Ангеловски се враќа за двомечот со Египет
Левиот бек на Констанца, Бранислав Ангеловски, кој не беше дел од двете квалификациски средби за ЕП 2012 против Естонија и Босна и Херцеговина на крајот од октомври, доби покана за двомечот со Египет што ќе се одигра на 23 и 24 декември. Од квалификациите ќе недостигаат Владимир Темелков и Ристо Арнаудовски.
За утрешната прозивка во 13 ч. во хотелот „Континентал“ во Скопје селекторот Звонко Шундовски ги повика голманите Ристовски, Ангелов и Митревски, крилата Алушовски, Манасков, З. Мојсоски и Георгиевски, пикерите Димовски, С. Стоилов и Н. Маркоски, како и бековите К. Лазаров, Левов, Н. Мојсоски, Миркуловски, М. Стоилов, В. Маркоски, Ангеловски, Ф. Лазаров и Кукоски. (Р.Д.) |