Брoj 2710  четврток, 12 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Брисел бара уште апсења и мирни избори в недела

Милошоски во мисија да ја дистанцира Владата од нерегуларностите на Албанците

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

БРИСЕЛ - Министерот Антонио Милошоски се обиде вчера во Брисел да ја дистанцира владејачката партија од инцидентите што можат да се повторат в недела, најавувајќи го она што Европската унија во моментов најмногу го посакува, односно предизвикувачите на насилствата да се казнуваат неселективно, заради легитимност на изборите и заради потребата колку- толку да се спаси имиџот на државата.

„За Македонија е важно финалниот извештај за изборите да биде позитивен, а за да биде таков одговорноста за нерегуларностите мора да биде конкретизирана и персонализирана и учесниците да бидат казнети“, изјави Милошоски по средбата со еврокомесарот Оли Рен вчера рано наутро. Според него, превентивните мерки што ги најавува Владата ќе бидат оценети како успешни само ако имаат траен исход според законската регулатива, а бидејќи во Македонија се бориме за еднаквост и рамноправност, „еднаквоста и рамноправноста пред законот е вклучена во тоа, па институциите се решени да ја спроведат“, изјави тој, сугерирајќи очигледно дека нема веќе да има толеранција за радикалните настапи на албанскиот фактор.

Изборите беа една од трите пораки што ги доби Милошоски од еврокомесарот за проширување. Другите две беа дека Брисел очекува новата влада да се фокусира што е можно побрзо на исполнувањето на осумте предуслови и да го реши спорот околу името, кој е билатерален, но ја кочи нашата евроинтеграција. И покрај тврдењата дека владејачката гарнитура во Македонија е решена да стори се' да се надмине оваа пречка, Милошоски изрази сомнеж пред Рен дека Атина е мотивирана да се случи тоа, бидејќи потезите што ги влече говорат дека проблемот го злоупотребува за остварување на внатрешни и надворешно-политички цели. „И во 1991 и 1992 година Грција ја блокираше самата независност на Македонија, но тоа не траеше вечно. Некој може да блокира нешто за некој период, но не се' и засекогаш“, беше одговорот на Милошоски на новинарските оцени дека изгледите на Македонија да добие датум за преговори без исход околу името не се многу реални.

Посетата на Милошоски беше темпирана пред состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ идниот понеделник и пред министерскиот состанок на НАТО денес и утре, на кои ќе стане збор за нашите избори, како и за неодржливата состојба на статус кво со евроинтеграцијата. Според она што се дознава, заклучоците за министерскиот состанок на ЕУ, кој претходи на средбата на лидерите истата недела, ќе имаат голем простор посветен на Македонија, а крајната интонација ќе се даде непосредно пред средбата, бидејќи се чека исходот од прегласувањето.

Според дипломатски извори, во нацрт- документот што циркулира сега се изразува жалење за насилствата, инцидентите и сериозните слабости на изборите пред две недели, при што ќе се повикаат властите да ги истражат и да преземат соодветни мерки. Исто така ќе се поздрави најавата од властите во Македонија дека на овие прашања ќе им се посвети без одлагање и се изразува надеж дека што поскоро ќе биде формиран новиот парламент, бидејќи е неопходно да се продолжи што е можно побрзо и со реформите. ЕУ- министрите ќе ги повикаат, исто така, сите политички партии да придонесат за конструктивен и инклузивен дијалог, и во зависност од исходот на гласањето в недела, можно е на самитот да се најде уште еден дел кој ќе отвори простор за давање датум за преговори на крајот на годината, но ќе биде далеку од тоа да навестува таква одлука. Во него ќе стои дека следниот чекор кон започнување членство ќе биде можен само по исполнувањето на сите услови спомнати во критериумите од Копенхаген и од Спогодбата за асоцијација и стабилизација, со што ќе се избегне директното спомнување на спорот околу името, но реално тој и натаму ќе фигурира како пречка.

Грчките притисоци деновиве се насочени во два правци - да се вметне поконкретно спорот околу името како услов за датумот за преговори за Македонија и да се оцрни што е можно повеќе ситуацијата во земјата, бидејќи слободни и фер избори се клучните услови во критериумите од Копенхаген. Во НАТО, до вчера немаа објаснување што ќе се случи со поканата на Македонија, бидејќи станува јасно дека нема шанси да се реши спорот до 9 јули, па во Алијансата се' подлабоко заглавуваат околу ова прашање, иако официјално ставот е дека не се инволвирани. Колкав е рокот на поканата и дали ќе важи, без оглед на случувањата во Македонија, може ли да биде суспендирана и слично се прашања околу кои има голем молк во Алијансата.


Статијата е прочитана 1244 пати.

Испрати коментар

Од: beni
Датум: 12.06.2008 00:18:52
problemot vo mk ne se albancite nego nivnata diskriminacija,kako rezultat na ova diskriminacija i so pomosh na partijata na miloshevski zaedno so kriminalni grupi predvodeni od thaci se dovedeni albancite vo ova situacija da ne im veruvat na institucijte na ova drzhava. evropejcite znat za ova tie rabotite gi analizirat mnogu mnogu dlaboko.
Од: od mene
Датум: 12.06.2008 01:31:47
Do Beni. Ako ti milsis deka trgovija so luge, oruzje i droga i ostvaruvanje na odredeni celi e diskriminacija, togas treba da se podrasprasas naokolu so e diskriminacija. Albancite ne se diskriminirani najmalku vo Makedonija. Policajcite sto ucestvuvale vo incidentite se albanci. Koj e odgovorot na toa. Obrazovanie e problemot treba da se obrazuvaat albancite ali ne so kupuvanje na ocenki so dolari nego so vistinsko ucenje.
Од: delcevo
Датум: 12.06.2008 01:46:09
A dali Brisel e svesen za toa kolku mozat da bidat spektakularni apsenjata vo MK i toa za nevinite ,a pak za vinovnite toa e cudo.
Од: p
Датум: 12.06.2008 03:26:39
Koja be diskriminacija pa imaat previse prava problemot e sto Albancite se necivilizirani i nemaat lojalnost kon Makedonija....i uste nesto Beni ako Albancite se diskriminirani vo Makedonija slobodni se da odat na Kosovo ili Albanijapa tamu da uzivaat vo sloboda...ajde cao
Од: memet USA
Датум: 12.06.2008 03:47:34
VMRO i DPA na ovie izbori se odgovorni, tie se na vlasta i se rabotaat so kriminelni grupi, go pustat tie isto i policija so inspektori na MVR, da ucestvat na glasovi i tie se znaat od koja partia se na rabota i taka rabotaat, i na kraj za cela makedonija kako se odgovara Milosovski vo Bruksel , Atina vo 1991, 92 ne go priznavaat Soverena Makedonija videte kakoe . A zasto vie sega igrate so Kosovo, ne go priznavate. dodeka go priznavat naj golemite drzavi, tie se drzavi sto go molite da ve prima na EU.
Од: jovan
Датум: 12.06.2008 09:35:05
Problemot e sto so Makedonija upravuvaat kriminalni strukturi/oligarhija i Brisel od damna bara apsenja no na MVR toa ne mu odgovara bidejki i samoto MVR e finansirano od ovi strukturi. Koj i da dojde za premier dokolku pocne da apsi mediumite mu se nafrlaat so etiketi "diktator" "tiranin" itn. Sega vo slucajov so Albancive ,Makedonskite mediumi ke bidat neutralni pa duri i ke "podrzuvaat i baraat" apsenja bidejki Makedonskite kriminalni strukturi toa ne gi zasega, no dokolku Brisel pobara apsenja i na ovaa strana, neznam dali bas ke ja objavat vesta i dali taka lesno ke dozvolat apsenja.
Од: Gledaj globalno
Датум: 12.06.2008 10:20:25
Da se razbereme! Izbornite nasilstva se rezirani i podrzani od vlasta. Vo nedela se ce pomine vo red, znaci se moze. No na 1 juni, za da se vnese smut, da se se falsifikuvaat mnozinstvoto glasovi, bea neophodni za vlasta onie neregularnosti.
Од: luigi
Датум: 12.06.2008 10:59:38
Trebe da se apsat proizvodite na tie sto baraat sega apsenja.Toa se 8-mi patnicite(Gejms Kameron) koj tie3 gi proizvedova.
Од: Albanec od EU
Датум: 12.06.2008 16:00:38
Mislam deka postoi resenie za problemot narecen FYROM. Podelbata e edinstvenoto dolgotrajno resenie. Nie so Albanija, a vie so Bugarija (ili pak Srbija ako sakate). Vaka kako sto stojat rabotitet, ni vie, a ni nie ne sme mirni. A tebe gospodine "p", i na slicnite kako tebe, neka ti bide jasno edna rabota. Koga se pravi delba, sekoj si go zema svojot del. Mene me cudi kako dosega Albanskite lideri ne proglasija Republika Ilirida. Navistina me cudi, bidejki momentalno Albancite ja imaat podrskata od najmoknata supersila na planetata, SAD, i na site zapadnoevropski zemji. Ili, mozebi naskoro i toa ke bide! Mozebi ovoj cirkus so izborite e samo pocetok na krajot...
Од: Tetovo
Датум: 12.06.2008 16:37:37
Mnogu e lesno da rusis nesto, a mnogu tesko da gradis. Ako imase incidenti, togas MVR gi znae prestapnicite. VMRO i Gruevski gi laze makedoncite a albancite gi tera edni protiv drugi. Ako institucijata se distancira od eden del na svojot narod i teritorija togas zosto albancite da im veruvaat na instituciite i drzavata. Izborite ne gi napravija albancite, treba da se pravi razlika megu kriminalni grupi koi gi ima vo dvete albanski grupi, a i kaj makedoncite isto. Pozdrav
Од: gaci
Датум: 12.06.2008 16:59:10
Dobro e sto vo novata vlada ne ke se najde imeto na Manevski.
Од: selam
Датум: 13.06.2008 12:35:06
do (P) pa dosta veke so taa zastarena jugoslovensko mislenje (odete vo albanija ili golema albanija) çudnoe sto site komsii vi negiraat identitetot na makedoncite osven abancite ne bidi slep pred realnosta deka site super sili ne uvazuvaat samo vie ste tolku dobri sto ke kazete se i sesto pa duri i nema da priznaete kosovo edna pogovorka KOI IGRA SO OGAN KEGI IZGORI RACETE AKO NE I KOPLETNO zatoa grujo neka si misli dobro zatoa sto se e mozno i ponatamu zaedno da ziveeme ili pak da se delime no za vasa nesreqa makedonija ke ja snema anie nema da odime vo albanija tuku samo granicata ke treba da se pomeri po sredinata!!!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Пред се', потребни се мирни избори
Цел Врховен суд одлучува за изборните жалби
Оружјето е закана и кога не се употребува
Има ли излез од „изборната дупка“
Зденко
Атина го слушна Фрчкоски
Министри - чувари!
Новата Влада со старите министри од ВМРО-ДПМНЕ
Владата сака да реализира ветувања со дивиденда од „Телеком“
Аман, нека завршат изборите
Проблемот на Македонија не се Албанците
Заканите на ДУИ и на ДПА - кривични дела
Verbatim