Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Tајна средба на најбогатите луѓе во светот во Њујорк

Бафет, Гејтс, Рокфелер, Тарнер, Винфри, Блумберг и Сорос се сретнале зад затворени врати

ЊУЈОРК - Тајната средба на најбогатите луѓе во светот, на која се дискутирало за глобалната финансиска криза, се одржала на 5 мај во Њујорк. Мистериозната средба, на која беше забранет пристап за медиумите, ја свикале Ворен Бафет, извршен директор на „Беркшир-Хетавеј“; Бил Гејтс, косопственик на „Мајкрософт“; и Дејвид Рокфелер помладиот, претседател на „Рокфелер фајненшел сервисес“. Покрај Гејтс, Бафет и Рокфелер, меѓу присутните биле Опра Винфри, Џорџ Сорос, Тед Тарнер и градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг. Таа се одржала во претседателската сала во Универзитетот Рокфелер во Њујорк.

Како толку моќни личности од американскиот живот успеале да ги изменат и координираат своите агенди за така кратко време, и да се состанат во исклучителна тајност во светската медиумска метропола и понатаму останува мистерија, како и крајниот исход од конференцијата на милијардерите. Во писмата со кои ги поканиле останатите да присуствуваат, Гејтс, Бафет и Рокфелер ја навеле светската рецесија и ургентната потреба да се направи план за иднина. Тие посочиле дека сакаат да ги слушнат мислењата на повеќе клучни лидери во финансискиот и во филантропскиот сектор.

„Хроника на филантропијата“ проценува дека од 1996 година учесниците донирале повеќе од 72 милијарди долари во добротворни цели. „Добротворните организации се сериозно погодени од глобалната рецесија и на средбата најверојатно бил направен обид да се постави новиот курс на филантропијата“, изјави Стејси Палмер, главен и одговорен уредник на „Хроникл“ за ABCNews.com. Таа нагласи дека ваквите средби се многу невообичаени. „Не можам да се сетам кога друг пат тие биле во иста просторија за да разговараат за филантропија“, изјави таа. „Ова е невидено досега“.

Голема е веројатноста дека овие луѓе никогаш не биле во иста просторија во исто време. ABCNews.com укажува дека состанокот потсетувал на средбите од 1907 година, кои Џ. П. Морган ги одржувал во својот дом, во обид да се запре финансиската паника во земјата.

На секој од присутните му биле дадени 15 минути да направи презентација за тоа како ја гледа идната глобална економска клима, идните приоритети за филантропијата, и што смета дека елитната група треба да направи. Според еден од присутните, Гејтс бил најимпресивен говорник на денот, додека Тарнер, пак, најискрен, а Ворен Бафет најнепопустлив во однос на неговата агенда за промени. Винфри, се наведува, била „внимателен слушател“.

Богатството на Гејтс се проценува на 57 милијарди долари во 2008 година; а според проценките, до неодамна Бафет имал 37 милијарди долари, што ги прави најбогати Американци. Едно време Винфри беше единствена црна милијардерка во светот, таа има големи холдинзи во забавната и во издавачката индустрија, а воедно е и водечки филантроп. Тарнер, основачот на Си-Ен-Ен во една пригода донираше милијарда долари во ОН. Личното богатство на Сорос се проценува на 11 милијарди долари, додека Блумберг е рангиран како осми најбогат Американец, со 20 милијарди долари. Меѓу другите поканети биле Ели и Едит Брод, чие сегашно богатство се проценува на 5,2 милијарди долари; Џон Моргриџ, поранешен извршен директор на „Циско“, и неговата сопруга Таша; Питер Петерсон - сениор, претседател на „Блекстон груп“; Џулијан Робертсон, основач на „Тајгер менаџмент груп“; и Пети Стоунсифер, поранешен извршен директор на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“. „Сите тие беа таму, големите и добрите“, изјави еден учесник.

(Irish central-Maxnews.com)


Статијата е прочитана 2741 пати.

Испрати коментар

Од: komunist
Датум: 23.05.2009 00:43:32
Belosvetska bagra i hostapleri, na koj (se nadevam) im se blizi krajot, stom tajno se sobiraat i tajno rovarat. Cel zivot opstojuvaat od krvta sto ja cicaat na siromasnite drzavi i rabotnicite. Za nisto ne gi biva ,a izigravaat nekakva si intelegencija. Sigurno se dogovaraat za najnovite metodi kako da go kradat i lazat obicniot rabotliv i dobrodusen covek. Smisluvaat novi podlosti, koj se nadevam nema poveke da im pominat.
Од: Skopski kengur
Датум: 23.05.2009 01:26:21
Interesno e sto samo Amerikanci se sobrale. Malku gi zaboravile kineskite i indiskite milijarderi. Poveke mi lici na "kako da ja spasime Amerika" otkolku "sto e dobro za svetot". Glupaci, za brz profit ja prokockaa mokta na Amerika.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 23.05.2009 14:10:34
Toa se lugeto koi ja predizvikaat svetskata recesija, iod vtor red, i nivna cel e licno zbogatuvanje vo segasni uslovi na namaleni vrednosti na nedviznini, i osiromasuvanje na narodot, kako podocna na dolg period bi imale uste uslovi za bogatenje preku nas. Prevedete go ova na makedonski recnik i ke gi dobiete vo Makedonija nositelite na ovie aktivnosti.
Од: igor
Датум: 23.05.2009 21:55:14
ova li se tie kako se vikaa, MASONI ?
Од: Cento
Датум: 23.05.2009 22:51:03
Nisto ne e vecno krajot na amerite se blizi. Svetot malku ke se podzavrti i toa tokmu na drugata strana istok!!! Kina Indija Rusija ke ja prezemat golemata ekonomija dodeka amerite slednite 10-15 god ke probuvaat da fatat ramnoteza. "svetot raboti za nas, nie sme tuka samo da trosime pari" ZAVRSI dragi moi amercinja so kuki i po 5 koli pred sekoja kuka na pump ah dane gi zaboravam kreditnite karticki najmalku 5 po osoba. pa nazdravie neka vie, samo koj ne bil kaj vas uste sonuva za amerika
Од: marko
Датум: 24.05.2009 12:15:51
mnogu negativna energija makedocni.. ako imate poveke informacii ke znaete deka tie ludje doniraat mnogu mnogu niz svetot. Samo za primer Voren Bafet go donirase celoto svoe bogatsvo od nekoj 30miljardi na fondacijata na Bil Gates koja se bori da im pomogne na zabolenite so SIDA vo Afrika. Bil Gates se penzionirase od svojata pozicija od Microsoft i sega odi po svetot i im pomaga na siromasnite. Ovie ludje se mnogu pozitivni i gledaat najgolem blagoslov vo toa sto imaat sansa da im pomognat na siromasnite i da go napravat svetot podobro mesto za ziveenje.
Од: Unreal city
Датум: 24.05.2009 15:24:57
Mnogu negativna energija vo komentarive, se slozuvam. Neka samo procitaat malku kolkavi sumi sekoj od ovie lugje dava za razn celi, no kako po pravilo, citame onaka kako sto ni odgovara. Kolku domasni milioneri vo ovaa tranziciona Makedonija imaat napraveno nesto analogno, makar i na mnogu poskromno nivo? Osven gradenje crkvi? Lista na mozni celi: javni kujni, domovi za nezgrizeni maloletnici (citaj, pitaci, zavisnici od droga, itn.), centri za re-obuka na nevraboteni lica (na pr. steknuvanje osnovni znaenja od informatika), domovi za bezdomni zivotni, eko-deponii, zasolnista za zrtvi na semejno nasilstvo...
Од: REAL CITY
Датум: 25.05.2009 01:15:48
Kako sto veli UNREAL CITY, imalo mnogu negativna energija vo komentarive.Ovie bile uste i "dobrotvorci" gradele narodni kujni za pitaci,centri za nevraboteni, te DOMOVI ZA BEZDOMNI ZIVOTNI,bre,bre.E pa lugjevo koi pisuvaat se svedoci na vreminja vo koi ne trebaa vakvi institucii koi se produkti na "bajniot kapitalizam", neli, primer PITACITE?Nemase potreba.Davale pari? Bre majkata, a kako se steknati tie pari?Od drogata vo Avganistan,toj de sto go "oslobodija" ,pa od 500 t denes ima 8000 t proizvodstvo na opium godisno?!Od ""reizgradbata" na Irak?!Od prostitucijata, trgovijata so oruzje, tutunot,koja cuti niz Balkanot?!

Најди! во Утрински
Насловна
Бендевска треба да плати 11.000 евра за клевета на Коњановски
Карикатура
Дипломатски фаул во односите со Австрија
Серија земјотреси во Струмичко
Лекарски игри со очните прегледи на бебињата
Парадигмата на Маневци
Битка за „кралството“ на Надал
Русија се сомнева во „источното партнерство“
Пратеници - измамници
Социјалдемократите подготвени за Црвенковски
Визите ќе се укинат идното лето?
Кирилица на Интернет
Грчкото лоби го притиска Барак Обама за Македонија
Германски јубилеи