Дали Република Македонија во странските извештаи и по вториот круг гласање ќе остане своевидна „црна дупка“ во која власта не е кадарна да спроведе регуларни избори?
За жал, одговорот, најверојатно, ќе биде позитивен, зашто малку е веројатно и во случај в недела се' да помине во најдобар можен ред, дека меѓународните набљудувачи и дипломатите тукутака ќе ја сменат сликата за нас. Ова, пак, не смее да биде никакво алиби за власта, која е должна да спроведе регуларно прегласување во околу 200 изборни места во три, односно во половина од вкупниот број изборни единици. Да го покаже она што не го видовме на 1 јуни - функционирање на институциите на државата.
Отстрана гледано, обесхрабрувачки се неколку работи. Прво, власта немаше трошка доблест да ја прифати одговорноста за катастрофално спроведени предвремени избори. Ако така продолжи да се однесува и на прегласувањето, којзнае што се ќе се случува. Министерката за внатрешни работи, на пример, упорно врти пет-шест добро научени фрази во кои нема ни ронка самокритика.
Премиерот Никола Груевски, кој пред 1 јуни не штедеше пари за ТВ-обраќања и реклами, сега како в земја да пропадна. Се засрами ли од сопствената лоша математика, кога опиен од победата ја убедуваше нацијата дека се случија нерегуларности на „само еден-два процента од гласачките места“ или, пак, е поразен од сознанието дека за две недели ниту еден премиер не му ја честита победата? Одговорите ги знае само тој. Но, факт е дека си го надмина сонот од 61 пратеник и го снема. Како да не е премиер, технички, ама е премиер.
Коалиционите партнери од Демократската партија на Албанците побрзаа да го фатат возот и си се самопрогласија за победници во албанскиот политички блок. Тачи дури успеа да го кандиса Абдулади Вејсели од ПДП и близу 11.000 гласа да му ги даде на тацна, а партиите да се спојат. Но, тој есап му излезе јалов, бидејќи по разгледувањето на приговорите на лидерот на „просперитетот“ му пропаднаа над 7.000 гласа и самиот остана без место во парламентот. Може ли одново да изманипулира со избирачите кои еднаш му ја дадоа довербата, а тој ја изигра нивната политичка волја? Велат - тешко.
Далеку од какви било фалби е и ДУИ, која преку своите партиски војници, исто како и ДПА, продолжува да испраќа лоши сигнали. Речникот им е воинствен, заканувачки. И - на тоа никој не реагира. Ги остава ли некој намерно, заедно со најодговорните државни институции, и на прегласувањето да ја потврдат лошата слика за Република Македонија? Да ги зацементираме негативните извештаи за потоа вината да ја префрлиме на меѓународната заедница, која „не ни е наклонета“ и е главниот кочничар на нашите евроатлантски интеграции.
Оцените на странските набљудувачи се лоши, без исклучок. Дури и дипломатите кои по секои избори знаат да даваат протоколарни и воздржани изјави, овој пат излегоа од сопствениот шаблон. Американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ беше исклучително остра и директна. Не без основа - на терен со свои очи го виде насилството и полнењето гласачки кутии. Во Порој присуствувала и на нешто плус, но тоа без сомнение ќе биде дел од нејзиниот извештај за изборите во Македонија. Темната страна на предвремените избори ја виде и евроамбасадорот Ерван Фуере и уште еден куп други дипломати, меѓународни набљудувачи, невладини организации...
Од она што го кажаа повеќе од јасно е дека мислењето за нашите избори им е ептен негативно. За власта, за Република Македонија како држава, за нејзината иднина...
E pa gospoda Fuere i Milovanovic, dali svativte deka vo Makedonija nikogas nemalo nitu imase vo posledniot izboren ciklus demokratski izbori. Nemase a vie sekogas gi,proglasuvavte za demokratski so odredeni mali propusti.Zosto toa sega ne go pravite; zosto ne kazete deka vi se isteglija od kontrola vasite stitenici; do koga makedonija ke bide zaloznik na albanskiot elektorat koj nema namera da odrzi nikakvi demokratski isbori i zosto toa sekogas go premolcuvavte.
Од: komisioner
Датум: 12.06.2008 11:05:47
ako pobednikot na izborite (VMRO-DPMNE) donese cvrsta odluka da ima IZBORI togas i ke ima , ako i natamu ke se kocka so idninata na drzavata e togas gospod neka ni e na pomos.
Gruevski pobedi na izborite igrajki na nacionalistickite cuvstva na makedoncite i nivnoto antialbansko raspolozenie sto pretstavuva igra so ogan za sudbinata na SITE gradjani na MKD
Од: mile
Датум: 12.06.2008 12:12:40
Katastrofalna partiska drzava katastrofalni vladini kadri .Posle seto ova im se gleda krajot brgu brgu samo sto najveke ke pati nasiot narod,Gruevski da si fati patot brgu brgu da ne ne dovede do pitacki stap so partizacija i raketarstvo ne se pravi drzava.
Од: Сашо
Датум: 12.06.2008 18:16:26
Во последните 18 години било која политичка партија е на власт си поставува свои директори на јавни претпријатија, на државни агенции, комисии, си вработува свои луѓе итн. Кога се менува власта, голем број од тие луѓе ЗНААТ дека ќе ги пакуваат куферите. Зошто? Затоа што е вработен на тоа работно место по партиски клуч, затоа што му е јасно дека нема квалитети ниту образование ниту искуство за таа работа, затоа што да не е партијата, тој никогаш не би ни сонувал за таква работа. Таков човек е спремен да направи СЕ за да ја зачува таа позиција. Се додека немаме јасни критериуми по кои се вработуваат луѓето на јавни функции, до тогаш ќе има терор на изборите, особено ако вработуваме луѓе без квалитети и со комплекси на ниска вредност. Тие се луѓето кои ги организираат сите овие нереди, без разлика колку Тачи и Ахмети да сакаат да имаме мирни избори. Кај нас, штом се промени владеачката гарнитура, за некои луѓе тоа е крај на светот. Во другите земји, животот продожува понатаму.
Од: posmatrac
Датум: 12.06.2008 20:32:50
Zosto vo nasta zemja ednas se glasa dobro( barem se takvi otcenite na posmatracite) a ednas loso? Nam ni ostanuva da osgovorime. Ludjeto se isti. Albancite se del od tatkovinata i tie ja narekuvaat tatkovina. Togas zosto se tie da ednas vakvi, ednas takvi. Nam ni ostanuva da odgovorime. Ne sme site odgovorni. Ne se liderite najodgovornite, iako snosat golem del od vinata. Eden covek ,koj ja ima najgolemata odgovornost i e prv covek na drzavata, koj ja ima najgolemata vlast e i najodgovoren. Dali sum vo pravo?
Од: trevizo
Датум: 13.06.2008 12:25:17
do branko do koga albancite ce bidat dezurni vinovnici za se sto ne cini vo drzavata ako sakate da ziveete zaedno vo cela makedonija logicno e ednas da se priznae deka DPMNE ne go biduva da vodi drzava i deka se nesposobni ednas da sprovedat fer i demokratski izbori pravilata i zakonite se isti na 100%od cela teritorija.ako se saka da se bide vlast na cela teritorija ako ne ....
Од: Иван Јорданов
Датум: 13.06.2008 14:49:19
Оценките за граѓанската раздвиженост на 1 јуни - што некои луѓе само од инает или пуста желба се дрзнуваат да ја наречат „фер и демократски избори на 98% од РМ“ - од сите странски и домашни набљудувачи со неиспрани мозоци, беа, се и можат единствено да бидат Крајно негативни. Згасна еден живот, дузина беа повредени, пукотници и неправилности имаше во изобилство, одредени полициски структури самите вршеа насилство, а предизборен молк, што ли беше тоа, рамноправна медиумска застапеност, познато ви звучи? Овие сега научни фантастики, пред неколку години беа реалност! Тогашната опозиција немаше за што, па со многу пострашни зборови од овие денеска зборуваше за изборни неправилности во две, три изборни места, а нејзините замерки беа разгледувани! На Груевски таа разлика сеуште не му е јасна. На Груевски таа разлика не му е битна. Ама на народот му е, зашто се работи за неговите гласови. Затоа народот полека ќе се освести, а Грујо ќе го добие местото во историските читанки покрај Михајлов.