Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Дипломатски фаул во односите со Австрија

Неодговарањето на официјалните писма од Австрија во дипломатските кругови се третира како невоспитаност

Тамара Грнчароска

Поминаа два месеца откако австрискиот вицеканцелар и министер за финансии, Јозеф Прел, го испрати првото, потоа и второто официјално писмо до македонскиот вицепремиер Зоран Ставрески, со кои побара нашата земја да ги подобри односите со австриската компанија ЕВН. Македонија се' уште не собра храброст да одговори на ниту едно од нив. Дали од игнорантски однос или поради немање што да се каже, македонските власти ги оставија австриските да чекаат на нивниот став и мислење, на нивниот одговор, каков и да е.

Без оглед на тоа кој е во право или не и дали разврската и правдата за случајот со ЕВН ќе се бара пред меѓународните судови или со директна спогодба меѓу двете страни, во дипломатските кругови, неодговарањето на нашата земја на писмата од Австрија се третира како „невоспитаност“.

Луѓето од дипломатијата официјалните писма од една до друга земја т.е. дипломатската кореспонденција ја објаснуваат како ништо друго, туку „приспособено цивилизирано однесување меѓу луѓето“. „Во обичен бон-тон да не одговориш на писмо е нељубезно и некоректно, а не во дипломатијата“, сметаат тие, додавајќи дека неодговарањето од македонска страна е несоодветно однесување. Според нив, и неодговарањето може да значи политички став, но само доколку писмото е некоректно и нељубезно.

Поранешниот македонски шеф на дипломатијата, Слободан Чашуле, смета дека право на секоја суверена држава е кон секоја суверена држава да се однесува на начин кој ќе го избере. „Тука не можеме да го оспориме правото да се прави вака или така, но можеме да ја цениме корисноста“, смета Чашуле. Во таа насока поранешниот министер за надворешни работи смета дека со оглед на сегашната позиција на Македонија, нејзините предизвици, нејзината внатрешна разединетост, економска криза, на земјата не и' е потребно да не и' одговара на една многу важна држава како што е Австрија. „Точно е дека можеме да ги игнорираме нивните писма, но тоа е лошо“, вели Чашуле, додавајќи оти ние треба да комуницираме со Австрија и овој спор да го елиминираме што е можно побрзо од многу причини.

Најважна од сите, според него, е тоа што Австрија е крупен играч на Балканот, што ЕВН е државна компанија и, според тоа, австриската влада мора да ги штити интересите на својата инвестиција во Македонија. Чашуле вели дека таа ќе ги преземе сите чекори да и' помогне на својата компанија да го добие овој спор. „Во овој случај, Македонија со право, штитејќи ги интересите на својата државна компанија, треба да разбере дека Австрија не и' е потребна како непријател, туку како пријател и ова прашање не треба да се решава во Вашингтон, туку тука“, смета тој.

Поранешниот амбасадор на Македонија во Австрија, Огнен Малески, зборувајќи за односите меѓу двете земји, вели дека „Австрија е една од земјите пријатели на Македонија, во чии односи многу е вложувано, на економски и на политички план“. Според него, неодговарањето на австриските писма од страна на Македонија е крајно невообичаено. „Постои начин дипломатски да се соопшти каков било став“, смета Малески, додавајќи оти „не држи меѓу две пријателски земји да не се даде одговор“. Тој, како поранешен амбасадор, за дипломатската кореспонденцијата меѓу две земји вели дека на писмо се одговара со писмо. Може ставот да се искаже и усто, но чисто формално е дека треба да се одговори со писмо, информира тој.

Молчењето т.е. неодговарањето, според дипломатите, става под знак прашалник со кој дел од писмото не се согласувате, но, исто така, и со што се согласувате.

Австриските официјални претставници, и во Македонија и во Австрија, не сакаа да го коментираат случајот со писмата, велејќи дека можеби „деновиве нешто ќе се промени“. Единствен официјален одговор, кој можеше да се добие од нивна страна беше дека Македонија се' уште не одговорила на писмата.

Македонските дипломати по тоа прашање се многу јасни. Неодговарањето за Македонија може да биде штетно. Според нив, ако целиот случај ескалира, следниот потег на Австрија би бил во рамките на ЕУ, што би било логичен след на настаните. „Прво се оди на билатерално ниво, а ако Австрија процени дека е потребно ќе го постави прашањето на повисоко ниво т.е. во ЕУ“, велат тие. Секогаш во билатералните разговори меѓу две земји има дел кога се разговара за спорни прашања, објаснуваат тие, додавајќи оти писмата ќе бидат репер кој ќе се спомнува. Дипломатите сметаат дека во случајот на ЕВН треба да се искористат сите правни лекови, но доколку нема решение ќе има дипломатски реперкусии.

За Чашуле можна последица од неодговарањето на писмата е дека „еден досега наклонет сојузник ќе биде од нас навреден и иритиран и штитејќи ги своите интереси, нормално, ќе ги користи сите можности да ги оствари, а тоа значи неповолна позиција за нас“. Според тоа, вели Чашуле, „ние имаме право, но не е умно; ние имаме право, ама е штетно“.


Статијата е прочитана 1781 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 23.05.2009 00:10:21
samoto isprakanje pismo od avstriskite diplomati e obid za pritisok vrz Makedonija! dobro e sto nasive ne padnale na provokacijata i ne odgovorile!
Од: OD DO
Датум: 23.05.2009 00:32:03
pa sega nie treba li da im se treseme sto tie se Avstrici,tie dozvoluvaat li kaj niv nekoj drug da kazuva sto da se pravi.SRAMOTA E TOA STO SE PRAVI ,kolku i da se vo pravo ili ne,VAKA NEIDE,UCENI I SAMO UCENI.
Од: mitko so negativni licni iskustva
Датум: 23.05.2009 01:51:19
Tamara mozbi ne e ni svesna kolku za Stavre-kumot vazi naslovot na nejzinata statija. Stavre-kumot navistina e krajno nevospitan covek i site koi bile vo kontakt so nego ke go potvrdat. Taka e toa koga mali covecinja dobivaat golema vlast - stanuvaat nepodnoslivo bezobrazni i pocnuvaat da razvivaat napolenov kompleks bez nekoja pricina zatoa sto nekoja golema pamet i sposobnost nemaat pokazano.
Од: jimmy1
Датум: 23.05.2009 07:22:53
A bre braka, od kradenje nemaat vreme duri da ispratat odgovor, a da im recite deka ke im dadete pari (ama samo vo evra, zosto alergicni se na denari) ke vi odgovorat za eden den.
Од: Petre
Датум: 23.05.2009 08:36:49
najgolem idiotizam bese prodavanjeto na ESM, Telekom, pa i OKTA., da ne zboruvam Feni za 1 DM pa im gi ispokradoa gradeznite mashini na lugeto, den denes ne moze da si gi vratat... ako i sakaa nesto da prodadat, podobro bese da se dade koncesija za gradba na nekoja hidrocentrala (kako Kozjak, Cebren, Galiste, ) na 10 - 20g, pa po toa da im se naplaka po m3 ili kWh, kako sto e voobicaeno..sega edino care e da se raskine dogovorot ( a kako napravi Srbija mislam ??) ili neka go prodadat i ELEM ama so 49% drzaven kapital i toa na nekoja drzava sto ima Avtoritet da im se sprotivstavi na ovie hohstapleri od EU...
Од: nekoj od EU
Датум: 23.05.2009 11:05:07
"Чашуле, смета дека право на секоја суверена држава е кон секој�� суверена држава да се однесува на начин кој ќе го избере. " Makedonija go izbrala idiotskiot nacin. "Kris: samoto isprakanje pismo od avstriskite diplomati e obid za pritisok vrz Makedonija! " Ne Kris, toa e obid za normalno civilizirano komuniciranje. Ako Gruevski toa go suvstvuva kako pritisok, togas neka odgovori deka cuvstvuva pritisok, poentata e vo ignorantskiot odnos. Tuku sto zboram i jas, komu mu e gajle od vladata za Makedonija? Site se tamu samo za ofajduvanje i toa.
Од: viktorija
Датум: 23.05.2009 14:42:17
Neodgovaranje na korespondencija, vo civiliziranite i razvieni drzavi se ocenuva kako nevospitanost i los profesionalen odnos. stavrevski treba da odgovori, pa makar i samo da potvrdi deka gi dobil pismata i deka ja razgleduvaat sostojbata. Edno e odnos a drugo e etikate.
Од: koki
Датум: 23.05.2009 17:45:34
Од кого чекаат бре одговор??? Од Зорана од Велмеј??? демек од јакиот ВМРО-вски кадар!!?
Од: повредена , загрижена
Датум: 23.05.2009 22:53:25
Е Мајко Македонијо какви деца се изродија на твоето тло. Политичарчиња во конзерва, а од каде пак тие сироти мали да знаат, дали излегле да видат сто е култура. А пак за вера да не зборуваме, џабе се вртат околу владиците, а бре премиерчиња, и најлошиот човек кога ќе почине се вели „Бога да му прости“ а бе Вие како изроди да сте. Па, се прашуваме зошто не одговараат на писмото од Австрија, тие дали знаат да напишат писмо, туку пак имаат нели советници, но можеби тие се многу зафатени. А бре дали сте ги прочитале думите на Гоце „Јас го разбирам светот единствено како поле за културно натпреварување меѓу народите“. Но што Ви е гајле си велите наше е се, а во последно време во мода ви се судовите, имаат голема популарност, летаат тужби на сите страни. Австријците културно испраќаат писмо за да се изгладат недоразбирањата, а Вие што си велите а, еве ѓи Австријците ни се удвараат, еее политичарчиња.Во соцојализмот земаа од секого да имаат сите исто, Вие земате кај ќе стигнете за Вас и Вашит
Од: evn
Датум: 24.05.2009 13:40:40
pa deckive se zafateni rabotat 24|7 inemaat vreme nema vrska koga ce najde vreme gruja i kompanija togas kaso
Од: Болен М. Дојчин
Датум: 25.05.2009 09:03:28
Недостаток на културата и изразен примитивизам се, подолго време, главна карактеристика на властите и „елитата“ во Македонија. Прогласувањето на оние што не беа ништо - за сè, ги претвори всушност во сè и сешто. Карактеристично е што во „социјализмот“, барем се трудеа да научат нешто од основната култура. Иако Опинокот им ѕиркаше од под кондурите, се трудеа да го прикријат својот недостаток. Овие денешниве - „куршум не ги бие“, па успешно ги промовираат Некултурата, Примитивизмот, Незнаењето и Кич-уметноста, како врвни достигнувања.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 25.05.2009 09:20:41
Osnovna covecka kultura e da se odgovori na sekoe prasanje,pismo itn.,barem taka sme vospitani vo Evropa.No Balkanceto si e specificen covek,pa ne mara nisto-a za vozvrat ocekuva svetot da go priznae kako seriozno sustestvo!Ne moze taka.Zamislite se vasiot verenik/verenickata pred popot i maticarot da ne odgovori na sudbonosnoto prasanje!Istoto e i so "patriotskata vlast" na DPMNE.Jas uste vo pocetokot na formiranjeto na taa partija vo `90 zakluciv deka vo nea nedostasuva elementarna covecka kultura.A faktot deka golemiot gosp.Kum na premier ne odgovori na pismata e dovolno znak deka vladata osekja barem minimalna odgovornost i vina vo celata rabota.Ama toa ne e dovolno.Drzavite vo regionot molat za str. investitori,vo MK mi se cini ne postoj potreba od niv-a drzavata od den na den se poeke tone i se oddalecuva od najosnovnite celi:Prosperitet i blagosostojba za gragjanite.Za "srekja" samo uste Kosovo zaostanuva zad MK-ako toa go smetate za nacionalen uspeh,togas ne se cudite na nisto!

Најди! во Утрински
Насловна
Бендевска треба да плати 11.000 евра за клевета на Коњановски
Карикатура
Серија земјотреси во Струмичко
Лекарски игри со очните прегледи на бебињата
Парадигмата на Маневци
Tајна средба на најбогатите луѓе во светот во Њујорк
Битка за „кралството“ на Надал
Русија се сомнева во „источното партнерство“
Пратеници - измамници
Социјалдемократите подготвени за Црвенковски
Визите ќе се укинат идното лето?
Кирилица на Интернет
Грчкото лоби го притиска Барак Обама за Македонија
Германски јубилеи