Брoj 2710  четврток, 12 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Цел Врховен суд одлучува за изборните жалби

Партијата на Мендух Тачи, ДПА, поднесе повеќе жалби од приговори

Катица Чангова

Цел Врховен суд, зад затворени врати, одлучува за изборните жалби. Дваесетина врховни судии од завчера, во цел состав, поделени во петчлени совети, под полна пареа работеа на 94 предмети за 195 гласачки места и за поништување на резултатите во три изборни единици. Се очекува најдоцна денеска да се знае дали повторно на избори ќе излезат околу 170.000 граѓани со право на глас, најмногу во „шестката“ – 110.000 гласачи како што веќе реши Државната изборна комисија или тоа ќе биде многу поголема бројка.

Жалбите на незадоволните учесници во изборната трка ги примаше ДИК, но не ги отвораше и по автоматизам ги проследуваше до Врховниот суд кој, според Изборниот законик, треба да се изјасни по 48 часа од приемот. Судската одлука е конечна.

Делителите на правдата од хиерархиски највисоката судска инстанција, по потреба ја отвораа содржината на изборниот материјал што ја бараа од ДИК како главен организатор во битката за освојување на пратенички мандати. Меѓутоа, на седниците на Врховниот суд не присуствуваат ниту членови на Државната изборна комисија, ниту овластени претставници на политичките партии кои ги обжалија решенијата на приговорите.

На позитивна одлука од Врховниот се надеваат Демократската партија на Албанците, која има 89 жалби за 186 гласачки места што се однесуваат на „единицата“ „двојката, „петката“ и „шестката“. Интересно е тоа што партијата на Мендух Тачи поднесе повеќе жалби од приговори, односно ДИК одлучуваше за нерегуларности во 131 избирачко место.

ДУИ на Али Ахмети подготви четири жалби до Врховниот суд. Од нив три се за 10 гласачки места во Тетово, Теарце и во „двојката“, додека со една жалба се бара поништување на гласањето во цела изборна единица - Тетовско - гостиварската. Станува збор за жалба која, доколку биде прифатена од врховните судии, био значело нови изборни резултати за 435 избирачки места или за гласање на 311.729 гласачи. Жалбите на ТМРО се однесуваат за изборните единици четири и пет. Коалиците од македонскиот политички блок, предводени од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ решија да не продолжат со жалбена постапка.

Партиите се жалат на многу нерегуларности при гласањето: повреда на тајноста, гласање во име на друго лице, полнење кутии, кражба на избирачки материјали – записници, изводи од списоци на гласачи, недостиг на гласачки ливчиња...


Статијата е прочитана 1176 пати.

Испрати коментар

Од: Иван Јорданов
Датум: 12.06.2008 03:42:14
311.729 гласачи... Па дајте луѓе, и првите братучеди на Груевски не можат ни пред себе да си ги оправдаат ваквите исходи. Ова ли е човекот и партијата која има сериозни евроинтегративни тенденции?
Од: zagrizuvac
Датум: 13.06.2008 12:57:11
ovie metuzalemi od vrhovniot sud mesto im e vo juraja park...nadvor od prostor i vreme se ...mislam vo nekoj muzej im e mestoto...abe tie za spricer i kurva ...dobro de i za nekoja valuta i drzava ke prodadat ...samo steta sto drzavata ne e nivna ....a ako prodavas nesto tugjo ....prodazbata e nistovna i nema nikakvo pravno dejstvo..grevota sahpazi niedni...za zal ste.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Пред се', потребни се мирни избори
Оружјето е закана и кога не се употребува
Има ли излез од „изборната дупка“
Зденко
Атина го слушна Фрчкоски
Министри - чувари!
Новата Влада со старите министри од ВМРО-ДПМНЕ
Владата сака да реализира ветувања со дивиденда од „Телеком“
Аман, нека завршат изборите
Проблемот на Македонија не се Албанците
Заканите на ДУИ и на ДПА - кривични дела
Брисел бара уште апсења и мирни избори в недела
Verbatim