Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Бизнисот нема да има ќар од кратењето на буџетот

Ребалансот на буџетот нема да има којзнае какво влијание врз стопанството, а кредитот од Европската инвестициска банка е привремена мерка, од која единствено може да се очекува краткорочен ефект, сметаат бизнисмените. Од коморите велат дека кастрењето на буџетот било неопходен и очекуван чекор, но ако Владата се решела да направи порадикални промени во буџетот и ефектите од тоа на краток рок би биле подобри.

„Секој ребаланс на буџетот е добар ако со него се намалуваат парите во услови на криза. Не верувам дека сегашниот многу ќе се одрази врз стопанствениците зашто ние веќе побаравме, во мај, една милијарда банкарски кредити. Но, тие пари се' уште не се пристигнати. Верувам дека Владата ќе направи дополнителен напор и одредени средства ќе се слеат во буџетот на стопанството“, изјави вчера Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора - Скопје.

Секој заем во услови на криза е добар, но државата, додаде Рафајловски, мора да се постави како партнер на стопанството.

„Владата мора еднаш да сфати дека му е партнер на стопанството, така да се постави и да се однесува. Во моментот кога ќе разбере дека сме едно и оти работиме за исти интереси, а гледам се труди, но приближувањето мора да биде поголемо, тогаш и нашето стопанство нема да биде во ваква ситуација“, смета Рафајловски.

Според него, парите за кредити од ЕИБ од 100 милиони евра не се доволни да го извлечат стопанството од кризата.

И од Сојузот на стопански комори, она на што најмногу се надеваат е да дојде до олабавување на монетарната политика, за банките да покажат поголема флексибилност во кредитирањето. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 171 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Исцедените фирми навалија на евтините кредити
Влоговите во банките паѓаат прв пат по шест години
Турците пак најавуваат дека ќе инвестираат во Македонија
Трајче Латиновски нов директор на „Вардар осигурување“
Кина со 50 милијарди долари за ММФ
Барање обврзувачки мерки за банките
БП пронајде џиновско лежиште на нафта