БП пронајде џиновско лежиште на нафта
Вашингтон - Британската нафтена компанија „Бритиш петрол“ соопшти дека пронашла џиновско наоѓалиште на нафта во Мексиканскиот Залив, каде што на рекордна длабочина од над десет илјади метри се наоѓаат околу три милијарди барели.
На наоѓалиштето „Тибер“, што се наоѓа на околу 400 километри југоисточно од Хјустон, се одело на длабочина од 10.685 метри, што претставува најдлабоко експлоатациско наоѓалиште на светот, соопшти БП со седиште во Лондон. Досегашниот рекорд во океан за производство на нафта или на гас, од 2007, го држи компанијата „Анадарко петролеум корп.“, која црпе природен плин на длабочина од 292 метра кај Мексиканскиот Залив. (Макфакс)
|