Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Воени бродови, нафта и кавијар во Каспиското Море

Одлуката на Туркменистан да направи воена база на морнарицата, предизвика голема огорченост во Азербејџан

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ



МОСКВА - Одлуката на раководството на Туркменистан, на својот дел од Каспиското Море да направи воена база на морнарицата, предизвика голема огорченост во Азербејџан. Информативната војна што тлееше последниве месеци поради спорот на кого му припаѓаат три големи дупчења со гас, сега се разгоре, бидејќи на раководството во Баку не му се допаѓа тоа што во регионот ќе се појават воени бродови.

„Ние сакаме Каспиското Море да биде регион на мир и соработка, а не по него да пловат воени бродови“, изјави Ељхан Полухов, претставник за информации на министерството за надворешни работи на Азербејџан.

Тој брз одговор од Баку, всушност, е реакција на изјавата на туркменистанскиот претседател, Гурбангулиј Бердимухамедов, кој рече дека неговата земја ќе почне да формира своја воена флота поради заштита на своите граници на Каспиското Море. Претседателот Бердимухамедов изјави пред Советот за безбедност на Туркменистан дека ќе се создаде ефикасна контрола на границите. Граничните единици уште сега купуваат брзи патролни чамци, а за воената морнарица ќе бидат купени два современи брода, кои ќе бидат вооружени со ракети. За да може да функционира одбраната наскоро ќе се создаде воено-поморска база.

Туркменистан и Азербејџан уште од распаѓањето на СССР не можат да ги поделат наоѓалиштата на нафта и на гас на Каспиското Море. Туркменистанскиот претседател го обвинува раководството во Баку дека тие самостојно, без договор со Ашхабад, почнале да ги користат спорните наоѓалишта „Оман“ и „Осман“, а исто така, не е решено кому му припаѓа наоѓалиштето „Сердар“. Претседателот Бердимухамедов потсетува дека сите три наоѓалишта во времето на СССР, административно, односно во документите, му припаѓале на Туркменистан. Сега Туркменистанците сакаат да го решат проблемот со меѓународна арбитража, а потоа ќе бараат и финансиски надоместок.

Во Баку тврдат дека тоа што Туркменистан создава воена морнарица на Каспиското Море може да создаде ново конфликтно жариште. Истовремено, додека му забележуваат на Туркменистан што сака да создаде своја воена флота, Азербејџан има намера уште идната година да направи бродоградилиште, што ќе може да произведува не само танкери за превоз на нафта, туку и други бродови, меѓу кои и воени.

Засега многумина се надеваат дека ќе победи разумот и оти во блиска иднина нема да дојде до војна меѓ�� Азербејџан и Туркменистан. Инаку, Азербејџан последниве години многу се вооружуваше и се подготвуваше за војна, за враќање на Нагорно Карабах. Ако дојде до војна тоа, всушност, ќе биде војна со Ерменија. Во таа се' позаострена атмосфера меѓу Ашхабад и Баку треба да се знае дека дел од нафтата од Туркменистан се разнесува низ светот од азербејџанските пристаништа.

Расправиите меѓу Туркменистан и Азербејџан објективно ги намалуваат шансите во поблиска перспектива да се наполни гасоводот „Набуко“, со кој синото гориво би се доставувало во Западна Европа.

Колку Каспиското Море е позагадено, толку помалку ќе го има познатиот црн кавијар. Количеството кавијар и така е значително е помало, бидејќи водата е загадена, а покрај тоа мафијата немилосрдно лови есетра, па логично е од година во година да има се' помалку кавијар, така што неговата цена на светскиот пазар ќе биде многу висока.


#
Статијата е прочитана 627 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Костас Караманлис свика предвремени избори во Грција
Платени убијци застрелаа 17 лица на клиника во Мексико
Галаксијата Андромеда се проширува со апсорбирање ѕвезди од други галаксии
Мета нов шеф на албанската дипломатија
Баросо ја изложи својата политика за добивање нов мандат
Бан Ки Мун - Светот се движи кон пропаст
Обама ќе се обрати пред Конгресот за реформите во здравствениот систем