Весниците од „Перо Наков“ продолжуваат со работа
 
   
28.06.2011, 15:54 
Весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, иако со потешкотии, со сигурност ќе излегуваат додека има залихи хартија.
  Од издавачот „Плус продукција“ информираат дека весниците во наредниот период ќе бидат со намален број на страници и само во црно-бел печат. 
  Неофицијалните проценки се дека материјал за печатење има до следната недела. 
  Иднината на весниците познати по својот критички став кон власта е неизвесна откако вчера управата за приходи испорача извршно решение за продукцијата, со кое побарува еден милион евра наводно затаен данок. 
 
 
 
 
   |