Брoj 2710  четврток, 12 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Новата Влада со старите министри од ВМРО-ДПМНЕ

Партиски извори тврдат дека Груевски нема да направи големи промени кај министрите

Оливера Војновска

Во новиот владиниот кабинет, што според уставните рокови треба да се формира најдоцна до 6 август, речиси е извесно дека ќе седат истите министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски извори тврдат дека премиерот Никола Груевски нема да направи големи промени во министрската екипа од неговата партија и дека се можни рокади од еден во друг ресор. Истите извори се убедени дека Груевски ќе им се заблагодари на соработката на министрите од НСДП, Лазар Еленовски, Живко Јанкуловски и Вера Рафајловска, иако тие на изборите му искажаа поддршка. Ресорите, пак, што ги имаа новите социјалдемократи ги зголемија апетитите во ВМРО-ДПМНЕ, чија коалиција на изборите освои 64 мандати, од кои 54 се на партијата на Груевски.

Инаку, со сигурност се тврди дека Зоран Ставрески останува на вицепремиерското место. Гордана Јанкулоска, најверојатно, ќе ја задржи челната позиција во МВР, но се спомнува и како прв човек во Министрството за одбрана. Миле Јанакиески, наводно, од Министрството за транспорт и врски би преминал во Министрството за финансии, а на негово место би дошол Ивица Коневски, директорот на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор. Сегашниот прв финансиер Трајко Славески, пак, би застанал на чело на Министерството за економија. Во калкулациите за новиот кабинет на Груевски актуелниот шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски, се спомнува како вицепремиер за евроинтеграции. Сегашниот министер за правда, Михајло Маневски, не се става во ниту една комбинација. За него и за вицепремиерката Габриела Конеска-Трајковска, се говори дека нема да бидат дел од новиот владин тим. За министрската функција во правда, наводно, бил заинтересиран Трајко Велјановски, кој пак се спомнува и како иден собраниски спикер.

Инаку, околу формирањето на новата влада има повеќе непознатици. Во моментов е неизвесно која од двете партии на Албанците, ДПА и ДУИ, ќе биде дел од владиното друштво, како и тоа колку министерски места би добиле. Во сегашниот владин состав ДПА имаше шест претставници - еден вицепремиер и пет министерски места: здравство, образование, култура, локална самоуправа и животна средина. Но, тоа не значи дека партијата од албанскиот блок што ќе влезе во владата и овој пат ќе ги добие истите ресори. Во барабанот на коалициските пазарења веројатно ќе биде и Министрството за труд и социјална политика, со кое досега раководеше либералот Љупчо Мешков.

Премиерот Груевски, како што рече самиот, иако повеќе ја посакува ДПА за коалициски партнер, сепак, во владата ќе соработува со партијата што ќе добие мнозинство од гласовите на Албанците. Нештата веројатно ќе бидат појасни по неделното прегласување, се разбира ако помине во нормална атмосфера - без инциденти. Доколку, сепак, се случи најнепосакуваната варијанта - да се повтори сликата од изборите на 1 јуни, тоа може да доведе и до пролонгирање на конститутивната седница на парламентот и на формирањето на владата. Груевски веднаш по изборите рече: „Нема да дозволиме ниту еден пратеник во Собранието да ја добие функцијата на нелегитимен и недемократски начин. Јас нема да ја составам новата влада се' додека не видам дека и во оние 1 до 2 проценти од избирачките места се одржале фер и демократски избори и дека волјата на граѓаните е во целост изразена“.


Статијата е прочитана 3712 пати.

Испрати коментар

Од: Kiril
Датум: 12.06.2008 00:27:38
Iako ne sum srekjen poradi pobedata na turbo-folkerskava garnitura, sepak srekjen sum sto povekje nema da go vidam Ivica Bocevski na ekranite :)
Од: kukuruz
Датум: 12.06.2008 00:37:43
bravo za toa sto ne e Mihajlo Manevski vo niedna kombinacija. Najlosiot minister za pravda, bilo koga dosega vo Makedonija.
Од: Goran
Датум: 12.06.2008 01:06:31
Nikola glasav za tebe ama ako Mile go stavis minister za finansii tesko nas pa detevo ama navistina ne e za minister zosto go forsiras tolku dosta mu e sto e pratenik!
Од: aleks
Датум: 12.06.2008 01:12:09
lele mori majko-ivica konevski minister za transport i vrski?!!! pa ima li kriterium za izbor na minister. se prasuvam dali deckoto ima zavrseno fakultet posto bese veciti student na praven, a za rabotno iskustvo i da ne zboruvam bidejki cel zivot go pomina po kafici. tesko nas so vakvi kadri na prerodbata. stvarno prerodba od menadzer na kafici i diskoteki do minister. e toa se vika prerodba.
Од: odstranstvo
Датум: 12.06.2008 01:24:22
pa Mile mu ebrat na Grueski od istitatko pa zatoa go forsira bratmu
Од: delcevo
Датум: 12.06.2008 01:42:54
rano e se uste da se pravi sostav na vladata bidejki premierot (vo senka ) a toa e ( dali Taci ili Ahmeti) ne se soglasil na toa. A se znae deka bez nivna soglasnost nema nisto da pomine bidejki taka im e najverojatno dogovoreno.
Од: jas
Датум: 12.06.2008 02:27:44
А Гордана, ако иде во одбрана ќе биде супер, само некако тешко дека ќе се случи таа рокада. Конески, чопввек кој вреди-сапорт за тој потег?
Од: Иван Јорданов
Датум: 12.06.2008 03:34:07
Дека ова ќе биде најлошата, најнеискусната Влада, се гледа со форсирањето кадри од калибарот на Миле и Антонио на клучни позиции (само блиц споредба направете меѓу Антоне и Радмила; или Миле и... било кого). Дека ова ќе биде Владата со најзатегнати меѓуетнички односи во и вон нејзините институции, зборуваат воинствените говори на гласноговорниците на албанските политички партии како да ќе влегуваат во конфликт, а не во Влада, но и ноншалантниот однос на Груевски спрема албанскиот електорат и делот од државата доминантно населен со етнички Албанци (што му е гајле; тој дел ионака не е во Бугарија - Проширена и Надградена). Едно нешто не ми е јасно, од кај до кај гласачко тело од 170.000 гласа во 1-2 % од вкупен број избирачки места?! Знае некој преродбеник да ми каже? Живо ме интересира... Љубче би рекол: „Добро е кога знаеш дека некој го продолжува твоето дело (со блажен смев).“
Од: Meri
Датум: 12.06.2008 09:38:30
Trajko Slavevski e nadobriot MINISTER ZA FINANSII kje bide golema greska ako ne ostane tamu kade sto dava najdobri rezultati
Од: dragan
Датум: 12.06.2008 09:49:11
se slozuvam so eden od komentarite mile janakievski ne se snajde tamu kaj sto bese a kamo li kako minister za finansii sepak toa e i oblast na profesorot slavevski, mislam deka i dobro se pokaza pa nema potreba da se menuva
Од: vesna
Датум: 12.06.2008 10:10:48
Fala bogu,Mile da se trgne od Transport i vrski, Se nadevam deka noviot minister ke vovede pravilen kriterium za raspredelba na socijalnite stranovi. Mile dozvoli, tie sto imaat i kuki i vikendicki da dobijat stanovi a tie sto nisto nemaat pak da nemaat.mislam deka mile voopsto i ne zasluzuva da bide minister.
Од: strumica
Датум: 12.06.2008 10:44:29
eee Makedonijo na koe derezde padna tuku kako veli onaa ,,sto ke si posees toa ke si poznees'' samo sto jas toa ne go posadiv ama izgleda ke mora da go zneam
Од: МФ
Датум: 12.06.2008 11:11:39
Во никој случај Славески да не си оди од финансии
Од: Goran
Датум: 12.06.2008 11:22:21
Предлагам министер за финанси да биди Ден Дончев како инзвонреден кадар без разлика дали иди од ВМРО-НП, сепак и многу симпатизери од Народна гласаја за оваа опција.Антонио можи да го води секторот за евроинтеграции. За надворешни работи предлагам Проф д-р Ѓорѓи Иванов кои според мене има исклучително познавање.
Од: KLM
Датум: 12.06.2008 11:29:25
Za zal ne ocekuvam nisto dobro od banda deca vo peleni... samo cekam rasturanje na drzavata i potezok zivot vo realnosta, a uste poveke propaganda i kampanji vo virtuelniot svet na Grujo i kompanija... Ah zalna Makedonijo...
Од: mene
Датум: 12.06.2008 11:39:50
zosto ne se zemat dobri kadri od ekonomski, kako ljupco k., kiril p., pece n.?
Од: qatip
Датум: 12.06.2008 11:56:58
ne veruvam deka gruevski ke go zeme vo vladata dui,zatoa sto toj znae da ne bese vojnata vo makedonija koja ja na pravija branko-ali vladata na dpa-vmro nemase da go rusi nikoj za 20 godini i do sega qe bevme i nato i eu.vo slucaj da go zeme gruevski nema da gi ima trsdicionalnite glasaci na vmro koi se 250 000.i slednite izbori ke gubi od sdsm,zasto od idnata godina brenko nema da bide presedatel nego pak vo sdsm.i kako znaeme dui gi imase najkorumpiranite ministri vo istorija ma makedonija, a vo dpa i vo ova vlada na zaminuvanje nemase niktu eden korumpiran minister sto e za pofalba.
Од: hy
Датум: 12.06.2008 12:57:50
Pobedata na Gujo ke ne unazadi.a izborot na ministri so deca ne dorasnati uste poveke. neka ni e na pomos gospod ,vo idniot period samo nego ke go barame.ama i toj nema da ni pomogne koga ima rabota so nedokvakani.
Од: Џоче
Датум: 12.06.2008 13:53:00
Прво што треба да си оди е Трајко Славевски, па за какво добро работење се говори за него кога во државата има 12% инфлација и најнизок стандарт на балканот
Од: milanco
Датум: 12.06.2008 13:53:40
draga gospogo olivera loso ste informirani gruevski nema da odi so istite ministri od vmro [decata kako sto velat sdsovskite vasi citateli nego resil sega za ministri da gi zeme sdsovskite ajduci za da mozat uste malku da kradat i da ne odgovarat za krazbata posto tie se stari iskusni kratci i ne se deca da ne znaat da kradat od narodot i da rabotat za nego pa zatoa ovie stari kratci znaat da go ukradat narodot i nikoj da ne se buni posto tia rabotat za interesot na drzavata kako veli vasiot uciter erol rizov najgolemio t kradec vo utrinski pa zatoa gos olivera informirajte se podobro
Од: A.Nikolov.
Датум: 12.06.2008 14:29:06
Novata vlada pak ke bide sobirishtina na kopilj do kopilj.Tie se bavat samo za minatoto a idninata ne gi interesira.Neka ni e na zdravje.
Од: komesar
Датум: 12.06.2008 14:49:00
Deka Gruevski ke mora da go zeme Dui vo vlasta sega toa e sosema jasna.Dui ke pobedi kaj albanskiot narod.Toa e jasno.So ova Gruevski ja poprava greskata sto ja napravi vo 2006 god.Toj svati deka so partija od albanskiot bllok sto nema legitimnost od albancite ke nema stabillna vllada.Megjunarodnata zaednica preporacuva deka vo vlada od albanskiot bllok mora da vlezat pobednicite sto pobedile so fer i demokratska atmosfera.Nisto ne odi prisilno,i ako ke odi mnogu kratko vreme kako sto bese so ova vlada do 2 godini i se dojde do predvremeni izbori samo zaradi toa sto ne se pocituval glasot na albanskiot narod.Narodot legitimira.Kogo go legitimira narodot taa partija treba da vleze vo vllasta a ne kako sto se napravi vo prethodnata vlada(vladata na zaminuvanje)i zaradi toa se slucile predvremeni izbori.So gradenje na glasovi bez da go imas doverbata na narodot ne mozes da bidesh del od vladata i ako bides toa nema da odi mnogu ili 2 godini ili odma mozes da predizvikash destabilizacija.
Од: nik
Датум: 13.06.2008 00:32:53
ve citav socijaldemokrati pa ne mozam da vi se iznacudam.mi zboruvate za nekakvi iskusni politicari pa demek takvi gi ima samo vo sdsm.ako gi smetate za iskusni oligarsite i arogantnite ne poedinci tuku masi od luge koi sakaat da ziveat samo tie a ovaj narod makedonski da go ucenuvaat i ponizuvaat.zatoa narodot ne ve ponizi tuku ve legna na kolena i ne ste ni da se pokazite na videlina a kamo li da kritikuvate.nemoralna masa od luge ne sakam ni da ve pozdravam
Од: Don Vito
Датум: 13.06.2008 00:54:22
Lazar Elenovski ke ostane,Zatoa sto Grujo mu e friend i mi dade pari da sobira glasovi i da ja rasturi NSDP,a ovoj po spisok mu sobra 30 000 glasovi i mu donese plus 4 mandati i zatoa ke bide pak minister. pozdrav
Од: Dejan
Датум: 13.06.2008 03:39:45
Ocekuvan poteg od Gruevski. Tim sto pobeduva ne se menuva. Okolu toa koja vlada bila najlosa, a koja najdobra, ocenkata ja davaat glasacite na izbori. Nadvor od toa, moze da se komentira po vesnici i pred kooperacija. Zavisno od afinitetite. I sekoj spored svojata sovest i licno vospitanie. A okolu toa koj bil turbo-folk, se vide po posetite na koncerti na Ceca, Natasa Bekvalac, i kafani so somnitelni pjki. A bogami i po toa koj slavese partiski godisnini i stari novi godini so "jazz" od Haris Dzinovic. Ne vi proaga veke toa, se opameti narodot posle 17 godini.
Од: DAME
Датум: 13.06.2008 11:18:13
Se prashuvam na koe mesto kako minister ke dojde najsakaniot ni Boris Zmejkovski ?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Пред се', потребни се мирни избори
Цел Врховен суд одлучува за изборните жалби
Оружјето е закана и кога не се употребува
Има ли излез од „изборната дупка“
Зденко
Атина го слушна Фрчкоски
Министри - чувари!
Владата сака да реализира ветувања со дивиденда од „Телеком“
Аман, нека завршат изборите
Проблемот на Македонија не се Албанците
Заканите на ДУИ и на ДПА - кривични дела
Брисел бара уште апсења и мирни избори в недела
Verbatim