Трајче Латиновски нов директор на „Вардар осигурување“
Нов генерален директор на осигурителната компанија „Вардар осигурување“ е Трајче Латиновски. Како што соопштуваат од компанијата, решението за согласност за вршење на оваа функција од страна на Министерството за финансии е добиено на 21 август годинава, а Латиновски, со одлука на бордот на директори на компанијата е именуван од 23 декември минатата година. Условите за добивање на ова решение биле создадени откако завршија активностите за докапитализација и усогласувањата со член 77 од Законот за супервизија за осигурување со зголемувањето на гарантниот фонд на компанијата. (Ек.Р.)