Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет
Обама ќе се обрати пред Конгресот за реформите во здравствениот систем

ВАШИНГТОН - Американскиот претседател Барак Обама следната седмица ќе се обиде да ја зголеми намалената поддршка за реформите во здравствениот систем, со обраќање пред Конгресот, откако ова лето се наметнаа прашања и за неговото раководење и за законодавната програма. Обама, кој вложи значаен политички капитал од 2,5 илјади милијарди долари на поширок план за реорганизација на системот за здравствена заштита, ќе одржи говор на заедничката сесија на американскиот Сенат и Претставничкиот дом на 9 септември, јави претставник на администрацијата. Обраќањето следува поради опаднатите податоци во анкетите и се' поголемото спротивставување за плановите за реформи што, всушност, го поттикнаа претседателот да развие нова стратегија за постигнување договор.

Високиот советник на Белата куќа, Дејвид Акселрод, изјави дека Обама ќе говори пред Конгресот, бидејќи дебатата за здравствена заштита влезе во нова фаза. „Сега треба да ги повлечеме последните нишки заедно и да завршиме со тоа. Во различна фаза од оваа дебата ќе дискутираме каде се наоѓаме и што треба да направиме за да ги поминеме тие последни десет метри и да завршиме“.

Демократските и републиканските законодавци следната седмица ќе се вратат од едномесечна пауза, обележана со јавни состаноци во градското собрание на кои имаше огорчени расправии за здравствениот систем.

Обама има јасни цели за намалување на трошоците за здравствена заштита и обезбедување медицинско осигурување на околу 46 милиони Американци, кои сега немаат осигурување. Меѓутоа, опозицијата се фокусираше на „јавната опција“ - предложениот план од владата за здравствено осигурување, што Обама го поддржува како алтернативна опција на приватното осигурување. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 207 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Костас Караманлис свика предвремени избори во Грција
Платени убијци застрелаа 17 лица на клиника во Мексико
Галаксијата Андромеда се проширува со апсорбирање ѕвезди од други галаксии
Воени бродови, нафта и кавијар во Каспиското Море
Мета нов шеф на албанската дипломатија
Баросо ја изложи својата политика за добивање нов мандат
Бан Ки Мун - Светот се движи кон пропаст