Барање обврзувачки мерки за банките
Британскиот премиер Гордон Браун, францускиот претседател Никола Саркози и германскиот канцелар Ангела Меркел, во заедничко писмо вчера побараа усвојување мерки за однесувањето на банките. Тројцата европски лидери побараа од сите земји-членки на групата Г-20, задолжително да усвојат „обврзувачки правила“ за регулирање на тоа како банките да се однесуваат во иднина. Тие се согласија да се истражуваат начините за спречување на банкарските бонуси и премии и да се оневозможи избувнувањето на уште една криза. (МИА)
|