Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Лекарски игри со очните прегледи на бебињата

Родителите бараат одговорност од првите луѓе на двете клиники, но и од ексминистерот за здравство Селмани

Јасмина Јовановска

И лекарите од Клиниката за очни болести и оние од Клиниката за гинекологија манипулираат со јавноста дека на предвремено родените бебиња им ги прегледуваат очите поради ризикот од оштетување на видот од престојот во инкубатор.

Ова го тврдат дел од родителите кои минале низ голготата наречена задоцнето откривање на ретинопатија. Како инаку да се објасни тоа што речиси нема дете кое од гинекологија излегло со дијагностицирана ретинопатија, за што е доказ и отпусното писмо. Оваа болест обично сами ја откриваат родителите дома и тоа најчесто во доцна фаза кога не помага ни ласерското лекување, туку мора да се оперираат очите и да се вметнуваа леќи кои цел живот се менуваат.

„Нашите деца излегуваат како инвалиди од оваа клиника. Не само поради тоа што несоодветно се управува со кислородот во инкубаторите, туку и нема соодветен скрининг на бебињата во инкубатор. Иако од клиниката лекарите велат дека концентрацијата на кислород во крвта се мери на три часа, прашање е дали се прават гасни анализи на крвта и дали на толку часа се менува и протокот на кислород “, обвинуваат родителите.

За ризикот од појавата на ретинопатија многу добро знаат и лекарите од реонаталната интензивна нега, кои за тоа биле на едукација и во Кралската болница во Австралија, а за тоа нашата држава дала пари. Друго е прашањето, укажуваат родителите, колку тие се ангажираат да ги спроведуваат протоколите за следење предвремено родените бебиња. Посебно за контрола на кислородот, кој треба да се одржува на помали концентрации, за да може шокот кога ќе излезат од инкубатор да биде помал и да се намали ризикот за развој на ретинопатијата.

Според родителите, исто онака како што е разрешена директорката на Клиниката за очни болести, така треба да се побара одговорност и да се смени и в.д. директорката на Клиниката за гинекологија, д-р Адела Стефанија. Дотолку повеќе што од оваа клиника никој не мрдна со малиот прст да се реши овој проблем, кој во јавноста беше обелоденет уште пред две и пол го��ини.

„Директорката ги менува изјавите по потреба. Од тоа дека не се добри инкубаторите до тоа дека очните лекари прегледуваат, но без резултати“, вели еден родител кој не сака да го открие својот идентитет.

Одговорноста треба да се лоцира и во Министерството за здравство, посебно кај ексминистерот Имер Селмани, кој и покрај писмените укажувања од неколку родители, не презеде ама баш ништо во својот мандат, тврдат родителите.

„Случајот го пријавив и во Државниот здравствено-санитарен инспекторат, но оттаму ме убедуваат дека нема потреба да се реагира“, вели еден родител, кој исто така сака да остане анонимен зашто веќе му е доста да се препукува во јавноста со одговорните кога знае дека тоа нема да даде резултат.

А, дека имало обиди да се реши проблемот укажуваат и од Ротари клубот од Скопје, кој речиси секоја година и' помага на Очната клиника во обележувањето на Денот на слепилото.

„Понудивме да обезбедиме едукација на лекар, како и да се купи офталмоскоп, но од клиниката бевме одбиени“, укажуваат членови од Ротари клубот. Неофицијални извори велат дека помошта на Ротари клубот не била прифатена, затоа што оваа организација ја сметале за опозициона.

По разрешувањето на директорката д-р Елена Џајковска, од Клиниката за очни болести десетина лекари реагираа со писмени објаснување дека не е точно дека бебињата ослепуваат и не им се дијагностицира ретинопатија.

„Без исклучок на сите предвремено родени деца кои се јавиле прв пат на клиниката биле прегледани и им била дијагностицирана ретинопатија“, се вели во писменото објаснување од клиниката. Тие уште тврдат дека на сите родители им е дадена препорака за друго мислење во поголем референтен центар.

„Сметаме дека скринингот и откривањето на промените на ретината кај предвремено родените деца треба да се започне на Клиниката за гинекологија уште во текот на престојот во интензивната нега од очен лекар, кој е обучен за оваа патологија“, се вели во писмото до Редакцијата.

Со ваквата објаснување, велат родителите, само се потврдува нашето мислење дека на децата не им се врши очен скрининг на Гинекологија, кој по протоколите треба да биде од четвртата до шестата недела откако се ставени во инкубатор.

И покрај тврдењата од очните лекари дека не оделе да ги прегледуваат децата додека се во одделот за неонатална интензивна нега, в.д. директорката на Клиниката за гинекологија, д-р Адела Стефанија, е категорична дека се барани конзилијарни мислења од Очната клиника, но дека прегледите биле без резултати. За инкубаторите и натаму тврди дека се в ред и дека за бебињата во инкубатор се грижат соодветно. Таа и овој пат не објасни дали навреме се менува протокот на кислород и дали се прават гасни анализи за да се утврди точната концентрација на кислород во крвта.

„Проблемот е решен, сега ќе доаѓа очна докторка од Србија за да ги прегледува децата и навреме се открива ретинопатијата“, ни изјави д-р Стефанија, која избегна да објасни зошто не го стори тоа и пред две и пол години, кога бил уочен проблемот.

Во текот на вчерашниот ден докторката Ана Ѓорѓевиќ од Белград ги посети двете клиники – за детски болести и за гинекологија. Биле прегледани триесетина деца, но никој не кажува кај колку деца е откриена ретинопатија.

„Докторката дојде, но не ја видов. Само им пренесов на лекарите од интензивна нега да направат се' што треба“, ни изјави в.д. директорот на Клиниката за детски болести, д-р Ацо Костовски.


Статијата е прочитана 672 пати.

Испрати коментар

Од: slepi
Д��тум: 23.05.2009 09:29:20
Golemi grevovi imaat nashite ni socijalisticki kadri.Koga trebaa pari za shkoluvanje,usovrshuvanje,normalno deka vo interes na zdravjeto drzavata vlozuvala vo site niv.Site do eden,bez isklucok se surnuvaat vo potraga na pari,donatori,pokroviteli,koga treba da se odi vo starnstvo.Shto tamu pravat e druga prikazna.Mesto da odat na obukite i operacii vo klinikata vo koja se upateni,tie go usovrshuvaat kulturno zabavniot zivot na drzavata vo koja se.I posle koga ke se vratat nazad prodolzuvaat i vo drzavata, mesto da prenesat shto naucile,da se odnesuvaat kako neiziveani deca.Kade na zapd,i na koj lekar drzavata dala pari i vlozuvala vo negovo usovrshuvanje.A ovie nashive,nemam poseben,soodveten izraz za da gi imenuvam,vecito nezadovolni i nedorasnati,se odnesuvaat profesionalno samo koga im e sopstvenata koza vo prashanje.Eden od niv da mi kaze,shto pravat koga e nivno dete vo prashanje?Ama narodot ubavo rekol:lekarskite greshki zemjata gi pokriva.Imate li SOVEST????
Од: vvv
Датум: 23.05.2009 12:10:20
“Сега ќе доаѓала докторка од Србија и проблемот бил решен“- дали е оваа нормална што зборува? А што со сите ослепени бебиња досега? Дали некој ќе одговара или ќе се заташка како и се досега пр.Случајот Кметовска, случајот со родилките од Велес и родилката Бојанка... и уште колку ли не вакви случаи. Ќе се најде ли маж да стави крај на хаосот во здравството.
Од: 18 godini skolo
Датум: 23.05.2009 23:32:05
300 den. za nocno dezurstvo. Kade go ima toa !!! Ne mi solite pamet i ne prodavajte pufki.
Од: natasha
Датум: 24.05.2009 01:17:07
ova e najgolema bruka,pod hitno ostavka da si podnese g-a adela.nigde go nema ni vo afrika i posle u eu ma kakvo eu ,afrika mozebi e podobra,Pod hitno da se zatvori intezivna nega na ginekologija,dodeka ne se obezbedi 100 posto bezbednost za decinjata a dotogas fondot da plaka na privatnite kliniki vajda tamu e pobezbedno,ona treba i krivicno da se goni duri i licencata da i se odzemi,za toa sto kutela dve i pol godini,bruka nevidena stram da i e da pocustvuva na nejzina koza takvo nesto da ja vidam sto ke pravi ona .bolnicite u belgija prepuni se so decinja makedonci
Од: revoltirana majka
Датум: 24.05.2009 17:59:05
do gospodinot t.e.gospogata sto i se malku 300 denari za dezurstvo.slobodno neka odi vo nekoja privatna klinika tamu plakaat poveke.ili ne e dovolno kvalifikuvana za tamu?
Од: марија
Датум: 24.05.2009 23:52:59
абе луге да не ве лазат со доктори од србија или било каде јас сум студент по медицина во бугарија остетуванјето доага од инкубаторите тие се стари треба замена овде собираа пари со смс за да купат нови инкубатори за недоносените деца а и лекарите не се криви сто мозат тие мозат ли да купат инкубатори страсно се скапи тоа ке ги барате министрите и директорите да одвојат пари од бугетот или да се земат со некакви проекти поздрав залам за ослепените деца но тој проблем го има насекаде поради несовремената опрема .Ве молам објавете

Најди! во Утрински
Насловна
Бендевска треба да плати 11.000 евра за клевета на Коњановски
Карикатура
Дипломатски фаул во односите со Австрија
Серија земјотреси во Струмичко
Парадигмата на Маневци
Tајна средба на најбогатите луѓе во светот во Њујорк
Битка за „кралството“ на Надал
Русија се сомнева во „источното партнерство“
Пратеници - измамници
Социјалдемократите подготвени за Црвенковски
Визите ќе се укинат идното лето?
Кирилица на Интернет
Грчкото лоби го притиска Барак Обама за Македонија
Германски јубилеи