Брoj 2710  четврток, 12 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Проблемот на Македонија не се Албанците

Махи Несими

Македонците воопшто не ги познаваат Албанците, нивните потреби, квалитети, размислувања, стремежи. Тоа е основниот проблем на земјата

Вонредните парламентарни избори, настаните околу нив, односот на власта, реакциите во земјава и надвор се доволен повод да се нагласат само мал дел од нештата кои треба да ги има предвид секој што ја сака ова држава, а пред се' луѓето кои се занимаваат со политика, вршат државни функции или настапуваат јавно. Со еден напис не е можно да се елаборира сета сложеност на македонското општество, но ќе се обидам да ја скицирам основната слика на секојдневното примитивно тормозење од многуте недораснати патриоти.

Во оваа држава и по 18 години повеќепартиски систем како прв проблем се поставува жалното сознание дека Македонците се' уште живеат со големи стереотипи и предрасуди кон своите сограѓани - Албанци. Читајќи и слушајќи разни политичари, аналитичари и други јавни личности станувам се' поубеден дека Македонците воопшто не ги познаваат Албанците, нивните потреби, нивните квалитети, размислувања и стремежи. Сметам дека, меѓу другото, тоа е основниот проблем што земјата толку години се пржи во зовриениот лонец и никако да тргне напред.



Во 1990 година во Република Македонија се отвори Пандорината кутија од која произлезе сета горчина на земјава. Албанците се појавија и како субјект, бидејќи дотогаш нивниот статус беше одреден во форма на објект кој им пречеше на припадниците на „библискиот народ“. Како недораснатата и тромава шаблонизирана македонска политичка елита, така и револуционерните „полетарци“ водеа бескомпромисна меѓусебна војна кој повеќе ќе ги попречува, омаловажува, оцрнува и манипулира своите сограѓани - Албанци. Токму политичките гарнитури со безрезервна поддршка на македонската државна интелигенција се главните виновници што земјава и ден денес се наоѓа во оваа дереџе. Македонската елита, за жал, не беше свесна каква држава треба да се гради, кои се принципите и станд��рдите врз кои треба да се гради европската иднина. А тоа чинам дека се' уште не е апсолвирано. Тоа се гледа од изјавите и „гордеењето“ со постигнатиот успех, Албанците меѓусебно целосно да бидат раскарани. Изјавите дека инцидентите на денот на изборите се случиле во делови со мнозинско албанско население се сметаа за троен успех на нивните сценаристи:

1. ВМРО-ДПМНЕ има рецепт како Албанците да се испотепаат меѓусебно на избори (на локалните избори 2000 година кои од позиција на власт ги организираа ВМРО-ДПМНЕ и ДПА имаше убиство во Кондово). По овој повод се потсетувам на изјавата на еден висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ од тоа време (сега не е во Револуционерната организација на врховниот македонски политички дилетантизам), дека во својот живот двапати одблизу видел како се растура државата; за време на претседателските избори 1999 и на локалните избори 2000 година. Двапати се чувствувал немоќен и бил спречен да преземе нешто за заштита на правниот поредок.

2. Потврда на тезата дека Груевски е личноста кој ќе им го скрши ’рбетот на Албанците и заедно со „проверениот партнер и пријател“, на Али Ахмети ќе му го наплатат долгот за конфликтот од 2001 година, со кој им ја наруши заедничката идила во практицирање на власта.

3. Испраќање јасни сигнали во Европа дека Македонија се движи во посакуваната насока, а проблем се единствено некултурните Албанци.



Третиот успех би требало да значи дека Македонците се цивилизирани, културни, созреани демократски итн, додека кај Албанците се' е обратно. Апсурд над апсурдите! Таквите обиди се толку ниски и проѕирни, што светот целосно е изненаден колку антимакедонци има меѓу самите Македонци. Да, таа е сликата што меѓународните претставници ја имаат создадено за македонската политика денес. Во оваа смисла може да се набројат десетици конкретни примери. И на секој странски набљудувач кристално му е јасно дека проблемот на Македонија не се Албанците, туку Македонците. И така ќе биде се' додека самите Македонци не се освестат. Се' додека не се договорат дали сакаат држава? Каква држава сакаат? Дали самостојна? Дали заедничка со други народи? Со кои народи? Нека ми биде дозволено повторно да се присетам на изјавата од 1996 година на еден стар, се' уште многу влијателен вмровец: „Ние не сакавме држава. Не баравме. Ни ја дадоа. Ни ја подарија. Затоа не знаеме што да правиме со неа и тешко ја одржуваме“. Нејсе. Токму затоа проблемот на Македонија е кај самите Македонци, а не кај Албанците.

Да се претстават Албанците во Македонија како нецивилизирани, некултурни, без демократски определби итн. значи отворено признавање дека Македонија и македонските власти се тие што врз албанското население вршеле образовен, културен и цивилизациски геноцид. Вистина е дека до 1990 година тоа и се случувало, бидејќи дотогаш Албанците претставуваа само бројки. Сепак, по таа година, особено по 2001, работите тргнаа кон подобро.



За „цивилизираните, културните и демократски созреаните Македонци“ воопшто не е проблем што на изборите во средините со албанско население работите не биле под контрола!? Па добро, кој треба да ги држи нештата под контрола? Државата, нели? А таа е неспособна!? Можеби има друга цел?! Да ги прикаже Албанците како нецивилизирани, некултурни и недемократи. Таквиот обид е класична Сизифова работа. Таа прикаска е само голема антидржавна заложба. Тоа е признавање на немоќта за државно владеење. Тоа претставува индиректна заложба за создавање реална почва за федерализација на државата или уште за попогубното - за поделба.

Тенденциите за прикажување на Албанците во Македонија како недемократи и склони кон создавање проблеми во текот на изборите, ќе повторам, се чисто губење време и енергија, чисто племенско гордеење и чисто колективно признавање на немоќта за управување со државата. Албанците во Албанија и во Косово, со ситни недостатоци, одржуваат фер и демократски избори. Во тие држави функционира власта и Албанците не прават проблеми. Тогаш, во што е проблемот со Албанците во Македонија? Овде власта ја контролираат Македонците. Значи, таму каде што власта ја контролират Албанците нема проблеми. Каде што ја контролираат Македонците има проблеми. А проблеми има зашто така сака власта!

Ќе повторам. Македонците воопшто не ги познаваат Албанците, нивните потреби, нивните квалитети, размислувања и стремежи. За жал, власта тоа го знае уште помалку. Таа е изгубена во својот виртуелен свет. Посакува само да ја фалат. Се радува и верува кога ја фалат само нејзините пријатели. Да беше пореална и порационална, воопшто немаше да имаме проблеми со изборите. Токму тука е најголемата грешка на власта. За време на студиите во Прилеп, покрај економијата, Груевски требало да научи и да запамти по нешто од народниот умотворец Марко Цепенков. Ако ништо друго барем да ја запаметел неговата мудра изрека: „Со такви пријатели, не ни требаат непријатели“. На овие избори, по се изгледа неговиот посакуван партнер и пријател целосно ги победи сите околни непријатели: и Грците, и Бугарите, и Србите. Е тоа се недораснати патриоти.

(Авторот е новинар и политички аналитичар)


Статијата е прочитана 3192 пати.

Испрати коментар

Од: velitcko kerin-sic /marseille
Датум: 11.06.2008 23:47:52
multietnicka drzava so mnogu multietnicki problemi.Pa koj moze da izleze na kraj so (ne)civili- ziranite albanci koji Makedonija ne ja smetaat za svoja drzava.Ne poznavam mnogu multietnicki drzavi kade albancite participiraat vo vlasta....
Од: teo
Датум: 12.06.2008 00:07:14
pa gospodine da ve prasam nesto... dali makedoncite vo albanija gi imaat i osnovnite prava kako edno malcinstvo, dali makedoncite vo albanija se za promena na albanskoto ime, dali makedoncite vo albanija na sekoi izbori izleguvaat so pomislata da go ocrnat obrazot na albanija pred megunarodniot faktor!!! se razbira ne.. taka da kolumnava ne vi drzi voda
Од: Elena
Датум: 12.06.2008 00:32:38
До авторот, дали сте свесен колку пати употребивте наводници, потсмешливи термини за Македонците, цитати од некакви си недоветни личности. Вриете од омраза кон Македонците . Не го дочитав текстот. Доста ми е од плукаши по се што е македонско. Кога ќе се поклоните пред знамето, кога ќе станете на химната, длабоко јас вам ќе ви се поклонам.
Од: Vasco Beleski
Датум: 12.06.2008 00:41:22
Ocigledno ovoj G-n isto taka ne gi poznava potrebite na albanskite makedonci a toe e da prestanete so pritisok i tereot nad svoite komsii i sogragani i da im dadete da razmiluvaat so svoja galva a ne kako dosega pod zakana. Ne lazete gi lugeto, dajte ednas vrazumete se pogeldenete naokolu, posetet te gi zatvorite vo evropa ke vidiet kade ima najpoveke vasi sogragani..rabotete malku na svesta na lugeto..dosta e veke omrazi i tie se luge i tie sakaat da zuiveat a vie albanskite intelektulaci ste vo nekoj lavirint i nikako da izlezete vreme e a i ednostavno e samo treba ljubezno da ja otvorite vratata no ne pod zakana...
Од: kamilar
Датум: 12.06.2008 00:52:12
Sega ispadna deka makedoncite se krivi i za problemite megju albancite vo izborite, Albancite vo Albanija i Kosovo "nemale problemi", bidejki nemaat interes da pravat problemi, ama ako se raboti za Makedonija, tuka interesot im e da ima problemi, bidejki sekomu mu e jasno deka so destabilizacija na Makedonija se sozdavaat realni preduslovi za ostvaruvanje na nivniot son-Golema Albanija. I sega "makedoncite se krivi" sto tie imaat svoja cel i sto sakaat da ja ostvarat ne birajki sredstva, na steta na makedoncite. Premnogu prozirno, da ne recam podlo. Namesto smokritika, napad vo tipicno grcki stil. Kako da diktirala D. Bakojani a avtorot samo zapisuval. Imaat li albancite na um deka i drugite nacii imaat svoe nacionalno custvo i dostoinstvo. Ili mislat deka samo tie vecno ke imaat podarska vo nivnite neograniceni aspiracii na smetka na site drugi! Ade da vidime do koga. Tekstot mnogu lici na pamflet od vremeto na Enver Hodza.
Од: Gospod
Датум: 12.06.2008 00:53:16
Makedoncite mnogu dobro gi znaat albancite. Znaat i kakvi nedela im se nanesuvaat od strana na albancite. Dokazi? Milijarda. Kazneti? Nikoj. Toj sto saka multidrzava neka gi primi kaj sebe problemite. Jas sakam da zivem normalen cesen zivot.
Од: Александар
Датум: 12.06.2008 01:09:19
Господине Махи „нисмоми“... Ајде наместо да ја гледате раската во окото на другиот (Македонците) најпрвен извадете ја гредата ос вашите очи. Одговорност за постапките ви треба господине „нисмоми“. А на друго поле, ќе ве почитуваме колку што заслужувате. Не може Албанците да се конститутивен народ во Македонија. Не ме интересира колку проценти се, се додека не бидат над 50% на цела територија. Ако тоа ви пречи, тогаш барајте си ги таквите права во друга држава. Не може албанскиот јазик да биде втор службен. Не може да истакнувате знаме на соседна држава, а никаде да го нема македонското. Тактиките на тивка федерализација нема да ви запалат. Жалам.
Од: tose london
Датум: 12.06.2008 01:15:56
Gospodine,ne znam dali za vas trena da go upotrebam ovoj zbor, zatoa sto vakvi stavovi i mislenja moze da ima samo nekoj sto zalutal vo ova denesno vreme.Se nadevan deka poveketo Albanci nemaat potrebi ,kvaliteti ,stremezi ,razmisluvanja kao vasite zatoa sto so takov pogled na nestata koga vinovnik za site nesta se "losite"Makedonci koi so sila ne teraat oruzeni presmetki megu nas (Albancite) daleku nema da stigneme site nie a posebno ne vo EU i NATO ili mozebi toa e vasata cel
Од: Pirin
Датум: 12.06.2008 01:17:57
amamn be komsija se skapa placeeki, mozebi placesza uste poveke prava, pa cekaj malku upotrebigi prvo prvata sto gi dobi pa posale koga ke snemas togas pak baraj i makedoncite ke ti dadat, ete imate pravo na glasanje a vie ne glasate samo polnite kutii, a tie kutii koj sakate da vi gi cuva, da dojdat makedoncite , togas ke pocnete da lelekate ete makedonci gi cuvaat kutiite a nie sme del od vlasta i ne ni davaat ni da gi cuvame. ete gi cuvate i toa so oruzje gi brkate vasite gragani i vie gi polnite kutiite , kako den posmatrac sto toa go kazuva , takva gordost nemem do sega videno, onoj sto pukase vo policijata i pogina a toj ali ahmeti go proglasi za heroj, kade se sega tie vodaci na albanskiot narod i da kazat treba da se glasa a ne da se polnat kutii, sepak pravite vodaci nemaat sansa da bidat od ovie sto se uste silnici .
Од: Markos
Датум: 12.06.2008 01:30:58
So mnogu od navedenoto od g. Nesimi se soglasuvam. Odamna imam vpečatok deka od proglasuvanjeto na makedonska država vo sostav na Jugoslavija, 1944 godina, makedonskiot etnikum se podrazbiraše kako "glaven narod", i kako takov "najramnopraven meg'u ramnopravnite". Posledici: frustriranost (ne samo kaj Albancite!) i, ne bez osnova, čuvstvo na diskriminacija. A toa beše (i e) rajska počva za populisti, manipulatori i "zaštitnici", koi se grižat beljata da bide pogolema. Zatoa i denes za etničkite Makedonci krucialno e prašanje dali se podgotveni da gradat odnosi vo državata vo koja site nezini građani k'e ja čuvstvuvaat kako svoja. A toa može samo so elementarna pravda za site! Za žal, kaj g. Nesimi zabeležuvam i preteruvanje. Da se kaže kako e nad albanskoto naselenie vršen obrazovenm, kulturen i civilizaciski genocid, znači ignoriranje na negovata vistinska prerodba. Dali i dovolna drugo e prašanje.
Од: jb
Датум: 12.06.2008 01:53:53
Ne gospodine Nesimi,problem vo Makedonija se Albancite,a ne Makedoncite.Od prosta pricina sto Makedoncite nemaat nikakov interes samite na sebe da si pravat problemi so koi ke se unazadat .A Albancite imaat i te kako takov interes.Velite deka ne sme go razbirale Vasite potrebi.Tie potrebi ni se kristalno jasni,a toa e otcepuvanje na Albancite od MKD.E duri togas izborite vo zapadna Makedonija ke bidat fer i demokratski i bez nasilstva,zatoa sto nema da si rabotite sami protiv sebe.Se dodeka ne ja ostvarite vakvata svoja cel ke se prikazuvate kako nebesen narod so posebni potrebi i tretman,razgalen,na koj postojano nesto mu fali,na koj nikogas ne mu e pogodeno,nebare se raboti se za sami naucnici,intelektualci i pacifisti,a ne za 90 procenti plemenski i mafijaski organizirana zaednica,golem del neobrazovana,do zabi vooruzena,iskriminalizirana do krajnost.Ovaa drzava vi dade se sto posakavte i sto kako gragani vi pripaga,za sto iskreno se raduvam i se nadevam deka ..........
Од: Georgi V.
Датум: 12.06.2008 02:01:25
Apsolutno ne se soglasuvam so stavovite na avtorot. Voopsto nemaat potreba Makedoncite da gi pretstavuvaat Albancite vo loso svetlo zatoa sto samite Albanci toa go pravat sami na sebe. Statijata e kompletno pro-DUI i politicki motivirana. Bez ni eden zbor samokritika ne se postignuva nisto. Pa kako ne vi e sram da gi obvinuvate Makedoncite da izbornite slucuvanja kaj Albancite. Fakt e deka Albancite vo MK posle 2001 se mnogu agresivni i se ponasaat kako razgaleni deca, nelegalnoto oruzje e seprisatno po ulicite, svadbite i sekojdnevno se upotrebuva od strana na Albancite. Pa ne treba vas nikoj da ve pretstavuva loso, sami si rabotite na kreiranjeto na svojot imidj. Tocno e deka imase mnogu greski od 1991god. ama deneska Makedoncite naucija da se odnesuvaat demokratski dodeka Albancite se daleku nazad vo demokratskata evolucija. Namesto da ja kritikuvas drzavata, obvini gi svoite sogragjani Albancite i poracaj im da pocnat da se ucat od Makedoncite, a za demokratija ima sto da naucat.
Од: Mihajlov
Датум: 12.06.2008 02:12:05
Ako sakame da opstaneme kako nacija i drzhava morame da gi pridobieme albancite na nasha strana i da pokazheme povekje respekt prema niv. Vancho Mihajlov se borel za Makedonija, Shvajcarija na Balkanot. Po primerot na Shvajcarija prv stranski jazik, treba da ni bide albanskiot, a na albancite makedonskiot.
Од: Boban
Датум: 12.06.2008 02:20:46
Kakva multietnicka drzava , Makedonija e drzava na Makedoncite i site ostanati zaednici koi sto ja cenat , postuvaat i i se divat na Makedonija , vo sprotivno tie se neprijateli na Makedonija. A dali Albancite Shiptarite si ja znaat nivnata vekovna zlostornicka i krvnicka istorija vo Makedonija : Kachaci , Arnauti Balistickofashisticki ordi i dr. Namesto da se zanesuvaat Shiptarite so lazni Shiptarski tvorevini ( Ilirida ) neka si ja proucat malce nivnata realna istorija , i nivnoto masovno doseluvanje kako kolonisti ( razbojnici , kachaci, arnauti ) za vreme na turskoto ropstvo vo Makedonija , pa tek togas mozat da svatat kolku zrtvi mu nanele na Makedonskiot Narod so vekovi.
Од: Lenin
Датум: 12.06.2008 02:31:18
Bez razlika koj se tie chto pukaat ichto gi polnat glasackite kutii treba da se kaznat.Ne e tocno deka nie Makedoncite ne gi poznavame Albancite.Nikoj ne gi tera ni Albancite ni Makedoncite da registriraat povece partii.to e borba za vlast koj a partija ce se snajde podobro taa ce e osvoi vlasta.Dvaeset i pet godini sum ziveel so Albanci imami prijateli nikoj nichtolocho ne mi napravil.
Од: mitko te znae bre
Датум: 12.06.2008 02:37:51
Abre Mahi gledam gi revoltiras tuka citatelite. Ne te znaat. Koj tebe vo Albanija ili Kosovo ili Tunguzija bi te napravil diplomat? Ostaj gi glupostite Albancite ova Albancite ona, toa se slozeni raboti za tebe. Ti treba da im gradis spomenik na Makedoncite i na Republika Makedonija koi ti ovozmozile da izgradis takva bleskava kariera. Ako Makedonicite imaat predrasudi prema Albancite toa vo prv red e toa e zaradi tipovi kako tebe. Jas sum siguren deka tvoite Albanci NAJMNOGU se slagaat so mene. Mozda ke se javi i nekoj da go potvrdi ova.
Од: joco
Датум: 12.06.2008 02:50:37
Kako ke go objasnite faktot deka mora da se zapisat odreden broj Albanci na fakultetite zatoa samo sto se albanci a nekoj so poveke poeni i uspeh da odpadne. Dali toa ne e plukanje na intelegencijata vo Makedonija od strana na Albancite. Mozam da vi nabrojam uste mnogu primeri ako sakate ama ne vredi zosto po vakvoto subjektivno gledanje ne veruvam deka vie voopsto nekogo poznavate nitu Albanci nitu Makedonci. Tolku oruzje kaj Albancite koe ne e vrateno mislam deka se kazuva. Ako sakavme nie razdor i nie ke se vooruzevme ama mene ne mi treba.
Од: ninoslav
Датум: 12.06.2008 03:30:50
pocituvan gospodine samo za volja na vistinata Edinstveno vo Makedonija od site sosedni drzavi na Albanija Albancite gi uzivaat site prava Edinstveno vo Makedonija od celiot balkan e dobro da se bide Albanec oti toa podrazbira da si zastiten so zakon kako bela mecka duri i da stanes policaec vo drzavata po koja si posegnal so oruzje Edinstveno vo Makedonija mozes da pukas na izbori i naredniot den za toa sto si go napravil so AK47 da ti bide drzavata vinovna Pozdrav od USA od pripadnik na bibliskiot narod so eden sovet do tebe.Povelete vaka organizirajte izbori vo NY(pa kolku ve ima vo NY tolku ve ima i vo Makedonija) da vidite sto e togas demokratija Navistina se nadevam deka mojot komentar ke dopre do tebe Ninoslav od Miami USA
Од: jas
Датум: 12.06.2008 03:43:20
Gospodine Махи Несими vasiot tekst nema ama nikakva vrska so realnosta ... Prvo problemot e Albancite i nikoj drug (zatoa se uste funcioniraat klanovi kako vo 18 vek) Vtoro lojalnosta kon Republika Makedonija ..(koga Makedonija se podeli od Jugoslavija vie ne glasavte za ustavot za referndumot a vo ponovo vreme za teritorijalnata podelba)..Treto Albancite zemaa oruzje protiv Makedonija (za Golema Albanija)..Cetrvto pogledente go Ahmeti i den denes ne zboruva Makedonski (oficialen jazik na Makedonija)..Ponatamu velite Makedoncite ne gi poznavaat Albancite (pa bi vi postavil prasanje zasto jas treba da poznavam malcinstvo a toa malcinstvo da ne go poznava mojot jazik).Petto ve molam objasnate kako e mozno da vaspoveke ve zasega Kosovo otkolku drzavat vo koja ziveete .I na krajot da ne dolzam okolu civiliziranosta pa Kosovo e lulka na kriminalot vo Evropa (belo roble droga cigari sverc) Albanija isto Dodeka Albancite ne svatat deka tie se samo malcinstvo vo Makedonija ke ima problemi
Од: 0d tetovcanec
Датум: 12.06.2008 03:43:38
koga ke dobijete novoto ime zname i himna togas ke ja sakame ova drzava a sega bogami ne
Од: Стојко
Датум: 12.06.2008 09:37:52
Да, проблемот на Македонија не се Албанците,проблемот на Македонија е ДПМНЕ!
Од: DIM
Датум: 12.06.2008 09:37:54
Pa dobro be coveku, zar Makedoncite im davaat oruzja na Albancite? Pa tie ako sakaat da se bijat nekoj moze da gi spreci? Se soglasuvam so vas...Problemot vo Makedonija ne se Albancite, ili ne site Albanci. Problemot se Albancite sto sakaat da vlezat vo vlasta. A vie, razmislete uste ednas na ovaa tema, bidejki problemot vo Makedonija sigurno ne se Makedoncite.
Од: Makedonka od Germanija
Датум: 12.06.2008 09:51:03
I jas kako citatelkata Elena, nemav nervi da go citam do kraj ovoj diletantski i demagoski napis: Prasanje za G-dinot: za kakva iskrivena slika vo svetot zboruva? pa site uapseni za izbornite incidenti imaat albanski iminja?! A za glumenjeto ludilo: Jas samata bev novinar vo ne taka dalecnata 1999 za vreme na Kosovskata kriza koga tokmu Makedoncite (i samo nie) im dadovme zasolniste i topol leb na begalcite od Kosovo. I koga jas kako reporter sakav da porazgovaram so niv, tie gi vrtea glavite od mene, a koga ke se pojavese kamera na CNN (od prijatelite koi ja kontaminiraa nivnata zemja so bombi) togas glumea kolektivno ludilo: placea, kornea kosi, glumea obespraveni. Pa sram da vi e za tekstot: ne e svetot tolku nepismen, da mu se obrakate so vakov jazik. A vistinata ke stasa eden den, toa e neizbezno
Од: TRAGI-KOMEDIJA
Датум: 12.06.2008 10:19:40
Vo koja zemja vo svetot albanskoto malcinstvo ima poveke prava od Makedonija?Koja zemja vo 1999 primi poveke "izbeglici" kosovski albanci od Makedonija (nad 300000 na 2 mil. ziteli!)?Taka od 10% postanavte 25% malcinstvo.Vo koja zemja se AMNESTIRAAT teroristi?Sega sakate da gi napravite i NARODNI HEROI!Ako Makedoncite go storea istoto vo Kosovo ili Albanija,dali ke gi uzivaa istive "prava" kako vie tuka?Vo koja zemja lugeto odat na glasanje so puski,bombi,pravat zasedi po planinite za sekoj slucaj dane ima potreba da pocnat POVTORNO da pukaat po policijata i DRZAVATA?Dali tie puski i bombi vi gi dadoa MAKEDONCITE i ve ucea deka treba da se puka?Vo koja zemja se "bori za covekovi prava" so ETNICKI CISTENJA na celi gradovi i miniranje na kulturni,verski i drzavni spomenici?Zatoa prestanete da plukate po Makedoncite i Makedonija,prestanete da imitirate "jagninja" i pokazete barem malku volja za CIVILIZIRAN MEGUETNICKI SOZIVOT vo nasata ZAEDNICKA MAKEDONIJA!
Од: terry
Датум: 12.06.2008 10:22:21
vije albancite megusebe se tolcite i makedoncite vi se krivi ke vi dam savet ako ne vi pasova vo makedonija slobodni ste da si odite vo albanija ili kosovo
Од: Tudzar Svedska
Датум: 12.06.2008 10:24:38
Pa ako et taka kako sto pisite daj naterajtegi site Albanci:Da plakat struja,voda,da gi zadovolat site davacki prema drzavata i da sa lojalni gragani na istata a ne da sa odnesvat kako vo narodnata"NA GLAVA TI SEDAM NA BRADA TI SERAM".
Од: Regan
Датум: 12.06.2008 10:43:37
Oд погледот Ви се гледа,господине,дека мразите се‘ околу себе,па дури и (македонските) Албанци!Инаку не би пишувале вакви текстови.Постар сте и сигурно паметите кога албанските деца не ги пуштавте да одат на училиште па мораше родителите да бидат казнувани,не ги праќавте на вакцинации па мораше да интервенира (тогашната) држава,итн,итн.Срамота за ваквото пишување!Имате ли образ?Кое малцинство во светот има поголеми права од Албанците во Македонија???
Од: Enver-i
Датум: 12.06.2008 10:44:26
Vistinata boli,najvishe na tie shto se naucile da zhiveat na tugj grb prvo kako milenici na tito,a koga trebashe da izgradat neshto svoe im precaat komshiite zoshto odednash soznvaat deka ne su edinsveni stopani i korisnici na parcelata so ime Makedonija.
Од: Dejan Najdevski
Датум: 12.06.2008 10:45:17
Dobra observacija g-dine Nesimi, site ovie 16 godini na problematiziranje na odnosite pomedju makedoncite i albancite vo RM pa ako sakate i problematiziranje na ostanati kategorii na gradjani ne samo so "medjuetnicki" prefiks se potiknuvani i kontrolirani od strana na drzavnite strukturi se so cel da se maskira nivnoto idiotsko, nesposobno i bezkonceptualno bezdelnicenje na drzavnite fotelji edinsveno rakovodeni od prizmata na sopstven kar. Na vakov mal prostor ne moze pile da preleta slobodno a kamoli razni tipovi so avtomatski puski da setaat slobodno! Medjutoa mislam deka najgolemiot problem lezi kaj najgolemiot del og gradjanstvoto na koe najverojatno mu odgovara vakov tip na partiziranje na opstestvenite pori. Se dotogas tipovite so kalasnkikovi ke ni se setaat po kuknite dvorovi, vo nasite glavi a nie pricinata za toa ke ja barame na nekoe drugo mesto, kaj nekoj drug vo nekoe drugo vreme.
Од: dasti
Датум: 12.06.2008 10:55:54
Taa elaboracija e edna obicna hipokrizija i izmislica vo vasata ili necii vasi slicni glavi i si go lazete svojot napaten narod kao,neprijateli ni se :Makedoncite,koj ne ne sakaat za ova ili ona...i taka vo nedogled.Ama zatoa na taa vasa retorika nekoj dobro od vas se ufoteljivte i sega ste: golemi pisateli,profesori,ministri i sto li ne....Sto stana so nevinite zrtvi koj otidova za vie dobro da ziveete?
Од: Гоце
Датум: 12.06.2008 11:08:12
Македонија има иднина или како Федерација или да се подели. Другото е се само продолжување на агонијата на нашиот напатен народ.
Од: mene
Датум: 12.06.2008 11:21:47
Bas ste zalosni, sakate da go nametnete Taci , i zatvarate oci i pomagata so site institucii, ako tolku go sakate zemeto go vo vmro, i taka go proglasivte za vojvoda. Sto sakate od albancite, bilo kade vo svetot, da nema policija ili poloso taa da e vmesana sto ocekuvate, vidovme vo belgrad za protestite ze kosovo kako kradea patriotite srbi, ili LA vo SAD-2 casa bez policija i haos. prividni ste za site a kamoli za meg.zaednica
Од: EVO KAKVI STE
Датум: 12.06.2008 11:21:56
Albancite kako narod nikogas ne mozat da ziveat so drug narod za koj vrednosti se naukata, kulturata, literaturata sportotI se ona sto go razlikuva covekot kako bitie sto teznee da se nadogradi nad pocetnata forma na zivot.Ve molam kazete mi edna isoriska licnost od albanska nacionalnost(osven KASTRIOT-SKENDERBEG koj dobro znaete sto e ili ALEKSANDAR MAKEDONSKI koj go otkri Ali Ahmeti deka e albanec navodno po kniga koja ja cital vo svajcarski kliniki) ili nabrojte naucnik,pisatel, poet, glumec,reziser, kompozitor, fudbaler, kosarkar, teniser ili nedaj boze sahist !!!Ste gledale li Albanski film ? Samo ubistva, krvni omrazi, osveti,siluvahja, grabezi i kolezi.Sudirot so Srbite e sudir pomedju civilizacii vo koj sudir zasega vodi varvarstvoto.Koi se vodaci na priznavanjeto?SAD(am) sto gi istrebija indijancite ANGLIJA sto gi istrebi indijcite,maite ,astekite, Avstralija aboridjanite, Francija arapite i afrikancite ,Italija egipjanite, Germanija evreite I slovenite , Slovencite, Hrvatite
Од: dimce
Датум: 12.06.2008 11:22:40
Epten los tekst najdobar pokazatel e komentarite od citatelite narodot saka da go lazat a ne da mu ja kazat golata vistina , a vistinata boli i poradi toa se isfrustirani i reagirat so golema doza na ksenofobija. Prosti im gospode ne znaat sto pravat. istoto treba da go napravi i avtorot
Од: azem
Датум: 12.06.2008 11:25:29
Sramota e sto avtorot tolku pluka po Mak. no mi se cini ne prosetal po Ev da vidi sto rabotat albancite i kako ziveat kako gradjani od vtor red i se podlozeni na asimilacija i kako nasite deca tamu na ulica zborat germanski,danski,holaqndski.Koga bev student vo Sk za vreme letata rabotev vo stali vo Svajcarija i se znam....Mak mi dade fakultet rabotam vo tetovo i ubavo zivezm vo edno selo imam edno dete i tuka e amerika vo sporedba so Kosovo i Albanija a da se otcepite na nekoj nacin veruvajte ce se preselam na najbliskoto brdo koe ce bide vo sklop na Mak....sepak ima istomislenici kako mene sum se rodil vo Mak,tuka se skoluval tuka ziveam 50g i tuka ce sakam da umram a ne vo Kosovo.
Од: Граѓанин
Датум: 12.06.2008 11:28:31
Кој вели дека изборните проблеми во албанските општини не се проблем за македонците? И те како се проблем, и тоа голем проблем. Колку и да уживаме да правиме внатрешни поделби пред меѓународниот фактор сме една држава, а тоа значи дека проблеми кај албанците се проблеми за целата држава, и тоа им е многу јасно на сите во Македонија господине Месими. Тоа што вам не ви е јасно е дека треба да превземете одговорност за однесувањето на албанските граѓани исто колку и владата. А со отворено и безкомпромисно вреѓање на истите оние од коишто барате помош, соработка и разбирање нема многу да постигнете. Инаку се сложувам дека Груевски /Милошевски не треба да се дистанцираат од проблемите кај албанскиот електорат и треба истите да ги прифати како уште една своја одговорност и надлежност. Но истото важи и за вас и тие што ги претставувате, бидејќи гледам вашиот текст ја прави истата грешка - префрлање на топката, избегнување одговорност и отворена дискриминација кон вашите сограѓани македонци.
Од: Simona
Датум: 12.06.2008 11:31:35
Gospodine Nesimi, so pocetokot na pismoto mislev deka ke konecno se najde eden objektiven MAKEDONSKI-Albanec, no kako citav ponatamu se razocarav, bidejki ne procitav nisto, sto bi mi pokazalo deka kaj Albancite vo Makedonija se menuva svesta. Zboruvat eza edukativen genocid na Makedonskite- Albanci do 2001, jas samo ke go izrazam mojot ogromen somnez vo kvalitetot na segasnite univerziteti na albanki jazik, koi se kolateralna steta za naseto opstestvo. Profesori so falsikuvani diplomi, los kadar, lesno do diploma, moznost koja ja iskoristuvaat i dobar del od Makedoncite, koi dokolku ne bi posoele ti etaka-nareceni univerziteti vo Tetovo nikogas ne bi diplomirale. Sega koga ve ocrnuva konecno megjunarodnata zaednica, sega se krivi Makedoncite sto ne ovozmozile mirni izbori. Mnogu brzo zabaravate deak sekoja zalozba na Makedonskata Policija da se vospostavi red i mir vo opstinite naseleni od Makedonskite-Albanci so docekuva so naelektrizirana atmosfera.
Од: bendo
Датум: 12.06.2008 11:34:12
Da ,so Albancite(od Albanija,sekako) nemame za sega nikakvi problemi.Imame problemi so Siptarite od Makedonija koi se na tolku primitivno nivo,da na primer se uste kolektivno glasaat.Na site dosegasni izbori tie pravat falsifikati,cesto pottiknati od partiite na Makedoncite so koi koaliciraat.
Од: ali kadrijovski
Датум: 12.06.2008 11:59:50
najdobriot nacin da se potvrdat navodite na kolumnistot e da napravite eden osvrt vrz komentarite i qe se ubeduvate kakvo mnenije si imat makedoncite i so koja omraza zboruvaat sem eden vidov deka realno napisal oti pridobivanjeto na albancite e spas za r.makedonija,dali imalo genocid ili tivka asimilacija isto kako sto grcite pravat so mak.malcinstvo imalo eve vi nekoj argumenti bitola e grad na albanskata azbuka kako solun za vas,denes nemoze edna paralelka da se otvara oti cel grad pa duri i gradonacalnici se protivaat,sekoj albanec plaqa danok isto kako sekoj makedonec a dobivame eden mal teatar na narodnostite i zimi toa,na sv.kiril i metodi osven sto trebam na makedonski da ucam nemozam da se upisam oti 3% kvopta za nacionalnostite e,celo skopje od preku 200 iljadi albanci edna gimnazija na albanski so 10 paralelki,na smeeme nash jazik i pismo i zname oti bilo tugjo ama ve nemalo pred 700 godini koga e usvoeno da ve prasame vas,himna tugja nikdeka ne se povrzuva so nas i tnt
Од: Македонец
Датум: 12.06.2008 12:27:26
албанците биле цвеке за мирисање, најдобар, најзлатен народ, нели, кај нив не постоело никакво зло, криминал не знаат што е... до кога ке се лажете себеси, до тогаш нема никаде да се отиде. погледнете ја критички објективната реалност и критикувајте ги проблемите. Албанците покажаа нецивилизираност, насилство, нехуманост, неодговорност и бедна граѓанска култура и јасно самите се издвоија како црна овца и иницијатор на насилство во Македонското општество, пред целиот свет. очекувам многу повеке од вакви кафански муабети од типот „мојот народ е златен а другите го местат„ од некој што се смета за инетелектуалец.
Од: Aleksandar Petkovski
Датум: 12.06.2008 12:58:09
Ovde vo Germanija site znaat koi se albancite, odgovorni za razbojnistvo, siluvanje tugji i ubivanje sopstveni zeni, 40% od trgovija so droga. Zaradi vas imame problemi za vizi ovde. DPA i DUI se pukaat megju sebe a ne makedonskite partii !!! Vie ste divo pleme i duri se gordeete so toa. Sto sakate od nas a? Otkacete se od nas, nie sakame normalen evropski zivot. Nie imame inzeneri koi rabotat, vie imate samo lugje sto se muvaat vo politika a ostanatite vasi nosat oruzje. Vie ste problemot i evropa ne nejke zaradi vas !!!
Од: zhavi
Датум: 12.06.2008 13:53:34
Mahi, ajde sega uste edna statija posle site ovie komentari. cisto da se doobjasnis!
Од: fatos
Датум: 12.06.2008 14:11:30
bravo nega ti e gospodin nesimi mnogu cesto zburuvate
Од: Natasa H. - Bitola
Датум: 12.06.2008 14:17:18
Kako ne vi e sram da se zalite! Pa kade vo svetot edno malcinstvo ima poveke prava. Imam samo eden sovet za site Albanci koi smetat deka se obespraveni vo Makedonija: slobodno da si odite vo Albanija! Nikoj ne ve drzi so sila tuka. Sigurno podobar zivot ke imate tamu :-)
Од: luli
Датум: 12.06.2008 14:43:27
Woooow stvarno vistinata ve boli, pa luge toa e vistinata jas se slozuvam 100% so avtorot ,ne ste nauceni da ja slusnete vistinata ,,kamoli da ja videte vo eden makedonski vesnik??? se slagam i so ova >Ние не сакавме држава. Не баравме. Ни ја дадоа. Ни ја подарија. Затоа не знаеме што да правиме со неа и тешко ја одржуваме“. Нејсе. Токму затоа проблемот на Македонија е кај самите Македонци, а не кај Албанците.
Од: emi
Датум: 12.06.2008 14:51:28
da se razbereme,nie ne padnavte od nebo,tocno znaeme sto pleme ste...pa nie so vas ziveeme tiuka(ragate po 100 deca, gi ucite na omraza i za golema albanija i se ti ke mi kazuvas kako vie ste bile ova ona).kako i da e sramota za nas sto ziiveete so nas a niti ne pocituvate niti ne sakata a za site prava i tie nekoi zamisli ste prvi,i na kraj ne znam dali vi e sram ako i uopshte znaete sto e toa vakvi gluposti da pisuvata
Од: Ema
Датум: 12.06.2008 15:50:31
Neverojaten komentar! Osven stilistickata neizdrzanost, sè edno te isto se povtoruva do besvest, nema nikakvo cuvstvo za samokriticnost, i sto e uste poloso gi zatvora ocite pred toa sto se sluci za vreme na izborite , vklucuvajki i ubistvo na nevin covek. Samo ja potvrduva opsto poznatata teza deka za albancite coveckiot zivot mnogu malku znaci. Neka se osvrne tnr.avtor podobro na situacijata na albanskata zena, i na nejzinoto ugnetuvanje od strana na feudalno patrijarhalnoto opstestvo vo koe samite albanci se marginaliziraat. Samo emancipirana albanska zena k'e znaci i emancipirani albanci vo Makedonija. Koga albanskata zena sama k'e resava kolku deca k'e rodi, k'e se grizi osven za desette deca ,malku i za sebe i za svoeto sustestvo, za svojot identitet, za svojata profesija, za svojata elegancija i ubavina, a nema samo da bide privezok na mazot i da mora sekogas da odi zad mazot na ulica? Koga "avtorot" na tekstot k'e uspee da odgovori na ovie prasanja,togas neka sedne da pisuva!
Од: Albanec od EU
Датум: 12.06.2008 16:24:16
Prvo, za onie koi gi spomnuvaat kosovskite begalci. Nema NIEDEN slucaj da nekoj makedonec primil nekoj kosovski begalec. NEMA. Toa kazuva mnogu za vas. Sto se odnesuva do tekstot, ne e los, no ne e i koj znae sto. Avtorot saka da kaze nesto, ama zborovite mu se previtkani so celofan, pa nema hrabrost da pisuva iskreno. Jas bi rekol deka vo FYROM e institucionaliziran RASIZMOT I SOVENIZMOT. Toa e posledica na nedoizgradeniot nacionalen identitet na grupcujata koja se samonarekuva Makedonci. Grcija veli deka Makedoncite se tamu, a ne ovde. Tie velat deka istorijata e poinakva, od ona sto ja proizveduva MANU. Pa sega komu da veruvam? Koga sum vo Sofija, kolegite mi velat deka Makedonski jazik ne postoi, deka ova sto go zboruvate e Blgarski jazik. Vo Belgrad, ne vi ja priznavaat crkvata, i mnogumina ja narekuvaat ova teritorija Juzna Srbija. Znaci, vie ste PROBLEMATICNI, bidejki imate problemi i ve osporuvaat SITE SOSEDI. Zatoa, ne treba nikakov komentar ...Ve zalam...
Од: lile
Датум: 12.06.2008 16:47:10
do Aleksandar Petkovski se soglasuvam skoro kompletno so vas, osven po edna tocka-na Zapadot ne mu e bas jasno koj e koj, a na onie koi im e jasno im e vsusnost seedno i ne se macat mnogu da ne dferenciraat.
Од: od german
Датум: 12.06.2008 17:40:33
ovoj mahi nesimi saka sega da se prilubi kon ali ahmeti od kako se vratil od ambasadoruvanje vo hrvatska.Gi poznava nestata se razbira kako student od partiskata skola vo Kumrovec.Albancite imaat drugi kadri koi se kompetentni da go digaat glasot protiv makedonskite nepravdi
Од: sladj
Датум: 12.06.2008 19:36:54
Azeme, me naezi tvojot komentar!! So takvi Albanci Makedonija nema problem, ima so tie od tipot na G-dinot Nesimi. Navistina sramno, namesto da povikuvate na zdrav razum i sozivot, koj realno i moze da se postigne, vie samo gi potpaluvate niskite strasti. Sramno, sramno, sramno!!!!
Од: filip
Датум: 12.06.2008 20:40:09
kolku 6to pro4itav ima6e del kade 6to se veli deka nie Makedoncite imame cel da gi prikazeme site negativni strani na Albanskoto mnozinstvo na Svetska javnost.Pa dobro kakva korist imame nie od toa,koga slikata se kreira za celata teritorija,za siot narod koj zivee.Toa zna4i deka nie namerno sakame da ne vlezeme vo EU.A ako sakate posluzete se so podatocite od anketite kade 6to nad 90 % od naselenieto saka da vleze Makedonija vo EU.Toa zna4i deka i golem procent od albanskoto naselenie e ZA.
Од: selam
Датум: 12.06.2008 23:40:06
se çudam kolku makedoncite go mrazat albanskiot narod i se i se$to si pi$uvaat edno da ve pra$am vie koi ja poznavate istoriava ?jas $to imam uçeno na makedonski znam deka vie ste dojdeni od pozadi karpative i toa vo krajot na 6 vek epa nemozete da bidete iliri oti nie sme edno ke vi kazam ili ke treba da ziveeme ravnopravni vo ava drzava ili ke ja snema itoa ne so krivica na albancite tuku so va$a e toga$ pirinite so bugarija egejcite so grcija a zanas albancite nesi imajte gajle sami ke opstojuvame kako drzava, pa i ova ne e çudno eden lider veke se naoga vo bugarskiot parlament ke se najde i nekoj za grcija OPAMETETESE lugeee ili keve snema na ova planeta !!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: d-dorf
Датум: 13.06.2008 03:48:21
Provokativno mislenje imasGos.Nesimi, navistina ti uspea da go opipas pulsot megu Mk .citateli(hahaha) Pogolemiot broj na citatelite od tvoeto "mislenje" im se digna pritisok, i pocnaa da razmisluvat za Albancite i nivnite potrebi. Siguren sum deka i ti samiot ne mislis taka, ama vreminjata se takvi i treba nesto da napises sto ne mislis ( sepak vo prasanje e honorar za naopisanoto)!!!, kritukuvajki ne nas Mk. deka ne gi znaeme Albancite, zaboravi samiot sebe da se prasas , dali ti samiot gi poznavas Albancite i nivnite potrebi i stremezi.. ah, ja i nivnite razmisluvanja (hahaha).
Од: phoney
Датум: 13.06.2008 04:14:39
Ako so nishto drugo, barem so naslovot se soglasuvam...Ne se problemot na makedonija site albanci, tuku albancite shto razmisluvaat kako Vas!!! (a toa se 95% ). Vo liceto od slikata Vi se gleda deka ste zloben covek poln so omraza. Ne prifakjam da razgovaram , da se druzham , da zhiveam, da koegzistiram so agresivni , prosti, polni so gnev i omraza sushtestva. Izgubiv nervi da chitam do kraj sechii gluposti...kako na Vas ne vi zaleta (ili pogodi ) eden kurshum na glasanjeto, pa da ve videv dali kje sakavte vo Debar ili Aerodrom (kaj shto se makedoncite koi shto bile izvor na problemite) da glasate. Da vi go objasnam toa shto so BOLD bukvi ste go napishale kako voved. Makedoncite mnogu ubavo gi RAZBIRAAT albancite... 1. nivnite potrebi - teritorii, krvoprolevanje, pari; 2. kvaliteti - preprodavanje, trgovija so lugje; 3.razmisluvanja - kako da gi unishtam site ostanati etnikumi na ova parche zemja (ako treba i nekoj nash kje utepam) 4. stremezhi - GOLEMA ALBANIJA
Од: saso
Датум: 13.06.2008 04:38:40
Me interesira kade gospodinot ja vide sivilizacijata kaj toj narod,Dali vo kamenuvanjeto na vozovite sekoj den ili na JSP,ziveam vo Cair i za zal sekoj den ja gledam taa bostan civilizacija,novata fontana ke vi pokaze so kogo imate tamu rabota kolkav ke i bide vekot.Mozebi za narod koj zivee so krvna odmazda mu treba uste mnogu da se narece civiliziran,decata vo skolo bez nikakvo znaenje 5,5,5, samo da gi ima povise,nikogas nema da ja dostignete civilizacijata na hristijanskiot svet.A za toa ne ste krivi.
Од: pameten
Датум: 13.06.2008 06:47:39
Aleksandar:" Не може Албанците да се конститутивен народ во Македонија" Ne mozhe da ima konstituitivni narodi! Ovo e Jugoslovenska glupost i videvme shto se sluchi so takvi ustavni liuila. Makedonskata nacija mora da bide sostavena od site gragjani na Makedonija. Bez etnichki partii. Eynichkata pripadnost mora da bide privatna rabota. Makedonski Albanec, Makedonec (koj veruva da poteknuva od antichnite Makedonci ili od Bugarite, ili od Slovenite,) Makedonski Vlav... Mislite ovo da e nemozhno? Vo 1913 g. vo Ohridskoto vostanie cheti od dedovcite na deneshnite Makedonci i Albanci zaedno se borele protiv Srpskiot okupator.
Од: igor
Датум: 13.06.2008 12:00:51
Gospodine Nesimi. Neciviliziranosta i sindromot na razmazeno dete na albancite vo Makedonija go raznisuvaat vestackiot i nametnat Ohridski dogovor. Poslednite slucuvanja okolu izborite samo ja preslikuvaat vistinskata slika na albanskata politika na destrukcija. Vie i vasite sonarodnici ne ste sposobni da ziveete vo civilizirana zemja. Namesto da pokazuvate so prst, stavete si go na glava i dobro razmislete, kade ja terate ovaa zemja.
Од: alban do site koj se protiv albancite
Датум: 13.06.2008 12:31:23
dali znaete kolku diskriminirani bevme,nemavme pravo da se shkolluvame na albanski,nikakvi investici vo zapadna mk,policijata beshe protiv lugjeto shto bara izlez od ova komunisticki mentalitet a sorabotuvashe so kriminalni grupi gi upotrebuvashe kako shpioni,sega situacijata isto taka ne dobra so decentralizacijata ushte neste pocnale,nikakva investicija,gi podrzhuvate nashite kriminalci namesto da gi uapsite za da go zashtitite naselenieto.
Од: imer,minhen
Датум: 13.06.2008 13:27:24
Albancite vo MKD se najpopullarni Vo Svetot.Nobelovcite Majka Tereza i Ferid Murati od Gostivar,Sportistite Shaban Trstena,Shaban Sejdiu,Azis Salihu i Enver Idrizi od Skopje,dodeka za zhal nema nieden makedonec na vakvi dostignuvanja vo zhivotot
Од: vrves
Датум: 13.06.2008 13:54:15
Prvo vo 1990 presedatel na R.Makedonija bese Starova(makedonski etnicki albanec).Vtoro ti vo toa vreme bese urednik na albanskata redakcija pri RTS (MTV).Ukinuvanjeto na srednite ucilista vo toa vreme bese pod direkna kontrola na albanskite ekstremisti koi sakaa da predizvikaat nemiri vo Makedonija.Ti togas (proverisi gi natpisite),za da gi polzuvas blagodetite od makedonskoto opsestvo gi kodosese albanskite intelektualci, bideki ti si so niska intelektualna svest(od zavist).Stana ambasador ilizaboravi kakvi gluposti tesese vo diplomatijata.Sega koristis antimakedonski vesnik i siris omraza.Dobroupatenite albanci dobro znaat kakvi problemi im imas napraveno i ziani na nivnite semejstva.Zatoa se cudam kako e mozno da ti se otstapuva uste prostor vo makedonskiot eter.Do agresivnite albanci eden pozdrav Makedonija e drzava ,bila i ke bidi.dali ke se slucat prekrojuvanja na granicite ke kazi idninata.Amerikanskata administracija ja podrzuva R.Makedonija oladete malce nisto ne ni mozite!
Од: mitko
Датум: 13.06.2008 14:07:07
pa ovoj kosovar neka odi vo kosovo ili albanija pa neka gi uziva site prava,koga misli deka takvi nema vo makedonija
Од: igor
Датум: 13.06.2008 14:44:57
1. Ne e nikoj kriv osven samite albanci za neuspeshnite izbori (barem del od niv )2. Zaborava novinarot da kaze deka vo 6-ta iz.edinica 90% od policijata e sostavena od albanci i tuka ne spagaat samo obicni policajci tuku i nachalnici alfi tigri bla bla i sto ne drugo 3. faktot deka vo zapadniot del od Makedonija caruva mafija si e fakt a pisatelot moze da naoga krivci pravednici kolku mu dusha saka.4 a albancite se kulturen narod kolku i site drugi balkanci.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Пред се', потребни се мирни избори
Цел Врховен суд одлучува за изборните жалби
Оружјето е закана и кога не се употребува
Има ли излез од „изборната дупка“
Зденко
Атина го слушна Фрчкоски
Министри - чувари!
Новата Влада со старите министри од ВМРО-ДПМНЕ
Владата сака да реализира ветувања со дивиденда од „Телеком“
Аман, нека завршат изборите
Заканите на ДУИ и на ДПА - кривични дела
Брисел бара уште апсења и мирни избори в недела
Verbatim