Број 2993  сабота, 23 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Црвенковски повторно претседател на СДСМ

Без бранувања и реакции, членовите на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ си поднесоа колективна оставка

Web Update

18:00 24.05.  - Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска повторно го избра Бранко Црвенковски за претседател на партијата, на својот девети конгрес.

Црвенковски пред делегатите на конгресот рече дека СДСМ се наоѓа во вонредна состојба и доколку е потребно ќе бидат преземени и вонредни мерки, јави Македонската телевизија.

На СДСМ не и се потребни мали промени, туку длабока реформа, за да и се спротивстави на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порача лидерот на опозиционата партија пред неговиот избор.

Конгресот ја продолжува работата со разгледување на извештајот од локалните и претседателски избори.

Делегатите ќе треба и да ги констатираат оставките на членовите на Централниот и на Надзорниот одбор.

Црвенковски наскоро се очекува да го соопшти својот нив тим. (Макфакс)

Текст од печатеното издание:

Без бранувања и реакции, членовите на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ си поднесоа колективни оставки. Со ваков предлог, претходно усогласен со идниот лидер Бранко Црвенковски, пред членовите на Извршниот одбор излезе в.д. претседателот Зоран Заев. Социјалдемократите не паметат толку куса седница на ЦО, траела едвај 40 минути, а со оставките, практично, му отворија многу поширок простор на Црвенковски да направи подлабоки промени во раководните тела.

Со тоа е олеснета и работата на изборниот конгрес што ќе се случи в недела, 24 мај, во Македонскиот народен театар. Ќе има само три точки на дневниот ред - избор на Бранко Црвенковски за претседател на СДСМ и негово обраќање, потоа ќе се разгледаат извештаите од претседателските и локалните избори и на крај ќе се констатираат оставките на членовите на Централниот и на Надзорниот одбор.

Неофицијално, за две недели, социјалдемократите ќе одржат уште еден конгрес по кој работите ќе бидат многу појасни. Тогаш ќе се избере новиот состав на ЦО и на Надзорниот одбор, кој ќе го предложи Црвенковски, а на првата наредна седница на Централниот одбор ќе бидат познати и имињата на тимот со кој ќе работи старо-новиот лидер. Во секој случај, СДСМ на Црвенковски му овозможи добри услови за нов почеток - одврзани раце за подетален ремонт и за внесување нови фаци на кои ова ќе им биде веројатно и прв влез во политичките води. Кој се' е на листата на идниот лидер беспредметно е да се шпекулира, бидејќи тој се' уште го сондира мислењето на потенцијалните кандидати колку се подготвени да се активираат во периодов што ќе биде исклучително значаен и за опозициската партија и за државата.

На конгресот, кој почнува в недела во 11 часот, на новинарите првпат ќе им биде овозможено во салата да го следат изборот на Бранко Црвенковски на челната позиција и неговото прво партиско обраќање по петгодишниот претседателски мандат. (Б.Ј.)








#
Статијата е прочитана 3603 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 23.05.2009 00:13:55
Aj da vidime sto ke napravi ovoj pat. Do sega go vidovme(NISTO), no vo slucajov spadnavme na toa deredze da se nadevame deka Branko ke ne spasi od ovaa kriminogena struktura samonarecena VMRO, koja beskrupulozno, bez sram (i perde sto bi rekol nas narod) si prodolzuva da pljackosuva so novi reklami, spotovi i kampanji.
Од: Alekso
Датум: 23.05.2009 04:16:02
Interesni raboti se slucuvaat na makedonskata politicka scena.Velite staro-noviot pretsedatel na SDSM.Jas od koga pametam toj gi vleche glavnite potezi vo SDSM pa zato toj e istiot star lider na SDSM. Simptomaticno e kako ke dojde do koreniti promeni vo partijata koga liderot e onoj istiot.Primer:ucitelot e istiot,metodite isti,megjutoa ucenicite (sopartijcite) ke se novi!Treba promeni od vrvot-zato sto Crvenkovski e ispeana pesna kako sto e i Gruevski,kako sto bese i Ljubco b'lgarinot.Dodeka ne se najdat nekoi iskusni lugje-pred se CESNI ekonomisti-za Makedonija napred NEMA.Niti Branko,niti Nikolce a uste pomalku Slaveski se ekonomski lideri.Branko e harizmaticna licnost so dobri oratorski sposobnosti-no se ostanuva na toa.So privatizacijata za vreme na Crvenkovski se zapocna so unistuvanjeto na makedonskata ekonomija i stopanstvo za da so ist trend prodolzat Ljubco,Buchkovski i sega Gruevski.Se na se TRAGEDIJA.Spasot ne e SDSM niti VMRO tuku treta opcija-ako moze da iznikne od nekad
Од: Boban Majnov
Датум: 23.05.2009 06:52:18
HAHAHAHAHA Abe epten "demokratski" nema so.... isto kako i demokratskiot kapacitet na SDS...
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 23.05.2009 07:27:12
Ajde i toa cudo da go vidime. Ne veruvam deka Crvenkovski ke uspee da napravi kvalitetna reforma vo SDSM, zatoa sto toj samiot kako politicka e figura e premnogu kompromitiran. Se nadevam deka gresam i deka novata struktura na SDSM ke me demantira, no vo ovoj moment toa e mojata konstatacija. Sto se odnesuva do samata kriza vo makedonskata socijal-demokratija, taa tlee veke podolgo vreme i na poslednive izbori ja dozivea svojata kulminacija. Ne e dobro za razvojot na edno opstestvo apsolutna dominacija na edna politicka platforma, no za momentalnata sostojba ne bi ja obvinil vladejackata partija, tuku isklucivo “levite” strui na makedonskata politicka scena. Vremeto e sozreano za “treta” opcija, i me raduva toa sto vo poveke navrati nekoi citateli na Utrinski go potenciraa istoto. Toa sto me zagrizuva e neorganiziranosta i nedostatokot na inicijativa kaj graganite koi se nezadovolni od dvete najgolemi partii.
Од: flying-monaco
Датум: 23.05.2009 08:23:00
Edinstveniot nachin e da Makedonija se spasi od onie koi ja unishtija Makedonija i makedonstvoto.Im pozeluvam za sekogas so BC i Rada kako i Makraduli na chelo. Ke ostanat samo tie vo komunistichkata partija...Ke zavrshi konechno korupcijata i golemiot aramolok za sekogash...
Од: zabegan.
Датум: 23.05.2009 09:25:03
не БРАНКО да е цвеке за мирисајне и та врхушка во СДСМ но и кој да дојде (биде) за кратко време ќе се вратат на влас.И тоа ради овие пилиштарци кои не ги интересира ама баш ништо ко осакатија Народецов наш со лаги и споменици.Затоа им се ближи крајот.
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 23.05.2009 10:48:37
Ја гледам вчера блажената насмевка на Бучковски како ја опишува атмосферата во СДСМ пред враќањето на месијата,ми личи како во некогашната лектира ,,Пинки го виде Тито,,Ќе биде интересантно ако не го ,,играат,,Демократски потез е да се има само еден кандидат и однапред да се знае изборот.Инаку силно сме исплашени од доаѓањето на месијата да не воскреснат повторно октоподите кој така вешто и храбро ги столчи а посебно битолчаните кое толчење го осетија по сопствениот џеб.Има и разочарани кој не стигнаа на ред да бидат аболицирани.Вмровци готовисте кога ќе ве нападнат Пинки,��ошко Буха ќе летаат перја.А народот ќе биде радостен што слегол Курто а се качил Мурто.
Од: VISTINA
Датум: 23.05.2009 11:14:43
Ziva prevara!Po sjajot vo ocite se poznava kolkavi alcni izmamnici se i sdsm-vci i vmro-vci!Sekoja cest na cesnite(sdsm-ovci,vmro-vci)no tie ne doagjaat do izraz!
Од: Vlado od Sydney
Датум: 23.05.2009 12:38:26
Ne mozham da veruvam deka istite principi kako vo vremeto na SKJ se upotrebuvaat za "izbor" na edinstveniot kandidat. Samiot zbor IZBOR znachi biranje od edna pogolema grupa. Ne mozham da se iznachudam deka seushte ima lugje koi mu veruvaat na ovoj karakter. Ne mi e krivo shto povtorno B.C ke se izblamira, mi e krivo shto Makedonija nema da dobie seriozna opozicija. A toa znachi toj povtorno ke nanese shteta na Makedonija!
Од: Do PRIJATELOT NA SUTRACITE
Датум: 23.05.2009 12:44:11
Slusaj, Batka, gledam deka si od onie vmrovcicki plateni da pisuvaat komentari provladini. Demek, nesto si ponaucen vo oblasta na TROLIZMOT - kako da se slozis najprvo so statijata koja kritikuva nekoj ocigledno glup vladin poteg, a potoa pak da isprevrtis protiv SDSM. Ocigledno e koga ce pocnes vo svoite komentari "Generalno se slozuvam so toa sto e kazano.. Sepak......". Aj ne ne driblaj, glasaj si za VMRO i aman, prestani da komentiras na sekoja statija, epten si providen!
Од: dedo dimo
Датум: 23.05.2009 13:59:04
E sega na zravje neka vie .Brako vi se vrati ,ali na zalost ,umesto napred nazat se vrakate i vo idnina uste mnogu pomalce ke ve ima SDSMe na pragot za raspaganje .Izgleda e tochno ,btodot tonit i samo vreme e koga ke protonit .Aj SDSM ovchicki ,probudetese ,ako Branko e dobar od PREDSEDATEL ne se vraka nazat na poniska funkcija ,Alo probudtese!
Од: Драги
Датум: 23.05.2009 16:53:25
Начинот на кој Црвенковски си го трасира патот до суверен,потсеќа не методите на Јосип Броз.Се наметнува логика дека,он му има *напакувана*подла игра на Заев.Црвенковски е *веќе видено* и како сам кажа,за сработеното ќе се искаже народот.Јас,како дел од Македонскиот народ сметам,дека со негово *сензационално *враќање во СДСМ,оваа партија и понатака ќе ги губи битките со ВМРО,а со тоа и рејтингот постоја но ќе е во декаденца.
Од: S. D. Moderna Makedonija
Датум: 23.05.2009 17:03:16
Slikata sto SDS ja pokaza vo Makedonija ne e mnogu dobra.Izlegoa na videlo mnogu raboti koi ja ocrnija partijata pa i poverenjeto kanj narodot vo nea e na mnogu loso nivo . Na Brane mu doaga golema rabota na procistuvanje na svoiteredovi i trasiranje na vistinski Socialisticki idei kako naprednite zemji vo Evropa . Brane ima moznosti ako se vodi od vistinski idei za Makedonija vo Evropa pojaka i posilna . VMRO e edna dobra parija koja na Brankota mozesamo da mu pomogne vonegovite planovi i idei. Takva kakvastoe VMRO e vistinski predizvik za SDS da mu go pokaze patot kon en modernademokratska zemja.
Од: Trajko
Датум: 23.05.2009 22:09:00
Za dobrite selektori sekogash ima mesto vo timot.Dpmne-ovcite se vo pravo lubomorni ,shto imat loshi selektori,koi mora kako igrachi da gi sobirat i otpadot od igrachi na sdsm.Niv golema sreka gi sluzi da imat navivachi poradi zloupotrebata na predznakot VMRO.A toa se navivachi koi informaci dobivat samo pred selskoto granapche a nemat vreme da dobivat informaci od pishuvani i elektronski mediumi.
Од: Cento
Датум: 23.05.2009 22:31:48
Se sekava nekoj na YU? Ej juga juga velika duga. Edna Partija KOMUNISTICKA eden kandidat za pretsedatel bez konkurencija i za bilo koja druga pozicija. eh kako me vrati SDSM vo detstvoto koga ucitelite ne trgaja za usi da izlezime na ulica so znamencata stafetata ke pominuvala. Abe ke ima pak stafeta ako dojdite na vlast? da znam da si go pobaram znamenceto
Од: Димитар
Датум: 24.05.2009 01:29:17
Бреј, гревови низаедни, па никаде на светот нема една социјал-демократска опција, која со еден и ист лидер 5 порази по ред ниже, повторно истиот лидер да го изберат. Страшно.
Од: Makedonec
Датум: 24.05.2009 16:42:49
А пак јас се надевам дека СДСМ нема да дојде до позиција за да останат економскиве крвопијци и да ве остават без воздух,не само без леб!!!!!ВМРО да ве прероди во 100 чекори!!!Така треба за овој народ,да ви ги перат мозоците ѓолевциве,глујовци и среќни да бидете пак!!!!
Од: marija
Датум: 24.05.2009 23:37:17
abe branko gi zaborava vreminjata koga bese premier i koga niz ulicite slobodno si setaa dilerite na heroin i nikoj nisto ne im mozese a zosto?vi se molam luge sega imame samo upropastena mladina i centari za rehabilitacija prepolni
Од: riste
Датум: 25.05.2009 00:02:32
Конечно и Кочани ќе се раатиса од актуелниот претседател на СДСМ, Миле Андонов! Напред Бранко со тебе сме!!! Те сака СДСМ - Кочани!
Од: pioner
Датум: 25.05.2009 00:20:08
Ushte sega ke baram chlenska knishka so novo zname tupanica vo zvezda petokraka toa e toa,resetirana partija so stara tupanica,ili poprosto kazano "reciklirana partija nova surovina.
Од: Ангеле Л. Вретоски
Датум: 25.05.2009 04:44:44
До сите што се рауваат на Бранко Црвениот – во Англискиот јазик има една убава пословица “не можи да научи Стар Пес нови трикови”
Од: zelezara
Датум: 25.05.2009 11:34:40
Do Cento.E toa bea vreminja,sto se odnesuva do znamencata mozes slobodno da zemes od ona vrhovistickono crveno- crno i da mu mavtas na premierot

Најди! во Утрински
Насловна
Дипломатски фаул во односите со Австрија
Бендевска треба да плати 11.000 евра за клевета на Коњановски
Карикатура
Серија земјотреси во Струмичко
Лекарски игри со очните прегледи на бебињата
Парадигмата на Маневци
Tајна средба на најбогатите луѓе во светот во Њујорк
Битка за „кралството“ на Надал
Русија се сомнева во „источното партнерство“
Пратеници - измамници
Визите ќе се укинат идното лето?
Грчкото лоби го притиска Барак Обама за Македонија
Кирилица на Интернет
Германски јубилеи