Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Платени убијци застрелаа 17 лица на клиника во Мексико

Околу 10 вооружени напаѓачи упаднаа во мексиканска клиника за рехабилитација во близина на границата со САД

СИУДАД ХУАРЕЗ - Околу десетмина вооружени напаѓачи со качулки во средата упаднаа во мексиканска клиника за рехабилитација во близина на границата со САД, ги построија пациентите и убија 17 од нив. Наркобанди ја нападнаа клиниката за рехабилитација во индустриското место Сиудад Хуарез од другата страна на Ел Пасо, Тексас, обвинувајќи ја дека заштитува дилери од ривалските банди.

Нападот е еден од најсмртоносните во тригодишната војна на претседателот Фелипе Калдерон против наркокартелите, и покрај присуството на 10.000 војници и сојузната полиција во Сиудад Хуарез, кои постојано патролираат низ улиците на градот.

Осомничени платени убијци упаднаа на клиниката за рехабилитација од дрога и алкохол во Сиудад Хуарез, ги построија пациентите во коридор, а потоа ги застрелаа, јавија воени извори и весникот „Ел Дијарио“. „Вооружени напаѓачи застрелаа околу 20 лица, убивајќи 17 од нив и ранувајќи тројца“, рече воениот портпарол Енрик Торес.

Во друг напад во средата, вооружени напаѓачи го убија заменик-началникот на полицијата во матичната држава на Калдерон, Мичоакан, во западно Мексико. Хозе Мануел Ревуелтас, назначен пред само две недели, беше пресретнат од силно вооружени лица во две возила, додека се движеше низ прометна авенија во главниот град на државата, Морелија, неколку блокови од полицискиот штаб, јави полицијата. Ревуелтас (38) и неговите двајца телохранители починаа во интензивната престрелка, во која, исто така, загина маж што патуваше со автобус. Ревуелтас беше близок помошник на левоориентираниот гувернер Мичоакан, Леонел Годој. Калдерон распореди голем број воени сили во државата.

Калдерон ја ризикуваше претседателската функција со војната против картелите, чија бесрамна борба за контрола на маршрутите за шверц во САД го загрижува Вашингтон, и која однесе над 13.000 животи од крајот на 2006 година. Американскиот претседател Барак Обама вети целосна поддршка за војната на Калдерон против дрогата, но сумата од 1,4 милијарди долари, ветена на Мексико во 2007 година како помош да се спречат моќните картели, полека пристигнува, а досега се издвоени само 214 милиони долари за опрема и обука. (Ројтерс)

 


#
Статијата е прочитана 492 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Костас Караманлис свика предвремени избори во Грција
Галаксијата Андромеда се проширува со апсорбирање ѕвезди од други галаксии
Воени бродови, нафта и кавијар во Каспиското Море
Мета нов шеф на албанската дипломатија
Баросо ја изложи својата политика за добивање нов мандат
Бан Ки Мун - Светот се движи кон пропаст
Обама ќе се обрати пред Конгресот за реформите во здравствениот систем