Голема размена на играчи во НБА-лигата
Голема размена во НБА лигата се случи викендот. Дури осуммина кошаркари сменија клупски средини, а во трампата учествуваа Орландо, Феникс и Вашингтон. „Магичните“ го испратија Рашар Луис во Вашингтон во замена за Џилберт Аренас додека „сонцата“ ги добија Винс Картер, Микаел Пиетрус и Марси�� Гортат и три милиони долари за Хидајет Туркоглу, Џејсон Ричардсон и Ерл Кларк.
Откако Орландо го испушти првото место на Истокот и падна на четвртото, раководството на клубот, според многмина, се реши на очајнички потег и освежување на тимот откажувајќи се притоа од сите адути за некои идни преговори. Новите играчи на хартија треба да донесат подобрување, но ако замислата не „запали“ тогаш тимот ќе биде зацементиран со постоечкиот кадар за кој и така е постојат дилеми колку ќе може да се носи со Бостон и Мајами.
Еден од клучните играчи во размената беше Аренас кој последните седум години ги мина во Вашингтон и бележеше просек од 25 коша и 5,7 асистенции по меч. Но, неговиот карактер често го доведуваше во проблеми. Лани беше суспендиран на 50 натпревари, откако внезе пиштол во соблекувалната на визардси, а оваа сезона мамеше дека е повреден. Втората важна принова кај Орландо треба да биде Џеферсон со 19,3 поени по натпревар беше водечки стрелец на Феникс.
Туркоглу го напушти Орландо пред две години како слободен играч. Во Феникс не се снајде најдобро и враќањето на Флорида може да претставува голем кам-бек за турскиот интернационалец бидејќи токму во дресот на „магичните“ ги прикажа најдобрите партии во кариерата.
Резултати (недела): Орландо - Филаделфија 89:97, Вашингтон - Мајами 94:95, Кливленд - Њујорк 109:102 (по продолженија), Чикаго - Лос Анџелес Клиперс 99:100, Милвоки - Јута 86:95, Сан Антонио - Мемфис 112:106 (по продолженија), Денвер - Минесота 115:113, Портланд - Голден Стејт 96:95. |