Галаксијата Андромеда се проширува со апсорбирање ѕвезди од други галаксии
Огромната галаксија Андромеда, по се' изгледа, се проширува со апсорбирање ѕвезди од други галаксии, покажуваат истражувањата. Кога меѓународен тим научници ја внесе Андромеда на карта беа откриени ѕвезди за кои се смета дека се „остатоци од минијатурни галаксии“. Астрономите ги објавија резултатите од своите истражувања во списанието „Нејчр“. Тоа апсорбирање на ѕвездите беше предложено и претходно, но ултрадлабокото истражување на тимот овозможи детаљни слики, кои потврдуваат дека тоа се случува. Тоа укажува на „хиерархискиот модел“ на формирање на галаксијата.
Моделот предвидува дека големи галаксии треба да бидат опкружени од остатоци на помали галаксии што ги апсорбирале. Научниците првпат детаљно ги исцртаа границите на Андромеда. Тие открија ѕвезди, кои не можеле да се формираат во самата галаксија. Полин Бармби, астроном од универзитетот Западно Онтарио, кој учествувал во студијата, вели дека моделот на ѕвездените орбити го открива нивното потекло. „Андромеда е толку блиску што можеме да ги испланираме сите ѕвезди. Кога ќе се забележат грст ѕвезди толку далеку, и со истата орбита, се знае дека тие секогаш не биле таму “.
Андромеда, која е приближно 2,5 милиони светлосни години оддалечена од Земјата, се' уште се проширува, велат научниците. Истражувачите, исто така, забележаа „низа ѕвезди“ од блиската галаксија Тријангулум што се „шири“ кон Андромеда. (Би-Би-Си) |