Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Парадигмата на Маневци

Гордана Дувњак

Никогаш досега заминувањето на еден судија во пензија не билo вест сама по себе. Судиите заминувале во пензија без никаква врева или медиумска помпа, кога ќе им дошло време за пензионирање. Порано пратениците во парламентот, а подоцна Судскиот совет само констатирале дека судијата го исполнил законскиот услов од 64 години. Тоа било основ за негово разрешување и распишување оглас за избор на нов судија. И тука целата постапка завршувала и немало ништо спорно.

Но, кога судијата што треба да замине на заслужен одмор е сопруга на министерот за правда, работите стојат многу поинаку. Уште повеќе кога, како во конкретниот случај со скопската апелациона судијка Филимена Маневска, цела една институција станува заложник на еден човек. Кога Судскиот совет си дозволува да го девалвира сопствениот углед и прави ситни трикови како да го пролонгира нејзиниот мандат. Судскиот совет веќе еднаш направи преседан со пролонгирањето за една година на пензионирањето на поранешниот претседател Бекир Исени, па зошто сега да не смислува изговори како да задржи уште некој месец судија, со звучно презиме.

И тогаш нема да биде чудно што судии и правници си дозволуваат да бидат предмет на јавна критика, но и на исмевање, само за да му угодат на министерот. На оној кој како член е само еден меѓу еднаквите во тоа тело, кое треба да се грижи за изборот и за разрешувањето на претставниците на третата власт, но и за независноста на судството.

Но, кога е во прашање министерот за правда Михајло Маневски, исклучоците стануваат правило. Всушност, треба ли нешто да збунува кога во прашање е човек кој со своите 73 години и натаму сака да „дрма“ со судството. Небаре, судовите ги добил во наследство или со денационализација.

Но, случајот „Маневски“ не би заслужувал толку внимание, доколку не е своевидна парадигма за судството. Зашто судството не би било вакво какво што е, да нема министер од ваков калибар. Но, и обратно. Министерот не би имал толку моќ да се меша во судската власт, доколку судиите би биле поотпорни на притисоци и на влијанија од извршната власт. Доколку судството навистина е трета и независна власт, која има углед и авторитет да се справува со сите видови притисоци.

И не случајно, наместо министерот за правда првенствено да се грижи како да спроведе квалитетни реформи и да создаде услови за функционирање на правосудството, ќе бара начини како по секоја цена да го продолжи своето влијание во судовите. Дали тоа ќе го прави директно со јавни закани во медиумите, со пораки пренесени преку својата драга сопруга министерка или, пак, преку други „посредници“, кои му се блиски. За да им стави до знаење на сите оние кои не играат по негови ноти, дека лесно можат да бидат разрешени. А тој самиот е рецидив од еден поранешен систем, беше последниот комунистички министер за правосудство.

И наместо да го загрижи тоа што правната држава ни е климава, немаме вистинска правна заштита, а пресудите поради неквалитет паѓаат како круши, се занимава со персонални решенија, засилување на контролата. Сето тоа е далеку од вистински реформи во судството, кои не можат да се ценат само низ призмата на гола статистика, број на донесени закони и математички бројки. Зашто реалноста е сосема друга.

Внесувањето новини, приспособени на меѓународни стандарди, секако е важно, но уште посуштинско е прашањето дали судството има капацитет да се справи со предизвиците на новото време. Може ли да се фалиме дека градиме европски имиџ на судии, без тие да бидат потковани со знаења и да поседуваат личен авторитет? Дали треба да се „инсталираат“ во судството квалитетни кадри, кои не се плашат да загризат, кога ќе наидат на законски аномалии, без оглед кој е во прашање. Или многу побитно е да се направи мрежа на послушници, кои ќе протуркаат пресуди, кои се по волја на оваа или онаа владејачка гарнитура.


Статијата е прочитана 1285 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 23.05.2009 00:32:24
Кое црно судство, кој ѓавол, а што се однесува до Филимена, ВМРО-вците лесно можат да и го продолжат мандатот, Едноставно... менување на дата на раѓање во Книга на родени, еден лифтинг на лицето и ете ти ја Filimena girl??? Лесно и можно нели???
Од: Katastrofa
Датум: 23.05.2009 00:43:04
Ministerot za pravda M. Manevski e vistinsko cunami za pravosudstvoto vo Makedonija! Prakticno sekoj vtor zakon mu padja na Ustaven sud, a nego ,,muva ne go lazi,,!? Sekoj dostoinstven minister vo vakvi okolnosti bi si podnel neotpovikliva ostavka! Druga cudna rabota e sto premierot, namesto da go smeni, uporno go drzi vo vladata!? Toa pokazuva deka premierot mu e dolznik na ministerot itoa uste od vremeto koga M. Manevski bese pretsedatel na Antikorupciskata! No, treba isto taka da se ima predvid deka premierot tesko bi mozel da najde takov poltron kakov sto e M. Manevski! Ne se dokraj jasni pricinite poradi koi premierot e zavisnik od bracniot par Manevski?!
Од: Bez sram i perde
Датум: 23.05.2009 01:20:53
Toj ' metuzalemski reformator" i arhetip na kameleonsko -amoralna destrukcija na licnosta , se so cel na licno profitiranje i zastita isklucivo na licnite interesi, prestavuva sram i bruka za sudstvoto vo Makedonija, no vo isto vreme i sram i bruka za Vladata koja seto toa go tolerira.
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 23.05.2009 09:33:16
Судството подсеќа на исушено дрво на кое секоја власт сака нешто да накалеми ама неможе коренот е исушен.Се додека имавме судии преседатели на избирачки одбори кој го аминуваа фалсификатот или пак за тешки кривични дела потплатени донесуваа смешни пресуди и др.секидневни бисери.Бугарија не можеше да направи економско заздравување па на помош ја викна Европа,така и ние треба судството го дадеме на странци а нашиве да гледаат и да учат.Се штое над 50 год. во пензија а младите на повеќе годишна обука.
Од: apsurd
Датум: 23.05.2009 10:57:22
Kako za site taka i za Filimena!So polni 62g.zeni vo penzija!Filimena sigurno e maz pa vo penzija kje odi so 64g.!
Од: Загрижен читател
Датум: 23.05.2009 12:08:43
Браво г-ѓо Дувњак. Можда не толку за тоа што Вашето внимание е свртено против Маневски, туку затоа што посочувате дека законот треба да се почитува и дека не смее да има поделба на граѓаните по ниту еден основ. Па во името на тоа еве една тема за Вас. Сите граѓани на РМ мораат да одат во пензија на 64 години, но то НЕ ВАЖИ ЗА УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ ПРОФЕСОРИ. Имено согласно законот за високо образование оваа г-да има право да работи до 65 години, а ако е почната учебната година и после наполнување на 65 години. Ова не е во ред. Но уште повеќе не е во ред после пензионирањето или 5 дена пред тоа истите да се вработуваат на приватните универзитети, да се декани, ректори, претседатели ��а сенат и да држат редовна настава до свои 75 години. Не само што не во ред, туку е и голема бламажа, бидејќи истите навикнати од државните јасли скоро и да не се појавуваат на часови, туку едноствно тоа го прават помалдите асистенти. Ако не верувате, прашајте во МОН и нека испекцијата Ви кажи зошто ова го трпи.
Од: од мене
Датум: 23.05.2009 12:59:44
Судството ИМА квалитетни кадри, судии и вредни и потковани со знаење, но тие НИКОГАШ нема да испливаат - длаабоко во калта на првиот степен ги држи бандата на Филимена, инсталирана примарно во Апелација и во Судскиот совет. Судскиот совет е јо-јо во рацете овие дунстери отпорни на промената на владите од 60-тите наваму, па со негово посредство, секој судија- што не им е по ќеиф си добива по муцка. Колку уште статии крие ова прашање...
Од: Драги
Датум: 23.05.2009 17:18:41
Поголем дел од мажите се плашат од своите жени.Во тие највероватно спаѓа и Маневски.Пошто Маневски се дел од династијата Груевски се е можно и извршно.Највероватно законот предвидел дека секој нормален функционер и обичен деловен човек,најдобро ментално и психички функционира до одредени години,после тоа сите одлуки и акции се од зоната Demencia senilis .
Од: devicanecot
Датум: 23.05.2009 22:31:40
Драга госпоѓо Дувњак, Очигледно емногу јасно на сите зошто се такви состојбите во нашето судство. И тоа уште од времето на лицето Б.Ц. кога за министер го постави Туше Гошев. Без правосуден испит, со незнам колку паѓања на испит. А уште многу ја подобри состојбата Ленче Софрониевска, како претседател на незнам што, па и судски совет.Ете затоа се такви состојбите, а сакате нешто да се поправи за три години, што се рушело цели петнаесет години?
Од: Aleksandar
Датум: 24.05.2009 20:53:37
Privatnoto pretprijatie so Neogranicena Neodgovornost `Sudstvo na RM.`vo neogranicena sopstvenost na semejstvoto Manevski dokaza deka Pravdata vo RM. e samo edna golema fatamorgana.Kakvi presudi ocekuvame koga zakonot ne vazi za zena mu na Manevski.Zasto sudstvoto si go rusi avtoritetot poradi eden izlapen i metuzalem.Zasto mu se plasat.Zarem baba Zumbula Manevska tolku mnogu vredi.Zasto go rusat zakonot i so toa na graganite im isprakaat losa poraka deka kaj nas zakonot e selektiven.Sto ocekuvame od 73 godisen starec, osven da bide izlapen i senilen.Ne li gleda Gruevski deka ovoj covek samo mu pravi steta.Pred izborite apsese sve zivo po ulicite so obavezno prisustvo na kamerite.Sega skoro site montirani procesi padnaa na Vrhoven sud.A toj gajle si nema.Samo se zakanuva na sudiite i so pomos na svoite sudijcinja- piuncinja pravi neprocenliva steta.Seto ova go gleda Evropa.Zatoa apel do vlasta.Trgnete go ovoj metuzalem zatoa sto toj e besramen lazlivec koj vo crno go zavi Sudstvoto.
Од: Болен М. Дојчин
Датум: 25.05.2009 09:28:04
Се потврдува мојата теорија дека, оние чиј идеал беше одумирање на државата (квази-што-ти-не), не можат да Ја сочуваат. Македонија, која ја ослободија и создадоа „комуњарите“ (и која беше единствено слободна, демократска, суверена и независна држава во времето на СФРЈ) сега е на прагот да ја изгуби и сувереноста и независноста (слободата и демократијата ги изгуби одамна), дури и да стане Минато. Но, причината не е ниту во вечните виновници („непријателски настроените“ земји што нè опкружуваат), ниту во „големите сили“... Вината е (колку и горко да звучи) во самите Нас, поточно во изборот на Изразито Неспособна Власт, која и нè донесе на работ од Амбисот! „Маневци“ има во секоја институција, во секоја пора на државата и зависат исклучиво од нивната самобендисана „моќ“ и Партиската книшка!

Најди! во Утрински
Насловна
Бендевска треба да плати 11.000 евра за клевета на Коњановски
Карикатура
Дипломатски фаул во односите со Австрија
Серија земјотреси во Струмичко
Лекарски игри со очните прегледи на бебињата
Tајна средба на најбогатите луѓе во светот во Њујорк
Битка за „кралството“ на Надал
Русија се сомнева во „источното партнерство“
Пратеници - измамници
Социјалдемократите подготвени за Црвенковски
Визите ќе се укинат идното лето?
Кирилица на Интернет
Грчкото лоби го притиска Барак Обама за Македонија
Германски јубилеи