Web Special
Серија земјотреси во Струмичко
18:40 24.05. - Седумдесет земјотреси се регистрирани од вчера попладне на 125 километри југоисточно од Скопје во валандовското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Во текот на денешниот ден регистрирани се осум земјотреси со интензитет од три до седум степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресите се регистрирани во 1 часот и 22 минути со интензитет од пет степени, во 2 часот и 51 минути со интензитет од три до четири степени, во 16 часот и 13 минути со интензитет од четири степени, во 16 часот и 29 минути со интензитет од шест степени, во 16 часот и 31 минути со интензитет од четири степени, во 16 часот и 34 минути со интензитет од пет степени во 18 часот и 17 минути со интензитет од седум степени и во 18 часот и 23 минути со интензитет од шест степени.
Во соопштението се наведува дека серијата земјотреси се уште трае. (МИА)
http://earthquake.usgs.gov |