Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Турците пак најавуваат дека ќе инвестираат во Македонија

Постои желба за инвестиции во енергетиката, градежништвото и во рударството, пазарот се' уште се анализира

Маја Томиќ



Бизнисмените од турскиот град Трабзон се заинтересирани да соработуваат со македонски фирми и да инвестираат во областа на градежништвото, енергетиката и рударството. За тоа постојат потенцијали во земјава, сметаат турските стопанственици, но засега тие се' уште го анализираат и го испитуваат нашиот пазар, за кој сметаат дека има добри потенцијали.

„Светската криза влијаеше врз плановите за инвестирање, но се надеваме дека до крајот на годинава работите ќе се сменат кон подобро, турската економија ќе влезе во нормален колосек и ќе нема проблеми за идните инвестиции. Дополнителен позитивен момент за нас ќе биде ако Македонија добие датум за преговори за членство во ЕУ. Она што нам ни е од особена важност е да добиеме квалитетна, квалификувана работна сила од Македонија, а воедно на македонските фирми и да им го олесниме настапот на турскиот пазар“, изјави Суад Хаџиалиолу, претседател на Стопанската комора од Трабзон, на вчерашниот македонско-турски бизнис-форум во Стопанска комора на Македонија, на кој двете комори, од Трабзон и од Скопје, потпишаа спогодба за соработка.

Хаџиалиолу рече дека Трабзон е важен стопански центар во Турција, кој постои 4.000 години и низ кој поминува патот на свилата. Во него функционираат 5.000 фирми, од кои 4.000 се производствени, што укажува дека има можности за економска соработка со македонски фирми или за заеднички инвестиции. Инаку, Трабзон е пристаниште во Црноморското Приморје на Турција и лани во октомври беше домаќин на првиот самит на бизнисмените и претставниците на владите на земјите, кои се на патот на свилата. Цел беше да се поттикне регионалната соработка во трговијата и во инвестициите.

Според претседателот на Стопанска комора на Скопје, Горан Рафајловски, Трабзон од неодамна е промовиран во логистички центар за трговијата со Медитеранот и со Блискиот Исток, што е добра основа за нашите фирми да остварат бизнис-соработка со тамошни компании. Тој додаде дека за идната деловна соработка меѓу двете земји голем придонес ќе имаат досегашните добри економски и културни релации меѓу Турција и Македонија.

Инаку, трговската размена меѓу Турција и Македонија во периодот јануари - јуни 2009 година изнесува 136 милиони долари, при што дефицитот на наша страна е 93,5 милиони долари. Од 2001 година наваму во размената со Турција забележуваме константен трговски дефицит. Најголем дефицит е остварен во 2008 година и тој изнесува 237 милиони долари. Причината за тоа е падот на извозот од земјава, поточно прекинатата достава на феросилициум и на топло и ладно валани лимови. Од Турција најмногу увезуваме текстилни предива и суровини, прехранбени производи, овошје, зеленчук, облека, обувки и моторни возила.

Што се однесува до инвестициите, лани во земјава влегле 460.000 евра турски инвестиции. Најактуелна моментно е инвестицијата на ТАВ, што се очекува во аеродромскиот систем во земјава. Таа треба да изнесува околу 200 милиони евра, а аеродромите „Александар Велики“’ и „Св. Апостол Павле“ ќе се дадат под концесија за 20 години. ТАВ ќе инвестира и во нов карго аеродром во Штип. Рафајловски потсети дека оваа инвестиција, што требаше да почне да се реализира во август годинава, е одложена за март идната година.

 


#
Статијата е прочитана 545 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Исцедените фирми навалија на евтините кредити
Влоговите во банките паѓаат прв пат по шест години
Трајче Латиновски нов директор на „Вардар осигурување“
Кина со 50 милијарди долари за ММФ
Бизнисот нема да има ќар од кратењето на буџетот
Барање обврзувачки мерки за банките
БП пронајде џиновско лежиште на нафта