Кина со 50 милијарди долари за ММФ
Пекинг - Кина се согласи да купи обврзници од Меѓународниот монетарен фонд во вредност од 50 милијарди долари, со што ќе се зајакне кредитната способност на Фондот. Договорот е постигнат во момент кога ММФ настојува да собере пари за финансирање заеми, особено за земјите во развој, како помош за излез од светската економска криза. „Договорот и' нуди на Кина сигурен вложувачки инструмент“, соопштија од ММФ, од каде што додаваат дека тоа „ќе ја зајакне можноста на ММФ да им помогне на земјите-членки“. (Макфакс)
|