|
|
|
|
|
|
Поглед
Стресот убиец на срцето
Маја Томиќ
Македонците ги боли срцето. Не се среќни, а само среќен човек е здрав. Но, како да се биде радосен во земја во која животот станува се' покомплициран. Како природна реакција на невработеноста, на социјалната неизвесност, на беспарицата и на неможноста финансиски да се истурка месецот, здравјето страда. Нервите се активираат и го блокираат нормално функционирање на организмот. Така болестите напаѓаат, логично, најбрзи се кардиоваскуларните.
И статистиката потврдува дека во Македонија масовно се умира токму од инфаркти и од мозочни удари. Во просек годишно умираат по 10 илјади граѓани, што е 60 отсто од смртноста. Од околу 20 илјади лица што починале во минатата година најголем процент биле поради болести на циркулаторниот систем.
Многу загрижува фактот дека се намалува старосната граница на срцевите болни. Се' повеќе млади на возраст од 30-ина или помалку години доаѓаат во болница со акутни инфаркти. И докторите се зачудени, велат, во поранешни години тоа било вистинска реткост и од срце боледувале само постари, изнемоштени лица.
Очигледно, времињата се сменети на полошо. Работите ќе продолжат во тој правец се' додека не се смени економско социјална состојба, но треба и самите малку повеќе да си помогнеме. Лекарите советуваат, за да го зачувате своето здравје, не пушете, не пијте, шетајте, јадете повеќе зеленчук и овошје и не нервирате се, односно избегнувајте стрес. Ако ништо не помогне, побарајте стручна помош.
Дел од препораките се применливи. Но, што да правиме со стресот што е главниот убиец на срцето? Како да избегнеме не се потресуваме ако сме без работа или ако сме останале без работа или ако работиме за 200 евра месечно и не знаеме кои животни техники да ги примениме за да го прехраниме семејството, да ги платиме сметките и што ли уште не... |
#
|
Статијата е прочитана 1754 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: evropa |
Датум: 28.06.2011 01:26:05 |
|
ova statija nee tocna i nee naucna od stres dobivat infarkt 1% a drugite se od nezdrav zivot te nepravilna ishrana i nedovolna aktivnost te seker,trigliceridi,pritisok....od siromastija najmalku se dobiva infarkt i tie ludje se vsusnost i najzdravi. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan-Trade Name |
Датум: 28.06.2011 05:09:38 |
|
Interesanten napis,ama izostana Recepturata Rx.Neli nasite Lugje-Nie, od Vaj Kada znaea-znaevme, za Svetite Mesta,Bozii lekuvalista;Manastiri,Sveti Vodici,Sv.Gora,Erusalim, SvetataZemja i mnogu drugi.sto treba da si odat na Poklonenie-Azaluk,za da nema bolovi i ,,Moderni Bolesti".Eve sega Ne morame da lutame po svetot ,Sv Aleksandar Makedonski Aleksandriski e vo centarot na Skopje, i ne samo toa,Toj e na Konj! Odete Zamolitese i Prekrstitese,i Toj Sveti Konjanik Voin, bez Sedlo, ce vi gi izleci ,site Vasi i Nasi Boleduvanja, i Oprosti so negovata molba,pred Boga za nasite Sogresenija!! |
|
|
|
|
|
|
Од: мене |
Датум: 28.06.2011 10:34:33 |
|
Не ми се верува. Ова ти е чиста глупост, народе. Стресот...Пишете дека за разлика од порано, сега младите не се движат, јадат од мекдоналдс, дека не пешачат, дека сите изнакупија коли и мотори и никој не оди пешки до работа, дека спијат до 2 саата и никој не оди на пазар по зеленчук, туку јадат тостови. А стрес имало одсекогас. И дедо ми се нервирална 30 годиниоти немал кај да зивее, оти немало кај да ги стави децата да спијат, оти немале пари за млеко. Текстов е само да се пише нешто. |
|
|
|
|
|
|
Од: mirce |
Датум: 28.06.2011 11:17:48 |
|
Organizmot funkcionira na relacii na normotonus i psihomotorna aktivnost. Ako organimot se izmesti od normotonus i normofunkcii i ne mo`e povtorno da se vrati, se sozdava sostojba na hroni~en stres odnosno sostojba na stalna neefektivna aktivnost koja go iscpuva i povreduva i so tekot na vreme sozdava brojni bolni sostojbi (polimorbidija). Postoi racionalen stres koj ja ovozmozuva egzitencijata na covekot i prestavuva pozitivno iskustvo. No postoi i iracionalen stres koj e rezultaat na negativnite proceni na nesozreaniot, needuciraniot i neskusen intelekt, koj se kumuliraat vo tekot na zivotot i gi sozdavaa kompleksot na bolni sostojbi i rastrojstva vo organizmot. Za niv sovremenata medicina nema kauzalen lek i uporno drzi do simptomatska terapija koja ne go zapira razvojniot proces, toksi~no deluva na organizmot i sozdava naviki na zavisnost. Tie interrelaciski odnosi kade intelektualnite odluki se od kapitalno zna~ewe za zal, zdravstvenite sistemi i avtoriteti uporno gi otfrlaat |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 28.06.2011 14:37:35 |
|
Дедоми Трпе бил на лекар,го болело срцето.Лекарот му препорачал да не јаде веке масно(маст) а да јаде повеке посно месо,овошје и зеленчук.И на времето тие биле скапи во споредба со свинското месо и маста.Дедоми му кажува на лекарот неколку пати дека неможе.Го прашал лекарот зошто неможе.Дедоми му одговорил,дека неможе затоа што нема париииии....А стресот како да го одбегнуваме кога и нашите генераци си живеат многу убаво и срекно.Во 21 век живеат со родителите со ниски примања(ако имаш работа) а потреби многу поголеми од порано.Ние преживуваме некако а не живееме квалитетно.За спортување треба и квалитетна храна,со празен стомак не се спортува во изградените сали.Треба посебна квалитетна храна.А и на велосипедот му треба квалитетно гориво.Освен ако не се користи само како потпирач.Но треба пешки да си шетаме околу спомениците и да се молиме за спокој.Стресот ке се намали а нема потреба од квалитетна храна доволно е и еден геврек.Заборавив и тестенините се штетни.И сега..... |
|
|
|
|
|
|
|
|