер кралеви на светот
Червар ќе го продолжи договорот со Металург?
Голема размена на играчи во НБА-лигата
Кумановска рампа за Работнички
Ајнтрахт ја прекина низата од 15 победи на Борусија (Д)
Георгиев заврши 12. во Банско
Спустот во Вал Дизер за Вон
Маринова 49. на СП на 200 м слободно
Репрезентативците отпатуваа во Хонг Конг
Моргенштерн го надлета и Енгелберг
Македонија не го доби ЕП 2013 за кадетки
Ангеловски се враќа за двомечот со Египет
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census