Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Караманлис свика вонредни
избори и презеде голем ризик

Ослабената поддршка за владата потекнува од незадоволството од економскиот застој и корупциските скандали

АТИНА - Грчкиот премиер Костас Караманлис вчера почна тешка изборна кампања, откако свика предвремени парламентарни избори за 4 октомври, за да побара нов мандат и да се справи со економската криза. Изборите требаше да се одржат во 2011 година, но опозиционите социјалисти притискаа за предвремено гласање во март, принудувајќи го Караманлис да преземе ризик и да избере датум иако неговата конзервативна партија Нова демократија во анкетите заостанува зад ПАСОК.

„Последиците од економската криза се видливи. Преземањето неопходни мерки наметнува едно решение: расчистување на политичкиот пејзаж и нов народен мандат“, изјави Караманлис во телевизискиот говор. Караманлис вчера го посети грчкиот претседател за да побара негова согласност и да најави датум. „Барам нов политички мандат“, изјави Караманлис на телевизија. Имаше шпекулации дека конзервативниот премиер ќе оди на предвремени избори со тенкото мнозинство што го има во парламентот. Конзервативците имаат 151 место во 300-члениот парламент.

Караманлис во обраќањето истакна: „Треба да го расчистиме политичкиот пејзаж и да продолжиме со серија суштински мерки за да излеземе од кризата. Тешка и решителна ќе биде 2010 година, а грчкиот народ мора да избере влада што може да ја извлече земјата од кризата“, рече тој.

Намалената поддршка за владата потекнува од незадоволството поради големиот економски застој и корупциските скандали. Се тврдеше дека поранешниот министер Аристотел Павлидес барал мито во замена за одобрување шпедитерски договори, иако тој негираше какво било погрешно работење. Во октомври минатата година двајца министри поднесоа оставка откако се покажа дека државно земјиште му било дадено на манастир на планината Атос, во замена за земјиште со многу помала вредност. Претходно, министерот за труд поднесе оставка откако вработи неосигурени имигранти, а неговиот претходник беше принуден да се повлече поради скандал со обврзници.

Грција, исто така, беше заглавена од социјални немири откако полицијата уби тинејџер во декември минатата година. Убиството ги предизвика најголемите немири во земјата со децении, и доведе до судири меѓу полицијата и демонстрантите во неделите што следуваа. Владата беше погодена уште повеќе по критиките за нејзината реакција за шумските пожари во близина на Атина минатиот месец. Нападите, како оној со автомобил-бомба што експлодираше во средата пред атинската берза, за што полицијата се сомнева дека бил организиран од левичарска или од анархистичка група, уште повеќе и' наштетија на владата.

Конзервативците заостануваат околу шест процентуални поени зад главната опозиција, социјалистите, во анкетите за јавно мислење. Меѓутоа, аналитичарите истакнуваат дека Нова демократија ќе се соочи со уште поголем пораз доколку чека. „Премиерот донесе политички ризична одлука. ПАСОК несомнено има политичка предност во оваа кампања“, рече политичкиот аналитичар Такис Теодорикакос. Грчката економија, која инвеститорите ја гледаат како најслабата врска во еврозоната, годинава се соочува со првата рецесија од 1993 година додека нејзиниот национален долг се зголемува.

ПАСОК можеби нема да собере доволно гласови на овие предвремени избори за сама да формира влада, што би ја турнало Грција во политичка несигурност додека се обидува да се справи со глобалниот застој. „Време е за нов курс“, рече лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу, кој се залага за економска програма на „зелен развој“. „Имаме сила и храброст да се судриме со се' што ја задржува нашата земја“. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 1460 пати.

Испрати коментар

Од: Slobo
Датум: 04.09.2009 11:11:53
Gotov e!
Од: Бела Македонија
Датум: 04.09.2009 12:16:53
Е Караманлис,или Црниманлис време тие да си одиш се надевам и грците ке сватат дека си никоја вера,ни турчин ни грк,а тоа е најлошо-јаничар.Македонец во никој случај не си оти си од Кападокија и целото твое потекло.Нека победи ПАСОК сигурно тие барем се грци по народнос...и не мора да не признаат,но и ти треба да си одиш оти многу матиш со нашиве јаничари.

Најди! во Утрински
Свет
Платени убијци застрелаа 17 лица на клиника во Мексико
Галаксијата Андромеда се проширува со апсорбирање ѕвезди од други галаксии
Воени бродови, нафта и кавијар во Каспиското Море
Мета нов шеф на албанската дипломатија
Баросо ја изложи својата политика за добивање нов мандат
Бан Ки Мун - Светот се движи кон пропаст
Обама ќе се обрати пред Конгресот за реформите во здравствениот систем