Избори не се бранат со полиција и со оружје, туку со демократија и политичка култура
Само за десетина дена изборните неправилности радикално метастазираат загрозувајќи го се' повеќе нивниот легитимитет, иако победата на ВМРО-ДПМНЕ е голема. Има забегани кои уште зборуваат на цел глас за два отсто неправилности и тоа само кај Албанците.
Два отсто рак на витален орган брзо се покажа дека е опасен, особено ако се проширил и кај повеќе други органи. Се откри дека изборниот карцином метастазирал од мозокот, а последиците прво се појавиле каде што организмот е најслаб. Така, македонските скандинавски избори со само два отсто неправилности, кажано со јазикот на Груевски, станаа 50 отсто неправилности од вкупниот број изборни единици. Значи, од шест изборни единици - во три имаше големи неправилности. Изборите се повторуваат во Првата, Втората и Шестата изборна единица. Се прегласува во 193 изборни места каде што се запишани околу 195 илјади гласачи. Тоа е точно 11 отсто од вкупното гласачко тело во Македонија кое е малку над 1.700.000. Ако, пак, се земе предвид бројката колку избирачи излегле на изборите, медиумите веќе го објавија фрапантниот податок дека околу 20 проценти избирачи се соочиле со неправилности (читај: со насилства, застрашувања, кршење и полнење кутии, пукање, ранувања и убиство). Поништени се околу 200.000 гласа на избирачите со што се добива бројката од 20 проценти поништени гласови. Чекајте, тоа не е се'. Изборите се' уште не се завршени. А кога и како ќе завршат тешко дека можат да се дадат какви било прогнози или гаранции дека прегласувањата ќе бидат без инциденти.
Државната изборна комисија потврди дека имавме најлоши избори со тоа што поништи избори во три изборни единици од вкупно шест и што донесе одлука 200.000 граѓани да одат на прегласување. Покрај Државната изборна комисија, меѓународниот фактор жестоко и крајно негативно ги оцени македонските вонредни парламентарни избори. Од ЕУ и од Америка дојдоа оцени на компентентни личности дека македонските избори беа разочарувачки и загрижувачки. Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија ги оцени како најлоши избори досега. Опозицијата, која го призна поразот, исто така, ги оцени како најлоши избори. Медиумите, кои не се под контрола на власта, ги оценија изборите како катастрофални лоши. Со два процента неправилности и со фер избори е привидно среќна само власта, односно само ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. А, всушност, најголема шлаканица на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски му залепија тие два отсто кои стигнаа до 20 отсто. Аман, нека завршат изборите да не дојде до 50 отсто или нешто пострашно. Дури и контролираните медиуми наклонети на власта, пишуваат за голем број неправилности, префрлувајќи ја топката само кај Албанците, со тоа создавајќи дополнителна грда слика, погрешна и штетна претстава за паралелни избори. Дали по сите овие факти може и натаму да се зборува за некакви фер и демократски избори во Македонија и за добра организација на изборите и за ефикасно казнување на прекршителите на изборниот процес. Анемичната ДИК, со јавна поддршка на премиерот Груевски, смогна сила да донесе одлуки за прегласување. Што е добро. Другите институции одговорни за изборите не понесоа никаква одговорност, ниту полицијата, ниту, пак, учесниците во неправилностите. Полицијата изврши неколку апсења и поведе постапка против неколкумина полицајци, но тоа повеќе замаглува отколку што ги расветлува бројните неправилности. За прегласувањето се најавува огромно присуство на полицијата. Опсадната состојба за време на избори само потврдува дека нема демократија. Гласање пред полиција, полициски возила, хеликоптери е своевидно застрашување и гаранција за голема апстиненција. Проблемот е во немањето демократија, а не во присуството на полицијата. Избори не се бранат со полиција, туку со демократија и политичка култура.
Премиерот Никола Груевски и неговиот заменик Зоран Ставрески во Њујорк храбро си ги ставија беџевите на палтата на кои покрај нивното име стои FYR Macedonia
По триумфот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, премиерот Никола Груевски и неговиот заменик Зоран Ставрески во Њујорк храбро си ги ставија беџевите на палтата на кои покрај нивното име стои FYR Macedonia. Браво. Дали ова е првиот сигнал на подготвеност за фер компромис. Ако е така, нека им биде простено.
Се разбира, имало случаи на официјални состаноци, во ОН, во ЕУ и на разни тркалезни маси или во различни најави да не' нарекуваат БЈРМ, ФИРОМ или нешто слично. Тоа е општо познато кога македонски функционери, деловни луѓе, културни дејци, новинари биле донесени во една навредувачка позиција. Имало и голем број обратни ситуации кога со жестока реакција голем број официјални личности од Македонија успевале да се изборат на нивната маса, на нивната покана или обраќањето кон нив да стои уставното име на државата. Во ова ни помагаат многу луѓе кои ја увидоа бесмислената и апсурдна фрустрација на грчката политика. Но, ова е прв случај досега премиер на Македонија и негов заменик сами да си стават таков беџ со навредливата кратенка. Тоа не го доживувам толку страшно колку што гледам дека Македонија од ден на ден ја губи се' повеќе меѓународната поддршка за проблемот со името. Експресниот воз за НАТО заминува за помалку од еден месец, поточно на 9 јули кога Албанија и Хрватска ќе влезат во НАТО. Ќе го испуштиме ли возот и ќе останеме на балканска станица или ќе направиме нешто за иднината на Македонија. Наместо во таа насока да ги насочи силните активности, Владата на уште незавршени избори ја почна старата песна со маркетиншки кампањи за нејзината успешност.
Најдобар пример за тоа е односот кон Словенецот Јелко Кацин. Браво мајсторе! Груевски треба да му се извини на господинот Кацин. Во предизборната кампања го нарече „некој си“, демек Буш не можел да заврши работа за Македонија, па „некој си“ Кацин од Словенија ќе заврши. А, видете го одговорот на мудриот Словенец. Не изусти ни збор. Ниту против Груевски, ниту против Македонија, ниту против кого било. Туку возврати со уште пожестоко и похрабро застапување на Македонија. Поставувајќи упорно прашања во Брисел, Кацин им нанесува главоболка не само на Грците туку и на високите чиновници на ЕУ. По изјавата на Груевски за „некој си Кацин“, тој веднаш во Европскиот парламент побара да се почитуваат правата на малцинствата во сите земји-членки на ЕУ. Не може нешто да бараме од другите, а тоа ние да не го правиме, вели Кацин, со јасна и директна алузија на Грција и некои други земји како неа. Кацин потоа педантно и правно се заложи за примена на меѓународните права за прелет, барајќи одговор за скандалот со авионот на МАТ, па потоа за скандалот со односот на Грција кон посетата на претседателот Бранко Црвенковски, па потоа со фалсификувањето на извештаите во Брисел каде што се преправа зборот „македонски“ итн., итн. Човекот си работи за Македонија како никој од нашите. Добро е што Милошоски се сретна со „некој си Кацин“. Тоа е едно мало извинување.
И, конечно, уште едно мацедонише цуштенде на меѓународен план, а тоа е нашата солидарност за настраданите од земјотресот во Кина. За жал, соочени сме со уште една голема срамна дамка. Го гледам кинескиот амбасадор како се мачи низ македонските медиуми од петни жили да докажува колкаво е значењето и пријателството на Кина спрема Македонија. Ние еднаш убаво видовме што значи тоа пријателство кога го раскинавме. Сега по втор пат возвраќаме срамно. Навистина, Македонија е сиромашна земја и од неа не можат да се очекуваат бог знае каква помош за огромната Кина. Но, еден мал народ кој има големо срце можеше да им покаже на 1,3 милијарди луѓе од пријателска земја дека и со еден мал потег може многу да се направи. Тоа досега редовно сме го правеле. Ние сме должни на една таква солидарност, особено по катастрофалниот земјотрес што го имавме во Скопје. Па, може некој денар од огромните пропагандни пораки на Владата да се даде и за Кина, ако веќе затаија сите други видови солидарност. Срамота за сите нас. Испадна работата - Кина гори...
He he, ne lazea so meseci (godini i decenii) deka se golemi patrioti ama vednas po izborite (posle iskazanite lagi) so trcanje si zakacija bedjevi so FYROM. Oko ne im trepna. Ne im ni tekna da prigovoraat na domakinite. A mozea, zatoa sto ako vladata na SAD ne priznava za RM zosto toa ne bi go napravila i Njujorskata Berza. Ama takvi se patriotite od VMRO - vakcinisani se protiv patriotizam. Na kolku li idioti im imam objasnuvano deka toa se tipovi koi se spremni vednas da pluknat na se, a posebno na drzavata i narodot, samo otkako ke se docepaat do vlast? Ama popusto. Ke vidite deka i oni prvi ke go prodadat imeto. A referendumot sonuvajte go samo.
Од: objektiven
Датум: 12.06.2008 05:05:29
Erole-i ti plukase po vlasta i uste plukas prijatelu-iako za nea glasaa skoro 500 000 lugje.Imase duri i komentar od nekogo deka 500 000 te glasaci bile seljaci a glasacite na sonce bile gragjani.Ma dajte lugje dosta pisuvajte gluposti-tuku gledajte promovirajte ja Makedonija vo svetot i za bedzovite ste se zapnale.Ok-a da ve prasam koj go oficijalizirase FYROM?Toa bea vasite "milenicinja"g-dine Rizaov da da-Gligorov,Crvenkovski,sega napusteniot od site Andov i siledzijata Frckoski.Zasto se ponasate kako da ve pokosila amnezija koga ke dojde za objavuvanje na fakti.Vprocem Sekerinska bese so ideja da ne vovede vo EU i NATO po SEKOJA cena neli?A vie tvrdevde deka toa e nasata edinstvena demokratska evropska opcija-koja za vasa zal-kaj narodot ne pomina!!!Pomirete se so sudbinata g-dine Rizaov i promovirajte ja nasata Makedonija vo svetot-togas bi bile mnogu po cenet!!!A so plukanje Erole nema politika-odnosno ima ama e pogubna za PLUKACHITE!!!
Од: објективен
Датум: 12.06.2008 09:41:51
Браво!!! Цар си. Прекрасна анализа. Верувај ниту збор немаш повеќе или помалку во овој текст. Само Ероле ова неможат сите да го сватат. Има многу луѓе кои живеат во виртуелн свет.
Од: petko
Датум: 12.06.2008 10:05:46
Objektiven! A da ne si subjektiven slucajno ama ne znaes!
Од: Svedska
Датум: 12.06.2008 10:20:42
Abe odi pred trgofski i prodavaj semki idiotu eden.
FYROM , pa da vie bre Udbavci ,petokolonasi crveni banditi gi piknafte teroristite vo parlament direktno od planina ,vie ni go"Zakacifte FYROM" i ni go smenafte znameto za 5 mil.dolari sto vasiot cenet profesor Frcko mu gi nudese na "OKO SAKATO" (I dvajcata trebit na Kamen most na kol da gi nadenat)sega morat VMRO da praet kako i sto praet.
Prestanete da laete deka "KAKVI STO STE ZA NIKADE NE STE". Vecno da ziveet Makedonija ama bez "Crvenite Banditi".
Од: GO BARAM JANI MAKRADULI
Датум: 12.06.2008 11:29:36
EROLE kazi kade se skri Jani posle 01.06.2008.g Zosto ne pisuva kolumni povejce vo TVOJOT vesnik Zarem ne e vreme da trgnes po negoviot pat.Dosta ni e od takvi kako tebe. Odi cuvaj sdsOVCI .
Од: bikala
Датум: 12.06.2008 11:30:55
Aman ,koga ednas ovoj "bojadisan" novinar ke se penzionira!?
Од: scarface
Датум: 12.06.2008 11:43:49
stavaat takvi bedzevi zatoa sto predavnicite kako tebe zaedno so kiro gligorov dozvolija da go nosime toa ime koe trebase da bide privremeno i koe trebese da se smeni za samo 5 meseci no pominaja 15 godini i seuste go nosime, a ti i site drugi kako tebe treba malku da prestanete so vakvi bezmislici, i da ja ostavite vladata da si go raboti toa sto si go ima zcrtano pred sebe. A da ve prasam sto dobi tamu Makedonija? znaete, epa ako znaete sigurno vi e jasno deka za vreme na vasata komunjarska vlada nikogas nisto ne sme dobile... tuku sme izgubile.....
Од: Bistar selanec
Датум: 12.06.2008 11:50:00
Poradi toa sto sum originalen selanec - graganin na nasava drzava ke se posluzam so isto taka originalen primer za avtenticno da dadam komentar na napisot od Erol Rizaov: - Kako crn bumbar sto si pravi trkalezni covtinja od balega od krava, isto taka Erol uporno si pisuva statii i muva ne go lazi.I uste nesto - Koga roditelot na deteto ke mu kupi fico toa sakalo - ne sakalo mora da se vozi vo nego.
Од: Дарко
Датум: 12.06.2008 11:56:21
Добро бре луѓе за вас најдобро да исчезнат сите кои не мислат како вас а вие да уживате во Недојдија.Дали знаете дека Ерол е еден од директорите на издавачката куќа,ама за вас не важи ништо оти требало да оди во пензија.Ова е весник за писмени луѓе затоа еве ви го Латас,Јанко,Миленко со метлата и компанија и таму лајте.
Од: Saso
Датум: 12.06.2008 11:58:35
Erole posle napisot na Mahi Nesimi vo tvojot vesnik ti za mene si mrtov. Da dae Gospod da bidesh i za ostanantite. Vie vo kombinacija so SDS najdobor ke bide da ve nema (zemete go so vas i Sasho Jordanovski)
Од: citatel
Датум: 12.06.2008 12:19:28
Bravo be Saso, najdobars si od site. Prav patriot. daj da gi utepame site predavnici. neka umrat dusmanite kako sto pisuvas. Toa e vistinskata preordba. Taka treba za tie sto ne mislat kako Grujo.
Oduseven sum od partiskite fanatici koi navreduvaat se kako sto ne e na nivna linija. pa kade ke odi bre Makedonija so vakvi kreteni. Nikoj ne polemizira so tekstot tuku go branat svojot vodac. Malkumina ostnaa da ja kazuvaat vistinata na ovoj narod. Bravo Utrnski i Erol. Ako ne ste vie ke imame vistinsko ednoumie. Zalosno sto stana hrabrost vo Makedonija da se pisuva vistinata.
Од: Perica
Датум: 12.06.2008 13:05:55
Kutra Makedonija so vakvi pacienti. Ve preveslaa so suva propaganda i demek-patriotizam. A toa deka bile 500 000 glasovi za DPMNE ne e za raduvanje. I Milosevic go poddrzuvaa mnozinstvoto Srbi, pa duri i Hitler na izbori dobil apsolutna vlast. Samo se plasam da ne otideme vo bestraga uste pred da se svestime sto sme napravile.
Од: gragjanin
Датум: 12.06.2008 13:09:50
' Pomirete se so sudbinata g-dine Rizaov i promovirajte ja nasata Makedonija vo svetot-togas bi bile mnogu po cenet!!! " veli nekoj "ojektiven". Vistinata za nas evropskite Makedonci e taa shto ja pishuva g-in Rizaov i nie ke ja shirime vistinata za nashata, evropska Makedonija. Vashata Makedonija, g-in "Objektiven" , e slika na edna zaostanata, isplashena, grda i samoizolirana Makedonija. Nie gospodine sme dva razlichni sveta! A, za toa kolku glasale za vashata opcija, pa, i za Miloshevic glasaa po nekolku milioni! A, za Hitler, ushte povekje milioni i milioni
Од: ne sum sama
Датум: 12.06.2008 14:05:16
Koga citam vakvi kometari, se ohrabruvam zosto toa sto jas go percepiram kako realnost mi se potvrduva.Ne sum sama so moite stavovi na ovoj svet.
Од: Kole
Датум: 12.06.2008 14:07:10
odlicen komentar, ama ne ocekuvam deka ova bi doprelo do primitivnite i nepismeni VMRO-vci??? Smetkata od ova vladeenje na Grujo and COMPANY ke ja plakjame site... a veruvajte ke bide navistina visoka... pogubna za nasata Makedonija... izborite ke bidat ZIV PESOK vo koj site ke propadneme... a toa se vo rezija na VMRO i nivnata bratija od DPA... pazi bogati... Demokrati???
Од: Lapsus
Датум: 12.06.2008 15:24:29
Za procentite Nikola malku gi utna za 17-18 % no pricina za toa treba da se bara vo faktot sto " eksprtot' za procenti, bliskiot koalicionen partner na Gruevski, g-dinot Amdi Bajram vo tie momenti bil otsuten, pa Nikolce pogresno gi presmetal procentite. Inaku kolku znam Gruevski posle ovie" skandinavski " izbori , poradi golemata pobeda , e opsipan so bezbroj cestitki od site svetski drzavnici: Idi Amin, kral Bokaso, Hugo Caves , Mugabe , Babajaro i drugi svetski lideri. Uf lapsus
Од: emil
Датум: 12.06.2008 15:56:00
Do site ljubiteli na ovaa Vlada:
Eve stom se tolku sposobni neka ostanat na vlast ako treba i 8 godini i neka uspeat da go vratat i znameto i da go socuvat imeto. So toa ke si obezbedat i dozivotna vlast kako TITO. Ajde da gi vidime i doste se falete toa napravivme, ona napravivme a se poveke gladuvame.
Од: мене
Датум: 12.06.2008 16:32:15
Бидејќи вмр-ОВЦИТЕ љубат да си го имитираат водачот нема да ме чуди од утре сите вмр-овчички души од помодарство да си стават беџ со FYRO MACEDONIJA.
Од: Liljana
Датум: 12.06.2008 18:27:07
Erole, ne treba da Vi cestitam, oti normalno e, i se ocekuva od vas dobar komentar. Vi pisuvam za da se vidi deka ovie navreduvacite se malku, no agresivni, a povecemina od citatelite so zadovolstvo ve citaat. Utrinski i komentarite na poedini novinari se uzivanje za onie sto znaat da citaat i povazno, iskra nadez za posakuvanata demokratija vo ovoj feudalen mrak na Gruevski.
Од: m.krsteski
Датум: 12.06.2008 20:26:33
Bravo Erole, se povece sum vooduseven od tvoite kolmuni. Ovaj pat dobro e toa sto go spomna so pomosta za kina. Stram da mu bide na Firomskiot Premier
Од: BobiBitola
Датум: 12.06.2008 20:49:06
Боже помогни му на народов наш!.
Толку заслепени(500000), од силната и непрекидна пропаганда на владата, со испран мозок и со вграден инплантант во него, дека исправно гласале?!.
Како е можно да ништо разумно, ништо логично не допира до свеста на толкав број граѓани на оваа напатена земја. Се вративме 18 години назад. Албанија беше последна во Европа, а сега погодете која земја е. Имате право само еднаш да погодувате. Среќно!.
Од: asterix
Датум: 12.06.2008 21:33:06
одлично лоцирани проблеми, само како што успеав да ги прочитам коментарите гледам дека има многу портокалово измиени мозоци.
Од: Петар
Датум: 13.06.2008 05:15:30
И така “некој си“ кој не бил присутен на Седница за “Окта“, а бил главен за “НПК“ ја доби довербата?
Од: makedonec-ISTOCEN
Датум: 13.06.2008 07:37:08
BRAVO, se na svoe mesto. Na lagata i se kratki nozete. Od 2% kako sto TRUBESE mesijata grujo ispadnaa 10, a i drugite % gi KUPIJA KRIMINALCITE-patrioti, i ova bilo po nivno fer izbori-GLUPOSTI
Од: klime
Датум: 13.06.2008 08:02:16
I taka si nekoj Erol ke ni deli lekcii za makedonstinata a pak nie makedoncite ke go velicame, pa kriv ke ni bide drug koga nema da ne priznavaat. Za informacija na makedonskite citateli na posledniot popis Makedonija imase okolu dva miljona.Zvanicnata brojka na glasaci e zaedno so okolu 700000 iljadi makedonci koi SDSM ne im dozvoli da glasaat ,zatoa sto ziveeat i rabotat sekade po svetot.Vo taa brojka ima i okolu 100000 iljadi pocinati bog da gi prosti ,a makedonskite institucii ne gi imaat evidentirano.Na moeto glasacko mesto so okolu 2000 glasaci( dve izbiracki mesta),postojano glasame okolu 800 .Na spisokot imame preku sto sto se pocinati okolu 100 koi ne glasaat i ostanatite ziveeat po svetot.Zatoa Erole ne zanesvise so procentite nemozite da ja minimizirate ubedlivata pobeda na VMRO.Obvrska, site do eden ocekuvame konecno Makedonija da stani prosperitetna drzava.A taa obvrska e ima nasiot makedonski premier koj toa sakal ili ne mora da go napravi.Zatoa ja dobi doverbata.