Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Кумановска рампа за Работнички

Претпоследниот тим во кошаркарскиот шампионат Куманово до завчера имаше само две победи од 11 меча. Но, сега има три. Со оваа последнава со право може да се пофали. Остварена е над најтрофејниот Работнички (90:83).

Ниту симултанката на Димитар Мираковски (35 коша) не беше доволна да се надмине жешката атмосфера во Куманово. Домаќините, предводени од Дарко Матиќ (24 коша) и Дејан Микиќ (18) уште во првата четвртина ја покажаа својата огромна желба да го фрлат на колена фаворизираниот противник. Во почетните десет минути Куманово направи предност од 28:20, која до полувремето беше намалена на 51:46. Третата четвртина ја доби Работнички со 19:18, но последната му припадна на домаќинот со 21:18.

Иако Тони Симиќ постигна 17 коша и додаде девет скока, гостите, кои лошо шутираа слободни (16/26), ја загубија борбата под обрачите. Куманово имаше 11 скока повеќе (37:26).

Резултати од 13 коло: Куманово - Работнички 90:83, Струмица - МЗТ Скопје 72:75, Фени И. - Пелистер 105:44. Вчера играа: Овче Поле - Ултимејт баскет и Лирија - Торус. Табела: Фени И. 12/1, МЗТ Скопје 11/2, Работнички 10/3, Торус 8/4, , Овче Поле 4/8, Ултимејт баскет 4.8, Лирија 4/8, Струмица 4/9, Куманово 4/9, Пелистер 2/10.


#
Статијата е прочитана 244 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ракометарките преку Шпанија до Бразил
Пандев и Интер кралеви на светот
Червар ќе го продолжи договорот со Металург?
Европската бронза за романските ракометарки
Голема размена на играчи во НБА-лигата
Ајнтрахт ја прекина низата од 15 победи на Борусија (Д)
Георгиев заврши 12. во Банско
Спустот во Вал Дизер за Вон
Маринова 49. на СП на 200 м слободно
Репрезентативците отпатуваа во Хонг Конг
Моргенштерн го надлета и Енгелберг
Македонија не го доби ЕП 2013 за кадетки
Ангеловски се враќа за двомечот со Египет
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run