Ако има силна политичка волја, а има во ЕК, но не и во сите земји-членки, би требало да се формулира препорака
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
Брисел - Наредниот понеделник Европската унија ќе го разгледа напредокот на Македонија, Србија и на Црна Гора околу укинувањето на визите и од оваа средба ќе зависи дали има шанси процесот да се движи со полна брзина или ќе има мало закочување. Неофицијално, Брисел и натаму ја убедува, пред се', Македонија дека оддолжувањето од неколку месеци не треба да биде проблем, што значи дека визите би се укинале, ако има волја, до почетокот на летото, а не на почетокот на 2010 година.
Дотогаш, по се' изгледа, ќе се чека Србија и Црна Гора да ги исполнат условите, за да може укинувањето на визите да биде поголем пакет, бидејќи така побезболно ќе се спроведе новиот режим на Балканот.
Ако има силна политичка волја, а има во ЕК, но не и во сите земји-членки, во понеделник би требало да се формулира препорака, а предлогот за промена на шенген-режимот да дојде во јули или во јули.
Клучен момент, сепак, ќе биде состанокот на министрите за надворешни работи, по кој ќе биде јасно какво е дефинитивното расположение на земјите-членки и во каков рок можеме да очекуваме да се кренат шенгенските граници.
Ако тоа се случи во јуни, тогаш гласањето во Советот за правда и внатрешни работи во ноември или во декември би било формалност, бидејќи тогаш само ќе се решава за датумот кога ќе почне примената на новиот режим.
Тоа во практика значи дека македонските граѓани идната година ќе патуваат без визи во речис�� сите 27 земји-членки на ЕУ, со исклучок на Велика Британија, Ирска и Данска, исто така, и во сите нови земји-членки на ЕУ, иако тие се' уште не се дел од шенген-зоната, како Бугарија, Полска, Романија и други.
Тоа речиси сигурно ќе повлече и бран повлекување на шенгенските ѕидови на други земји надвор од Европа, бидејќи повеќето држави од светот својата политика ја хармонизираат со таа на Брисел. На Македонија, според извештајот, и' останува да го поправи статусот на Ромите, да го донесе законот за антидискриминација, да ја заврши централната база на разузнавачки и други податоци и да го заврши издавањето нови биометриски пасоши, за да има комплетно чисто досие пред Унијата.
Но, и ваква каква што е оцената на Брисел за нашите постигнувања е охрабрувачка, бидејќи се регистрира прогрес во оваа сфера, за кој не сме ни биле свесни во земјава. Во извештајот, имено, е наведено дека Македонија постигнала многу добар напредок во безбедноста на документите и оти досега издала повеќе од 417.000 биометриски пасоши според ЕУ-стандардите, а тој процес целосно ќе заврши до 2012 година. Вработените во овие одделенија, според ЕУ, се добро обучени и селектирани и досега не е откриен ниту еден случај на корупција околу издавањето на документите, што е многу важно за Брисел, по сите фалсификати и продадени пасоши во регионот.
Во делот за справување со имиграцијата е наведено дека е постигнат значаен напредок, оти граничната полиција функционира според ЕУ-стандардите, дека има добра соработка меѓу агенциите, оти вработените во оваа област се многу професионални и мотивирани и азилантските процедури се функционални и ефикасни. Останува, според ЕК, да се донесе нов закон за внатрешни работи, да се подобри проценувањето на операционалните ризици и граничните премини технички да се модернизираат.
Исто така, се бара да се унапреди централната база на податоци за странците во државата, и да почне имплементацијата на стратегијата за интеграција на бегалците и на мигрантите, нешто што не е проблем сега туку ќе биде многу повеќе во иднина, кога ќе падне визниот режим, бидејќи сега Македонија не е атрактивна за мигрантите и за илегалците. Во областа на јавниот ред и сигурност оцената е дека е постигнат значаен прогрес, дека е засилена законската рамка во однос на трговијата со луѓе, борбата против дрогата и организираниот криминал, но дека треба да се засили административниот капацитет на институциите, кои се справуваат со тоа.
Затоа се бара воспоставување национална база на разузнавачки податоци и засилување на борбата против корупцијата, иако и таму се забележува напредок во употребата на специјални методи за нејзино откривање. Во делот на фундаменталните права и надворешните релации оцената за Македонија е дека е „добро напредната“, со забелешка дека се' уште значаен број Роми немаат лични документи и оти законот за антидискриминација се' уште чека во Собранието. (С.Ј.)
Veke na veliko mu se raduvame na "osloboduvanjeto" od vizite. Duri i Vladata si go prepisa ova kako edno golemo dostignuvanje. Se e ova ubavo nema sto, no jas licno mislam deka vizna liberalizacija za nas ke nema ni na o1.o1.2010 ni na leto 2010. Srbija i Crna Gora vo meguvreme ke ne pominat, a nie ke si ostaneme da go "cekame" Kosovo. E tek togas zaedno so Kosovo ke dobieme vizna liberalizacija(pod uslov i nie i Kosovo da preziveeme kako drzavi). Znam deka zvucam pesimisticki ,i deka sega nekoj komentatori(patrioti) parce ke me napravat, ama sepak ne se raduvajte predvreme ,pocekajte da vidime sto uste Evropa ke pobara od nas, pa tek togas jasno ke ni stane dali i koga ke dobieme bezvizen rezim.
Од: nekoj
Датум: 23.05.2009 01:21:22
veke stanavte dosadni.
Од: Franko-London
Датум: 23.05.2009 01:29:52
I sto koga ke padne shengen ??? Makedoncite ke patuvaat bez problemi niz Svetot ?!?Koj ke patuva ?
350 000 nevraboteni i nivnite semejstva ? Penzion
erite? Studentite od drzavniot Univerzitet ? Prosvetnite,gradeznite,tekstilnite rabotnici I dr ???
NE. Ke patuvaat Gruevci,Pratenici,Pretsedateli na opstini i slicni na niv podmitlivi paraziti,cii godisni odmori i patuvanja ke gi finansiraat novopecenite i
Tranzicionite "biznismeni"-milioneri,koi fateni raka pod raka so politickata mafija,go gulat Makedonski
ot Narod uzduz i popreku.By the Way,tie i den denes patuvaat niz svetot,so Diplomatski pasoshi
koi velikodusno im gi podeli vlasta.Aferim Shengen
Од: mitko za beskonecnosta, heroite i spomenicite
Датум: 23.05.2009 01:30:48
Taka odat rabotite ovaa prolet pred slednoto leto ke kazat deka mozebi letoto posle ova leto ke dobiemie vizni olesnuvanja. Ama posle slednata zima, potocno za vreme na proletta posle navedenata zima a ne pokasno od slenoto leto ne ovaa godina tuku narednata ke ni kazat deka ke treba da cekame na slednata esen ako za vreme na navedoto leto nesto nepovoln ose sluci vo vrska so liberalizacijata. I taka ke treba dolgo dolgo da cekame za seta ovaa rabota. Sepak ke ima i utesni raboti, Latas uste nekolku pati ke go proglasi Bocevski heroj na prerodbata a ke do togas ke go dobieme i ubaviot spomenik na Bukefal pred koj ke moze da sedime i da cekame liberalizacija. Taka i cekanjeto ke ni bide poubavo, zatoa sto ke se potsetuvame deka sme potomci na slavnite grcki vojskovodci.
Од: od anonimen
Датум: 23.05.2009 08:50:03
Ova veke nema kraj sekoja godina velat onaja slednata ke padnat vizite taka so godini veke izgleda potcenuvacki na toj nacin da ne lazat Dosta e
Од: zabegan.
Датум: 23.05.2009 09:11:57
Слободанке-ама ме разочара со насловот Визите ќе се укинат идното лето. Ама оној прашалник ми дава некоја надеж можеби ќе биде порано.
Од: Prilepcanec
Датум: 23.05.2009 09:24:03
Znaci,vlasta prodolzuva da se zabavuva so narodot na najprizemno nivo:de sega,de posle ke bide ukinat vizniot rezim za gragjanite na RM,a-nikako toa da se sluci.Pred nekoj den najavata za ovoj golem uspeh na Vladata bese od idnata godina,sto ke rece od 1-januari,sega se veli od idnoto leto...a vo megjuvreme osudena e na visoka paricna kazna pratenickata na SDSM od Bitola zasto kazala kako rabotel akttuelniot minister za odbrana vo bitolski REK.Isto presudata ja dobi i Premierot protiv g.frckovski.Ostanuva da se raduva narodot na "pravnata drzava" so najavata deka ovie pari gospodata od vlasta ke gi dale vo dobrotvorni celi.Koi se tie -ne kazale.
Ajde,vlasta neka vladee,malku molceskum,bez ton i bez slika-ionaka narodot gi gleda posledicite od nejzinite postapki.Pa ne treba samo narodot da molci-neka molkne i vlasta.
V nedela SDSM ima kongres-i eve im cestitka-molcete,oti ke ve zamolcime.
Од: lenin 7 sekretari na skoj
Датум: 23.05.2009 09:25:59
Ko kojznae sto ke se sluci ako ni gi ukinat vizite?
1 Prasanje e dali ke gi ukinat ili povtorno ke baraat nekoj uslov.
2. I da gi ukinat koj ke patuva? samo tie sto imaat pari i onie koj edvaj cekaat da fatat magla od drzavcevo a dali ke se snajdat toa e drugo.
3. Ostatokot od narodot nema pari da pojde do kumanovo a ne da patuva negde podaleku.
Од: Vodno
Датум: 23.05.2009 09:31:17
Ne mi jasno toa ke gi ukinele vizite??? Pa posle 1 godina vkluciv Sitel i dobiv vpecatok deka vizite se ukinati vece i za toa kompletna zasluga imale premierceto so buceto??? Istoto go pisuva i vo Vecer, no rajata vo MKD slepo veruva vo ovaa dezinformacija? So Ace-ubiecot na plostad mozeme da sonuvame za vizna liberalizacija???
Од: meto
Датум: 23.05.2009 10:43:29
Cudo e sto Utrinski voopsto napisa deka ke gi ukinat vizite, hahha
Од: od - DO-zabeganiov
Датум: 23.05.2009 11:43:57
Aman be zabegan dosta se bruka vo medii ti i taka nema da te primi nikoj vo EU no se gleda deka nikogash ne si izlegol nadvor od selo pa se tokmish vo EU a onie koi se za vo EU ke dojdi den i bez vizi no sega so vizi odat vo EU a vladata ke goostvari sonot na mnogu makedonci...
Од: vasil
Датум: 23.05.2009 12:18:57
Абе тие у влада за ненормални не мислат. Упорно тврдат нешто што неможат да го докажат па очекуваат да им веруваме. Јас гласав за оваа влада да ме внесе у ЕУ и НАТО, ако не го направат тоа не гласам за нив. Три години се на власт ништо немаат направено, изгубени во простор и време. Па со деца не се прави држава, немаат еден искусен економист, бизнисмен или било што, се некои теористи, пулени, со имаат учено до 30-та година, па ставени министри, тие освен теорија друго и не знаат. ЗАТОА И НЕ НЕ БИДУВА! Оваа влада е најглупа до сега, а посебно е интересен фактот што и сите други не смета за глупи, па сака дури и насила да не напраи глупи. Абе ајде шетајте, алооооо....
Од: veles
Датум: 23.05.2009 13:52:04
da se ceka srbija i crna gora hahaha,mislam deka koga ke mu gi ukinat vizite na mars i marsovcite nie ke bidime vo paket so niv.
Од: od turçin
Датум: 23.05.2009 13:58:54
Na kukovo leto!
Од: Vladimir
Датум: 23.05.2009 14:06:19
Ne ste arni vie lugje. A cija e zaslugata? Zaslugata e sto za prv pat nekoj sednal da sraboti nesto za da se ima bel obraz da se dobie nesto. Pa i narednoto leto da padnat vizite, sto? I toa bi bilo uspeh, i toa eden i edinstveno tolku golem vo ovie 19 godini tranzicija. Razbiram deka treba da bidete opozicija, ama barem sluzete se so silata na argumentite, a ne so demagogii. Jas imam ne malku zabeleski za ovaa vlast, i toa vo mnogu sferi. No za ova so vizite se izvinuvam, ama ne mozam da vi se pridruzam vo jadenjeto burek bez pokritie. Ednostavno go nemate, i edinstven nacin da se pokazete kako seriozna opozicija e da prestanete so malogragjanski plukanja i prepukuvanje. Aaaabe kamo jas da vi vlezam vo partijata.
Од: od miki
Датум: 23.05.2009 14:34:46
abre ne go lazite narodot voa leto drugoto leto
neli gledate deka se tonime i tonime srbite bea zad nas sega za eden mesec pisuvate vo juni ce im gi ukinele vizite pa kako nam ada mu gi ukinat kaa znaat so barat .via nasite politicari samo lazni obecanja,aj neka a settat meckata .i neka ne ne lazat vise i bocevski i kompanija .nema evropa laga cista nema bezvizen rezim.samo molam boga barem drzavata da ni ostane da ne a izedat via predavnicite.
Од: Ози
Датум: 23.05.2009 15:03:56
Да не биде ’на куково лето’. Веднаш ми се сврте низ глава песната од Индекси, ’Сањам’, па почнав да си ја петпевнувам.
Од: boban
Датум: 23.05.2009 17:13:27
ke gi ukinat vizite sega ili po verno na kukovo leto:-))
Од: Болен М. Дојчин
Датум: 24.05.2009 10:08:19
Ветувањата се уште од времето на Растурањето на Југославија. Македонија требаше да влезе во ЕУ до `96 (Циле). Значи тогаш требаше да „паднат“ и визите. Беше ветуван слободен проток на Луѓе и Капитал. Денес, најуспешно низ границите се движат Криминалците од сите бивши Репблики. Оние 350 илјади невработени сè граѓани од Трет Ред, без право на излез и „проток“. Втор ред се вработените за мизерни плати (до 300-400 евра, па и оваа цифра е мисловна именка за многумина). Привилегираните (patricii) се власта (во ликот на позиција и опозиција), посткумунистичките (до вчерашни Лумпенпролетери) олигарси, аналфабети (од типот Бајрам) и псеудоинтелектуалци (успешни улизици). Значи, Ветувањата не „движат“ напред, па укинувањето е сè уште можно, до Куково лето!
Од: Makedonec
Датум: 24.05.2009 16:44:42
Мислев дека има разлика меѓу РАБОТНА и ВИЗА ЗА ПРЕСТОЈ?
Од: Makedonec
Датум: 25.05.2009 11:29:25
I da se ukinat vizite, ke ostane zzalnoto soznanie, deka nie nemame dovolno politicka i moralna kultura da go zbogatime everopskoto opstestvo.
(Ni BG ni RO ne go pravat toa, ama...)
Nasekade kaj nas Vladee Mito i Korupcija- pojdete na bilo koj granicen premin kako stranec; Na ulicite niz gradovite policajci po raskrsnicite- za ukras. Pred nivni nosevi se pominuva na crveno, se vozi po trevnici, se vozi prebrzo- a tie-go cekaat 1-vi da gi izbrojat i onaka jadnite nekolku drzavni denarcinja sto gi dobivaat "za nekaznuvanje na oligarsite, nivnite debilni kerkicki i sinchinja. Narodot- siromasniot... toj plaka.
Evropo cekaj da ti dojdeme... a togas maf ti e rabotata bidejki ova ne e se!