Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Пратеници - измамници

Оливера Војновска

Пратеник во македонскиот парламент се изјасни во име на свој колега кој беше отсутен од седницата, со што фактички го фалсификуваше гласањето за закон што се носи со двотретинско мнозинство. Тоа само по себе е скандал. Но, за жал, ваквата демонстрација на примитивизам и некултура не наиде на осуда. И, наместо да се инсистира случајот да се расчисти и да се обелодени кој си дозволи најбезобѕирно да лаже пред целата јавност, се молчи. Скандалот се минимизира. Иако прашање е колку пати досега се случило ова, особено со пратениците анонимуси, на кои гласот не сме им го слушнале.

А доколку се сака, не е некаков подвиг да се расветли настанот. Нема потреба од којзнае каква истрага. Присутните во салата забележале дека „јунакот“ е од средниот ред, каде што седат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, башка има снимки од собраниските камери. Секако, би било доблесно самиот да ја признае грешката и да ја напушти функцијата. Само очигледно е дека се нема храброст за такво нешто, или се води сметка за имиџот на партијата. И во еден таков резон најбезболно е срамот да го понесе парламентот.

Нашите пратеници двапати одеа на обука по демократија во Велика Британија и уште во два наврата британски парламентарци им држеа предавања во Македонија. Но, изгледа ништо не научија.

Деновиве спикерот на британскиот Парламент, Мајкл Мартин, поднесе оставка на својата функција поради алчноста што ја покажаа некои од британските пратеници. Скандалот ја тресе британската јавност, Мартин им се извини на гласачите и како морален чин ќе се повлече од спикерското место. Така е тоа во демократскиот свет. Во нашата тажна балканска приказна таквите манири на однесување се мислена именка.


Статијата е прочитана 1616 пати.

Испрати коментар

Од: BZ
Датум: 23.05.2009 00:26:42
pa dobro bre gospogo ,vednas bese ponisteno glasanjeto,pa vidovme na TV,sega vie li ke ni iznesuvate svoja vistina. STO znaci deka gledacite ne gledaat kako vas ,ili toa vi e vo navika ,KOREKTOR na sdsm.
Од: kosta
Датум: 23.05.2009 00:42:41
Cim e od VeMeRO pratenikot e bezgresen...taka veli pastirot... tie bile cesni i kvalitetni lugje... ma ajde te molam???
Од: GOGO
Датум: 23.05.2009 02:25:34
Kadijata te tuzi kadijata te sudi, cavkata na cavka oci ne vadi, kakva kultura barate koga 50% od vmr-ovcite odvaj znaaat da se potpisat, za zal za sega e taka kako sto e, do KOGA ???????
Од: Nikola
Датум: 23.05.2009 06:37:02
I mediumite se soucesnici vo skandalite na ovaa vlast. Niedna televizija ne objavi snimka od sednicata na koja bi se cul falsifikuvaniot glas. Toa e taka za da se kaze vesta, ama da se pokrie skandalot
Од: загрижен
Датум: 23.05.2009 07:13:18
Морал! Од оваа именка кај н��с се користи значењето кога некој морал во име на партијата за себе да си направи рекичка од мед и млеко! Значи, му се може, а заради пертијата и мора! Оставка? А рекичката?
Од: nekogo
Датум: 23.05.2009 08:17:09
Pa sto ocekuvate od nekoj sto so krazbi stanuva pratenik. Takvite duri i se gordeat so toa sto site doznale deka e aramija. Jas ne sum voopsto iznenaden so ova , koga 90% od roditelite gi ucat svoite deca deka ne trebaat da biraat sredstva za postignuvanje na svoite celi /bilo koi da se tie/. A i pratenikov e necij sin. Kakov tatko-takov sin! A kakov li ke bide sinot/kerkata ne doticniot pratenik!?!? I sega, namesto odzemanje na imunitetot i pravo pred sudija, pa i vo zatvor bidejki krazbata e dokazana /a veruvam za vakov kriminal se predviduva kazna za koja se odzema imunitetot/, napatriotskata partija, kojasto so site sredstva i sili se bori protiv korupcijata kriminalot pa zatoa apsi vo sekoj cekor i sekoja prilika MOLK. A neli se izjasni P'remie'ot G'uevski deka nema milost za tie sto k'adat /izgleda zabo'avil da go kaze glasno posledniot del na 'ecenicata, OSVEN TIE STO K'ADAT ZA MENE/!!!.
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 23.05.2009 10:15:12
Симптоматично е да пратениците од СДСМ не реагираа туку на ЛДП.Но ова е минорно во однос на криминално однесување кога се патуваат 2-3 пратеника во една кола а прикажуваат како да се дојдени сосвои коли и земаат патни трошкови,порано имаа картички за присатност (незнам сега дали ги имаат) ги даваа на своите колеги да го регистрираат нивното порисаство а тие одеа и вршеја приватни работи а земаа дневници за своето неприсаство.Од ова нема поголем криминал па уште кога почнуваат да дебатираат по одделни проблеми а немаат никаков поим нити школска подготовка да тој проблем го елаборираат катастрофата е тотална.Затоа предлагам пратениците да плаќаат одреден надоместок за даги слушаме и гледаме а парите да одат во интелектуален развој на младата популација.Ова се однесува на сите пратеници во парламентот.
Од: eleni
Датум: 23.05.2009 11:31:40
Od naslovot pomisliv deka se raboti za Britanskite pratenici ! Vasiot dopisnik ne vi prenesuva deka tamosnite MP se pikaat po 6stmina vo mini moris a davaat smetki za prva klasa voz.
Од: Crvovski Borko
Датум: 23.05.2009 16:03:51
Pa neli dobro se slusna deka e toa glasot na Brane.Pa neli za se e kriv Brane.Pa neli Brane e mora za vmrovcite.Pa neli Brane e vo mozokot na sekoj pratenik i eden dobro poznat na site, silno izgovoril ama sega so glasot na Brane-ZA- i vidi smeska zakonot bese izglasan oti na spikerot taka mu kazaa sluzbite i vidi kumendija toj se uste ne go poznava pratenikot koj ne bese prisuten, ne greska toj bese nevidlivo prisuten vo salata. Sram za narodot koj gi glasase ovie poltroni. Velam sram za narodot oti ovie nemaat ni sram ni perde. Makedonija nikogas nema da stane drzava so ovie pr(at)e(dav)nici.
Од: Драги
Датум: 23.05.2009 17:02:52
Пратениците биле во Англија на курс по трошење народни деневници и дистракција по Лондонски пабови.Во пауза ишле во вечерно училиште за демократија односно,забрзан курс.Тоа се јадни и патетични марионети ,ама за*Македонија * се ќе се издржи.Сметам дека при избор на пратеници ,треба да се врши тестирање на кое ќе се утврди дека поседуваат барем просечен кефиц.на интелигенција,за да не се случи како до сега ,во парламентот да седат мозгови од зоната на дебилитет.
Од: SZ
Датум: 24.05.2009 09:09:15
90% од пратенициве и владава ни се неписмени политички и дипломатски. Незнам зошто сеуште не изненадуваат вакви прости гестови.
Од: Ајван Доктор
Датум: 24.05.2009 10:21:07
Сосема се согласувам со Драги. Што друго да се очекува од пратеници со низок квантум на интелегенција, кои одат на политички курсеви (од типот Учиме демократија, на пат околу светот)?! Мизерни и алчни во својот простотилук, безобразни и дрски по своето однесување, поради целосно отсуство на основна култура... занесени во улогата на „богови“.

Најди! во Утрински
Насловна
Бендевска треба да плати 11.000 евра за клевета на Коњановски
Карикатура
Дипломатски фаул во односите со Австрија
Серија земјотреси во Струмичко
Лекарски игри со очните прегледи на бебињата
Парадигмата на Маневци
Tајна средба на најбогатите луѓе во светот во Њујорк
Битка за „кралството“ на Надал
Русија се сомнева во „источното партнерство“
Социјалдемократите подготвени за Црвенковски
Визите ќе се укинат идното лето?
Кирилица на Интернет
Грчкото лоби го притиска Барак Обама за Македонија
Германски јубилеи