Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Мета нов шеф на албанската дипломатија

Тирана – „Шеф на дипломатијата и вицепремиер во новата албанска влада ќе биде Илир Мета, лидер на Социјалистичкото движење за интеграција“. Ова го соопшти премиерот Сали Бериша по потпишувањето на договорот за коалициона влада со партијата на поранешниот премиер Илир Мета.

Бериша рече дека Социјалистичкото движење за интеграција ќе добие 20 отсто од поважните места во коалиционата влада, која ќе ја предводи неговата Демократска партија.

Мета со години беше еден од најжестоките критичари на Бериша, но по изборите, сепак, одлучи да состави заедничка влада, која би требало да биде промовирана до крајот на оваа или почетокот на идната недела.

Главната опозициона Социјалистичка партија објави дека не ги признава резултатите од јунските парламентарни избори и најави дека нема да учествува во работата на новиот албански парламент. (Макфакс)


#
Статијата е прочитана 169 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Костас Караманлис свика предвремени избори во Грција
Платени убијци застрелаа 17 лица на клиника во Мексико
Галаксијата Андромеда се проширува со апсорбирање ѕвезди од други галаксии
Воени бродови, нафта и кавијар во Каспиското Море
Баросо ја изложи својата политика за добивање нов мандат
Бан Ки Мун - Светот се движи кон пропаст
Обама ќе се обрати пред Конгресот за реформите во здравствениот систем