Претставници на ЕУ се обидоа ја убедат Русија дека тоа не е е нов формат против Русија
Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ
МОСКВА - Претставниците на ЕУ се обидоа да не убедат дека "источното партнерство" нема да и штети на Русија но сепак не успеаја да не уверат во тоа. Засега не е јасно како ќе се спроведува тоа партнерство, но факт е дека нек��и земји тоа го доживуваат како нов формат против Русија", изјави Димитриј Медведев на заедничка прес конференција со лидерите а ЕУ, по дводневниот Самит Русија-ЕУ во рускиот град Хабароск.
Тој уште додаде дека Русија го поздравува тоа партнерство, доколку се работи за економска соработка, но е загрижена поради тоа што некои антируски расположени земји настојуваат да се консолидираат со европските земји. Иако Медведев не спомена имиња јасно е дека тоа се однесуваше за Грузија. Во "источното партнерство" влегуваат Азербејџан, Ерменија, Грузија, Украина, Белорусија и Молдавија.
Што се однесува до главната тема на Самитот како Русија и Европа заеднички да ја пребродат светската финансиско-економска криза, едногласна беше оценката дека за жал денес со сигурност не може да прогнозира до кога таа ќе трае. За кризните региони пред се за Авганистан, Пакистан, потоа атомската програма на Иран, ситуацијата на Блискиот Исток но и конфликтите во Европа решавањето на проблемот на Кипар, Косово, Придњестровје и Грузија, ЕУ и Русија и натаму имаат добро познати ставови и разлики кои не се продлабочуваат, но не се ни смалуваат.
На заедничката прес конференција Медведев предупреди дека Европа одново може да има проблеми со добивање на гас не затоа што Русија така сака туку затоа што Украина нема пари да го плати "синото гориво".
"Русија нема причини да и дава гаранции на Европа дека идната зима без прекин ќе испорачува гас бидејќи ние ни до сега не создававме проблеми. Ние сме подготвени да и помогнеме на украинската влада, но би било добро Европа да размисли и да и даде кредит на Украина", објасни Медведев.
Раководството на Русија и понатаму инсистира да се поработи на новиот систем на енергетска безбедност. На другата страна претседателот на Европската комисија Жозе Баросо изрази уверување дека нема причини да се пишува нова енергетска декларација бидејќи и оваа сегашната е добра. Патем речено таа декларација не ја потпиша Русија чиј гас тече кон европските држави преку Украина. Во Москва се уверени дека постоечката енергетска декларација не е ефикасна и поради тоа Украина во почетокот на секоја година ја затвара славината и доведува до "гасна диета". По Самитот во Хабароск претседателот на Еврокомисијата Жозе Баросо рече дека во ЕУ сметаат дека е значајно Русија што побргу да стане членка на Светската трговска организација за што се водат преговори веќе 15 години.
Celta e Rusija da ja kleknat na kolena. Vo toa
zapadnite kapitalisticki zemji izgleda nisto ne naucija od istorijata. Seuste go potcenuvaat ruskiot guigant, kako da e toa Makedonija.
Од: silvester, sidnej
Датум: 23.05.2009 09:05:00
Zapadot ke napravi se, samo da ja oslabi sto poveke Rusija. Toa e i celta na svetskiot zagovor predvoden od "nevidlivite bogovi na coveckata sudbina".
Од: dedo dimo
Датум: 23.05.2009 14:13:33
Edno shto treba da svatat zapadnite zemji ,Rusija ne e Srbija a ushte pomalku Irak ,podobro e da se drzat po nasrana ako ne sakaat katastrofa .Momentno Rusija i Kina se vo forma a zapadot tonit . A pak starite velea deka na svetot ke zavladee zoltata rasa ? NO e mozno. Drugo EU neka ne si igra so Rusija .Rusija ne e MAKEDONIJA.
Од: boban
Датум: 23.05.2009 17:18:19
amerika saka da se dokopa do prirodnite resursi na rusija i da vladee so svetot celosno ,nov svetski poredok,no se dodeka ima takvi mazi kako putin toa nema da se sluci,noviot ruski imperator ja vozdigna rusija ot pepelta
Од: Ајван Доктор
Датум: 25.05.2009 11:02:46
Претставниците на ЕУ, можат единствено нашите квази-морон-политичари да ги убедат во своите „добри“ намери, бидејќи, кај нив, има огромна дупка во ни��ното (не)знаење со кое тие се гордеат.