Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

„Тигри“ ги спасиле Финците

Туристите не носеле спасувачки појаси. За влакно била избегната голема несреќа

БИТОЛА - „Тигри“ ги спасиле финските туристи од невремето во Преспа. За влакно и во вистински момент била избегната голема несреќа. Жителите на Преспа велат дека двата чамца со туристи од островот Голем Град ги носел силен ветер кон Грција. Овие гости не носеле спасувачки појаси, нагласуваат од полицијата.

Вработени од туристичката агенција „Лале турс“ од Охрид, кои се организатори на турата на Финците до Преспа, велат дека целата организација била по желба на клиентите. Меѓутоа, сопственикот на агенцијата категорично одбива да зборува за настанот, под изговор дека би можел да биде злоупотребен, како што рече, за сензационални вести. Сепак, признава дека бил повикан во полиција.

Пред почетокот на туристичката сезона во Преспа и по овој настан голем број прашања остануваат отворени. Пред се', колку се безбедни туристите на копно и во вода. Потоа колку се безбедни пловните објекти? Дали се почитуваат сите мерки за безбедност?

Преспанци велат дека без добро познавање на езерото секој и��лет во него е ризик за животот.

Припадници на единицата за специјални задачи на МВР случајно се нашле во спасувачкиот тим откако полицијата од Стење, која била повикана од туристите, за помош побарала асистенција и од „тигрите“. Специјалците веќе неколку недели биле на обука во Преспа, сместени во камповите на МВР, на брегот на туристичката населба Крани.

Спасувањето на осумтемина туристи, државјани на Финска, и двајца Македонци траело повеќе од два часа во водите на Преспанско Езеро. Според полициски информации, спасувачката драма се случила ноќта во саботата спроти неделата. Странците со два метални чамца попладнето во саботата биле однесени на островот. Но, по обиколката на културните знаменитости - христијанските храмови, доцна вечерта ги фатило невреме, а силниот ветер од северозападен правец предизвикал големи бранови. На копно биле однесени дури во неделата рано изутрина во 2,40 часот.

„Екипата од десет луѓе не можеле да се вратат на копно поради силниот ветер и големите бранови. Ги фатило паника. Повикале полиција, а асистирале и „тигрите“ лоцирани во Крани. Двете полициски екипи успеаја безбедно да ги извлечат туристите. Според мои информации, туристите не носеле појаси за спасување на себе“, рече Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР - Битола.

Од туристичката агенција „Лале турс“ не беа расположени да зборуваат за настанот. Сопственикот Димитри само кратко одговори дека се' е покриено преку агенцијата. Но, и тоа дека има други установи и инспекции што би го потврдиле тоа.

Жителите на Преспа со голем интерес и возбудување раскажуваа и прераскажуваа за настанот. Предупредуваат дека прошетките по езеро, но и самото капење во подлабоките води е ризик ако нема придружба од преспанец што добро ја познава областа. Преспанското Езеро е познато по подземните струи, кои беа причина за голем број давења во езерото. Искусните рибари велат дека безбедноста во езерото со пловен објект зависи најмногу од ветрот.

„Странските туристи беа изложени на голем ризик за нивниот живот, бидејќи дента дуваше ветер од северен правец. Тоа значи дека ветерот предизвика големи бранови и во невремето ги носеше чамците кон Грција, накај Нивици. Ситуацијата не била едноставна. Два и пол часа полицијата со „тигрите“ се обидувала да ги спаси луѓето“, вели Љупчо Колунџиевски, рибар од селото Езерани. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 2854 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 28.06.2011 00:16:17
Arno ne gi nagoftale.
Од: Od fakelaki
Датум: 28.06.2011 00:52:17
Nepismen Narod slaba Drzava pred nekoja godina so brodot vo Ohrid kolku luge se isdavia i pak nema propisi ni pojasi za spasauvanje ni camci so sigurnost ne vlezi vo ogan da nese izgores...........
Од: ak47
Датум: 28.06.2011 02:06:00
Ova se tie istite tie Tigri koi treba da gi rasformirame bidejkji bile brutalni?
Од: marjan.pp
Датум: 28.06.2011 07:10:49
koga stasaja od sk. tigrite,aj ve molam,ili ova e tekst za ,,rehabilitacija''
Од: Зевзекмен
Датум: 28.06.2011 08:10:11
не иде Тигри за у вода, за тоа треба специјална единица Крапои или Видри најубаво
Од: Mila
Датум: 28.06.2011 08:14:22
Marjan go procita tekstov ziti majka ......
Од: dzingis
Датум: 28.06.2011 08:17:36
sho majka barale be tie u mrkli mrak da go razgleduvaat ostrovot??
Од: deli
Датум: 28.06.2011 08:28:23
Debata se vodi za dve raboti: 1. spasuvanje na turisti i 2. "tigri". Po moe mislenje, turistite bea spaseni od LUGE a za toa i treba da im se iskaže blagodarnost i pofalba. Tigri, lavovi, , zmii, akrepi, krokodili... neka ostanat tamu, kade što pripagjaat, vo džunglata itn.. Razni nazivi - konkretno naprimer "tigrite" - predlagam da bidat UKINATI.
Од: Jani Bitola
Датум: 28.06.2011 08:38:29
Do marjan.pp Abe batka prvo procitaj ubo ...nepismen eden ...Tigrite bilo vo toa vreme vo kampovite vo Krani na pripremi a ne bea vo Skopje pa otamu dojdoja...Po, po, po prosta masa nemozam da se iznacudam !!!
Од: ena
Датум: 28.06.2011 09:18:44
Do marjan pp Go procitavte li tekstot pred da napisete komentar? Ili samo znaete da kritikuvate i togas koga e nesto pozitivno.Ubavo pisuva deka bile na obuka vo Krani. Ova pokazuva deka specijalni edinici i se potrebni na sekoja zemja. Se sluci nemil nastan, obvinetiot e vo zatvor, si ima istraga i ne gledam veke potreba ova ponatamu da se politizira
Од: uvce
Датум: 28.06.2011 09:47:27
Marjan.pp,nauci da citas celi tekstvovi-Специјалците веќе неколку недели биле на обука во Преспа, сместени во камповите на МВР- rehabilitiraj se prijatele
Од: stranec
Датум: 28.06.2011 10:49:33
Konecno Tigrite da napravat dobro delo i odma na naslovna.Koj ke go vrati zivotot na mladoto momce koe brutalno go pretepa takov kako sto se ovie tigri.Nemojte ve, molam vo edna demokratska drzava na ulica takvi sverovi ne se nadvor i ne ni trebaat ,nie sme miren narod.A za neposlusni gragani treba da raboti sudstvoto taka e ka j nas vo Evropa sto privremeno rabotime i zakonot e za site ist ne e podelen na VMROVCI I SDSMOVCI kako sto e kaj nas.Vladata raboti za cel narod bez razlika koja opcija ja simpatizira,a zakonot e ist za site.
Од: Поитар Пејо
Датум: 28.06.2011 11:30:08
``koga stasaja od sk. tigrite``Прочитај ја статијата пред да коментираш Марјан,или не си писмен до толку.
Од: Ane
Датум: 28.06.2011 11:39:06
More imale srekja fincite shto kjutek ne dobile :)
Од: kate
Датум: 28.06.2011 12:04:03
вадете ги тигрите сега лепете им демек добри дела. џабе е пак се истите!
Од: k2
Датум: 28.06.2011 13:01:02
Demonstracii pak...sega sorosoidite da protestiraat sto policajcive bile dobri.....
Од: баба Бота
Датум: 28.06.2011 13:52:32
Им рекле на финците: ако се удавите, ќе ве утепаме од ќотек и затоа овие не се удавиле, од страв.
Од: site protiv marijan pp
Датум: 28.06.2011 16:14:11
I sega sto praime ... lelllee marijan ne go procital tekstot, site vrz nego , ovaa e navistina pozitivna rabota. Abe odite malce zbrknite rabota lugje ne samo dremite po stabovi. koja pozitivna rabota , sto spasile li stranski drzavjani... aham ... i sega da go zaboravime skopskiot mladic cij zivot zgasna od racete na "spasitel" nemojte taka, nisto APSOLUTNO nisto ne go promenuva faktot sto ima nestabilni licnosti vo taa edinica i sto NEKOJ treba da si snosi odgovornost .pozdrav4e i ramislite si pred da ostavate komentar za napisanovo ...
Од: da
Датум: 28.06.2011 16:30:56
zosto moraat da napisat deka gi spasile bas "tigri".neka napisat policija deka gi spasila.

Најди! во Утрински
Насловна
Нови имиња во новата влада
Доксијадис, Танге и недовршените реченици
Згаснуваат „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Македонија може
Зошто нема среќа во љубовта?
Пеколни протести на улиците во Атина
Стресот убиец на срцето
Руската манекенка се разведува
Груевски доби мандат да формира нова Влада
Дневник на интелектуалецот во егзил
Весниците од „Перо Наков“ продолжуваат со работа
Александар ја згази економијата
Македонија ги исполнува стандардите за борба против трговија со луѓе
Не одете во Грција преку Богородица
Рен
Карикатура
Просечна бруто-плата за април 30.172 денари
Стол
Бе­ле­ти ја за­вр­ши ка­ри­е­ра­та
Почнува поставувањето на споменикот на Цар Самоил
Онлајн вести

"""