Тројца министри од техничката влада на ВМРО-ДПМНЕ на 15 јуни ќе ја спасуваат демократијата во Македонија. Вицепремиерот за економски прашања, шефот на дипломатијата и министерот за финансии ќе помагаат за мирни, фер и демократски избори и ќе ги охрабруваат граѓаните да излезат на гласање. Распоредот кој каде ќе ги брани избирачките места од инциденти и кој каде ќе ги чува гласачките кутии од силување, веќе е направен. На денот на прегласувањето Антонио Милошоски ќе биде присутен во Зајас, а Зоран Ставрески и Трајко Славески ќе дежураат во Липково, Сарај, Чаир и во Тетовско. Министрите ќе бидат рамо до рамо со набљудувачите и со полицајците.
Тоа што Владата се ангажира и демонстрира чин на добра волја во функција на изборите е разбирливо. Но, несфатливо и неприфатливо е тоа што министрите - теренци истовремено се и носители на кандидатски листи за идни пратеници. Повеќе од невообичаена е таа парада на челни владини луѓе, всушност партиски репрезенти, особено кога изборниот процес се' уште не е завршен. Затоа нивното присуство може да се оквалификува како своевидна агитација, притисок, па и како популизам.
Впрочем, што можат да спасуваат Милошоски, Ставрески и Славески од веќе направените кашканици на 1 јуни? Зарем министри треба да вршат работа на овластени институции? Тоа е непотребен паралелизам и мешање во работата на ДИК, на МВР, на „Мост“, на овластените меѓународни набљудувачи.
Пред две недели власта имаше одлична прилика да организира кристално чисти и беспрекорни избори. И наместо да покаже умешност за организација и превенција, Владата на Груевски потфрли како никогаш досега.
Милошоски и јавно се пофали за ваквите популистички потези на Владата на Груевски! Навистина тактично! Во ЕУ луѓето нафта пијат, иста ко онаа со која задграничниот патриот Лубче не затру :-)))) Како да работи за туѓи интереси оваа Влада, имам некое чувство... Дали е од бугаро-носталгичната белетристика на Бонев, дали од обновената реторика со „благи завојувачки ноти“ на идните албански коалициони ортаци на Никола, дали од влегувањето во парламентот на еден така народен и чесен поединец како што впрочем е г-дин Бајрам Амди, кој лежеше за оваа земја (да му даде нов мандат)... Не знам стварно... :-)
Од: vmrovec
Датум: 12.06.2008 02:05:20
A da im napravi vosocni figuri da gi postavi na sekoe izbiracko mesto nema da bide loso, bidejki togas samo ke gledaat i nema da zboruvaat, a vin vo muzejot da si gi prati oti tie se retkost na svetot bel.
Од: Дордо
Датум: 12.06.2008 09:40:38
А за што друго ѓи бива освен за чувари на кутии? Ова да се случуваше во пусто турско, овие министри ќе беа падари... Е што ти значи, слобода, демократија, плурализам...
Од: Pero
Датум: 12.06.2008 11:34:34
Spored hard-memorijata sto ja imaat - ne gi biva ni za cuivari
Од: A.Nikolov.
Датум: 12.06.2008 14:24:27
Neka ni e na zdravje so vlada koja osven turlitava od drzavata,drugo i neznae da napravi.
Од: Dejan
Датум: 13.06.2008 03:45:10
Abe se vi smeta kaj VMRO - DPMNE ama ve pobedija zasekogas, cao sdsm
Од: Mirko
Датум: 13.06.2008 12:09:50
Ne e losha idejata za javni lichnosti da bidat del od nabljuduvanjeto - toa ke ohrabri poveke lugje da izlezat da glasaat, ke prati poraka deka zainteresiranosta na instituciite ne e samo deklarativna i se nadevam..., se nadevam, ke gi obeshrabri onie siledzii shto krshat, polnat, lepat i frlaat kutii
Од: klime
Датум: 13.06.2008 13:15:23
Dali imas krpce da si gi izbrisis solzite od placenje po SDSM i balistite.Voedno ti posakuvam srekno posvatuvanje so niv,veruvam deka vo idnina so toj cin vo idnina poveke ke doprinesite za mirni izbori vo ovaa nasa Makedonija.